Песна 59 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
1. Раскажувај му на следното поколение за Божјата моќ
ПРАШАЈ СЕ: „Кој долгогодишен слуга на Јехова од собранието би сакал да го интервјуираме за време на Семејната вечер?“
2. Духовни бисери
Пс 72:8 — Како ветувањето што Јехова му го дал на Авраам запишано во 1. Мојсеева 15:18 се исполнило за време на владеењето на цар Соломон? (it -1-E 768 )
Твојот одговор
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
Твојот одговор
3. Читање на Библијата
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Ако лицето почне да се расправа, заврши го разговорот на позитивен начин. (lmd лекција 4: точка 5 )
5. Правење повторни посети
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Продолжи го разговорот со некој роднина кој се колеба да ја проучува Библијата. (lmd лекција 8: точка 4 )
6. Објасни ги своите верувања
ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
7. Што може да правите на Семејната вечер
Семејната вечер е важна прилика во која децата може да бидат поучени од Јехова и „да го усвојат неговиот начин на размислување“ (Еф 6:4 ). За да се научи нешто ново, потребен е труд. Но тој процес може да биде интересен, особено додека децата развиваат желба за библиските вистини (Јвн 6:27; 1Пе 2:2 ). Спомни некои мисли од рамката „Идеи за Семејната вечер “ во која има предлози за тоа како може родителите да ја направат Семејната вечер поучна и интересна. Потоа, прашај ги присутните:
ИДЕИ ЗА СЕМЕЈНАТА ВЕЧЕР
БИБЛИЈА:
Прочитајте го на глас материјалот што е предвиден за седмичното читање на Библијата, и притоа сите нека прочитаат по еден дел. Секој член на семејството би можел да ги чита зборовите на различен библиски лик
Како семеен поглавар или како родител, однапред подготви прашања за седмичното читање на Библијата. На Семејната вечер, секој член на семејството нека избере по едно прашање и нека истражува за него. Потоа, секој може да сподели што научил
Поставете прашање, спомнете некој проблем или некоја тешкотија со која би можеле да се соочите, а потоа побарајте соодветни библиски начела во публикацијата Библиски стихови за нашиот живот
Одглумете некој настан од Библијата
Секоја седмица, направете картички со различни библиски стихови, како на пример со стиховите од Додатокот А во брошурата Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог , и потоа обидете се да ги запомните тие стихови. Проверете дали сте ги запомниле стиховите од претходните седмици
Проучувајте некој дел од книгата Радувај му се на животот засекогаш
Замоли ги членовите на семејството да изберат некоја статија од категоријата „Одговор на библиски прашања “ која се наоѓа во делот БИБЛИСКИ УЧЕЊА на jw.org и да раскажат нешто за неа
СОСТАНОЦИ:
Подгответе се за некој дел од собраниски состанок
Подгответе коментари и вежбајте ги наглас. Обрнете внимание на времетраењето
Вежбајте теократски песни
Разговарајте и вежбајте што да кажете за да охрабрите некој пред или по следниот состанок
Доколку некој од вас има приказ или читање на Библијата, нека го вежба пред останатите членови на семејството
СЛУЖБА НА ПРОПОВЕДАЊЕ:
Подгответе се за служба од куќа до куќа
Подгответе се за вашите повторни посети
Замислете некоја ситуација во која би можеле да посведочите неформално, а потоа вежбајте како би можеле да започнете разговор на пријателски начин
Разговарајте за конкретни цели кои ќе ви овозможат да правите повеќе во службата во периодот околу Спомен-свеченоста, или пак кога сте на одмор од работа или кога децата се на училиштен распуст
ПОТРЕБИ НА СЕМЕЈСТВОТО:
Вежбајте како би можеле да постапите во ситуација која веќе се појавила или која би можела да се појави, како на пример ситуација која е поврзана со неутралност, малтретирање, врска со спротивен пол или празници и прослави
Одглумете различни ситуации во кои децата ќе бидат во улога на родители. Децата треба да истражат некоја тема, а потоа да им помогнат на родителите да го разберат тоа
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДЛОЗИ:
Гледајте нешто од JW Broadcasting® и потоа дискутирајте за тоа
Прочитајте некоја статија или гледајте некој видеоклип од jw.org, и потоа разговарајте за тоа
Разгледајте нешто од категориите „Млади “ или „Деца “ кои се наоѓаат во делот БИБЛИСКИ УЧЕЊА на jw.org
Разгледајте ги белешките од некој конгрес или од некој собир
Набљудувајте ја природата и зборувајте за она што може да се научи од неа за Јехова
Понекогаш, поканете некого на вашата Семејна вечер и интервјуирајте го
Поставете си духовни цели и разговарајте како би можеле да ги остварите
Работете на некој заеднички проект, како на пример изработување макета, карта или графикон
8. Собраниско проучување на Библијата
Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 123 и молитва