ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb24 Јули стр. 8-9
  • 29 јули — 4 август

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 29 јули — 4 август
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
mwb24 Јули стр. 8-9

29 ЈУЛИ — 4 АВГУСТ

ПСАЛМ 69

Песна 13 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

Исус ги истерува трговците и нивните животни надвор од храмот.

1. Настани од животот на Исус кои биле проречени во Псалм 69

(10 мин.)

Луѓето го мразеле Исус без никаква причина (Пс 69:4; Јвн 15:24, 25; w11 15/8 11, пас. 17)

Исус бил ревносен за Божјиот дом (Пс 69:9; Јвн 2:13-17; w10 15/12 8, пас. 7-8)

Исус доживеал голема емоционална болка и му дале да пие вино помешано со жолчка (Пс 69:20, 21; Мт 27:34; Лк 22:44; Јвн 19:34; g96 8/3 31, пас. 4; jy 298, пас. 2)


ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Зошто Јехова вклучил пророштва за Месијата во Хебрејските списи?

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 69:30, 31 — Како овие стихови може да ни помогнат да си ги подобриме молитвите? (w99 15/1 18, пас. 11)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Пс 69:1-25 (th лекција 2)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Стрпливост — што направил Исус?

(7 мин.) Дискусија. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа дискутирајте за lmd лекција 8: точки 1-2.

5. Стрпливост — следи го примерот на Исус

(8 мин.) Дискусија на темел на lmd лекција 8: точки 3-5 и „Прочитај и“.

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 134

6. Потреби на собранието

(5 мин.)

7. Како може Семејната вечер да биде интересна и корисна

(10 мин.) Дискусија.

Слики: 1. Еден татко однапред се подготвува за Семејната вечер. 2. Подоцна, таткото предводи на Семејната вечер која ја има со својата сопруга и трите ќерки.

Во јануари 2009 год., Собраниското проучување на книга, Теократската школа за служба и Состанокот за нашата служба беа споени во еден состанок. Ова им даде можност на семејствата секоја седмица да имаат Семејна вечер посветена на Јехова на која ќе проучуваат нешто што самите го избрале. Многумина изразиле ценење за Семејната вечер затоа што им помага да се зближат со Јехова и еден со друг (5Мо 6:6, 7).

Кои се некои работи што може да им помогнат на семејните поглавари да ја направат Семејната вечер интересна и корисна?

  • Труди се редовно да ја одржувате. Ако е можно, одреди во кое време секоја седмица ќе ја одржувате Семејната вечер. Одреди кој ден ќе ви биде резервен доколку се случи нешто неочекувано.

  • Подготви се. Прашај ја твојата сопруга за предлози, а понекогаш и твоите деца. Не мора да трошиш премногу време за да се подготвиш, особено ако семејството сака да правите некои слични работи секоја седмица.

  • Приспособи ја Семејната вечер на потребите на твоето семејство. Како што децата растат, нивните потреби и способности се менуваат. Семејната вечер треба да му помогне на секој член од семејството уште повеќе да се зближи со Јехова.

  • Погрижи се да има пријатна и опуштена атмосфера. Понекогаш, ако времето е убаво, размисли дали би можеле да проучувате надвор. Кога е потребно, правете паузи. Иако е добро да разговарате за конкретни проблеми со кои се соочуваат твоите деца, сепак немој да ја користиш Семејната вечер за да ги критикуваш или за да ги укоруваш.

  • Правете различни работи. На пример, на една Семејна вечер би можеле да се подготвите за еден дел од следниот состанок, да гледате некој видеоклип од jw.org и потоа да разговарате за него, како и да вежбате презентации за служба. Иако заедничките дискусии треба да бидат најважниот дел од Семејната вечер, секој член од семејството би можел да одвои време и за лично проучување.

Разговарајте за следново прашање:

  • Како си се обидел да ги примениш овие работи кога станува збор за вашата Семејна вечер?

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) bt погл. 13, пас. 8-16, рамка на стр. 105

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 114 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели