Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2024 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
18-24 НОЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 107 — 108
Духовни бисери
it-2-E 420, пас. 4
Моав
Подоцна, кога и самиот Давид владеел како цар, Израелците и Моавците биле во војна. Моавците биле целосно потчинети и морале да му плаќаат данок на Давид. Се чини дека на крајот од војната, две третини од моавската војска била убиена. Изгледа дека Давид наредил Моавците да легнат на земја еден до друг. Потоа дал да се измери редот за две третини да се погубат, а една третина да остане жива (2Са 8:2, 11, 12; 1Ле 18:2, 11). Веројатно, во истата таа војна Венај, синот на Јодај, ги убил „двата сина на Ариел Моавецот“ (2Са 23:20; 1Ле 11:22). Со оваа решавачка победа на Давид над Моавците се исполнило пророштвото на Валаам кое било изречено пред повеќе од 400 години претходно: „Ѕвезда ќе излезе од Јаков, жезол ќе се подигне од Израел. Тој ќе му ги разбие слепоочниците на Моав, и черепот на сите воинствени синови“ (4Мо 24:17). Исто така, се чини дека во поврзаност со оваа победа, псалмистот напишал дека, за Бог, Моав е „сад во кој ќе си ги [измие] нозете“ (Пс 60:8; 108:9).
9-15 ДЕКЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМ 119:1-56
„Како младиот човек ќе го зачува чист својот пат?“
w87-E 1/11 18, пас. 10
Дали се трудиш да останеш чист во секој поглед?
10 Во Ефешаните 5:5, Павле го дал следново предупредување: „Зашто, ова го знаете и добро разбирате дека ниту еден блудник или нечист или лакомец — што значи дека е идолопоклоник — нема наследство во царството на Христос и на Бог“. Сепак, секоја година илјадници се укорени или исклучени поради сексуален неморал — грев „против своето сопствено тело“ (1. Коринќаните 6:18). Честопати, тоа се случува затоа што едно лице не „внимава на себе според [Божјата] реч“ (Псалм 119:9). На пример, многу браќа не остануваат будни во морален поглед кога се некаде на одмор. Затоа што не се во друштво на браќа и сестри, тие склопуваат пријателства со други луѓе кои исто така дошле на одмор. Бидејќи сметаат дека се „навистина пријатни луѓе“, некои христијани заедно со нив учествуваат во активности со кои би можеле да го доведат во опасност своето пријателство со Бог. Други, пак, премногу се спријателуваат со колеги од работа. Еден христијански старешина станал толку близок со една своја колешка поради што го напуштил своето семејство и почнал да живее со неа. Поради тоа, бил исклучен. Колку се вистинити следниве зборови од Библијата: „Лошото друштво ги расипува добрите навики“! (1. Коринќаните 15:33).