ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr24 Септември стр. 1-3
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември — октомври 2024

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември — октомври 2024
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2024)
  • Поднаслови
  • 2-8 СЕПТЕМВРИ
  • 9-15 СЕПТЕМВРИ
  • 16-22 СЕПТЕМВРИ
  • 23-29 СЕПТЕМВРИ
  • 14-20 ОКТОМВРИ
  • 21-27 ОКТОМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2024)
mwbr24 Септември стр. 1-3

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

© 2024 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania

2-8 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 79 — 81

Духовни бисери

it-2-E 111

Јосиф

Името Јосиф било истакнато. Со оглед на тоа што Јосиф имал истакната положба помеѓу синовите на Јаков, било најсоодветно тоа што понекогаш неговото име се користело за да се укаже на сите племиња на Израел (Пс 80:1) или на оние кои биле вклучени во северното царство (Пс 78:67; Ам 5:6, 15; 6:6). Неговото име исто така се среќава во библиски пророштва. Во пророчкото видение на Езекиел, Јосиф добива двоен дел како наследство (Езе 47:13), една од портите на градот „Јехова Е Таму“ го носи името Јосиф (Езе 48:32, 35) и, кога се спомнува обединувањето на Јеховиниот народ, за Јосиф се зборува како за поглавар на едниот дел од народот, и за Јуда како за поглавар на другиот дел (Езе 37:15-26). Пророштвото на Авдија укажувало дека „домот на Јосиф“ ќе учествува во уништувањето на „домот на Исав“ (Авд 18), и пророштвото на Захарија истакнувало дека Јехова ќе го спаси „домот на Јосиф“ (Зх 10:6). Наместо Ефрем, Јосиф се спомнува како едно од племињата од духовниот Израел (От 7:8).

Фактот дека Јосиф е спомнат во Откровение 7:8 покажува дека пророштвото што Јаков го кажал пред да умре ќе имало исполнување на духовниот Израел. Затоа, вредно е да се забележи дека силата на Јаков, Јехова Бог, го дал Исус Христос како добриот пастир кој го положил својот живот за овците (Јвн 10:11-16). Исус Христос е и аголниот камен-темелник врз кој лежи Божјиот храм кој се состои од духовни Израелци (Еф 2:20-22; 1Пе 2:4-6). Овој Пастир и овој камен е со Семоќниот Бог (Јвн 1:1-3; Де 7:56; Ев 10:12; спореди со 1Мо 49:24, 25).

9-15 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 82 — 84

Духовни бисери

it-1-E 816

Детето без татко

Бидејќи лесно можеле да се запостават ужалените и беспомошните, Јехова го користел изразот „детето без татко“ за да опише во која мера Израелците се праведни или отстапуваат од праведноста. Кога биле во добра духовна состојба, тие се грижеле за децата без татко. Кога Израелците ја извртувале правдата во земјата, децата без татко биле запоставувани, а тоа било знак дека народот е во лоша духовна состојба (Пс 82:3; 94:6; Иса 1:17, 23; Ере 7:5-7; 22:3; Езе 22:7; Зх 7:9-11; Мл 3:5). Јехова ги проколнувал оние што ги угнетувале децата без татко (5Мо 27:19; Иса 10:1, 2). Јехова се опишал себеси како нивни Откупител (Из 23:10, 11), Помошник (Пс 10:14) и Татко (Пс 68:5). Тој е оној што суди праведно во нивна корист (5Мо 10:17, 18), им покажува милост (Ос 14:3), им помага (Пс 146:9) и им го чува животот (Ере 49:11).

Еден од знаците по кој се познаваат вистинските христијани е обѕирноста што ја покажуваат кон оние што се ужалени поради загубата на сопружник или родител. Ученикот Јаков им напишал на христијаните: „Почитувањето кое е чисто и неизвалкано пред нашиот Бог и Татко е ова: да се грижиш за сираците и за вдовиците во нивната неволја и да се чуваш од валканоста на овој свет“ (Јк 1:27).

16-22 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 85 — 87

Духовни бисери

it-1-E 1058, пас. 5

Срце

Да се служи со „потполно оддадено срце“. Дословното срце мора да биде цело за да работи нормално, но симболичното срце може да се случи да биде поделено. Давид му се молел на Јехова со следниве зборови: „Дај ми неподелено срце за да се бои од твоето име“, и со тоа укажал дека срцето на едно лице може да биде поделено кога станува збор за неговите склоности и стравови (Пс 86:11). Таквото лице може да не му служи на Бог со цело срце (Пс 119:113; От 3:16). Исто така, некој може да има „дволично срце“ или „двојно срце“ (буквално, да биде со срце и со срце), односно да се обидува да им служи на двајца господари или да ги лаже другите така што ќе кажува едно, а мисли друго (1Ле 12:33; Пс 12:2, фус.). Исус строго го осудил таквото лицемерство (Мт 15:7, 8).

23-29 СЕПТЕМВРИ

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

За што се зборува во Библијата?

ijwbq-E 181

На почетокот, Библијата дава краток опис на тоа како Семоќниот Бог ги создал небесата и Земјата. Преку Библијата, Бог го открил своето име, Јехова, и ги повикува луѓето да го запознаат (Псалм 83:18).

Библијата објаснува дека Бог е прикажан во погрешно светло и покажува како тој ќе го отстрани срамот кој му бил нанесен.

Библијата ни открива каква е Божјата намера со луѓето и со Земјата. Таа покажува како во иднина Бог ќе ги отстрани причините поради кои луѓето страдаат.

Во Библијата се запишани практични совети за секојдневниот живот. Некои од нив се:

◼ Како да имаме добри односи со другите. „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12).

Што значи ова: Треба да постапуваме со другите на ист начин на кој би сакале тие да постапуваат со нас.

◼ Како да се справиме со стресот. „Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи“ (Матеј 6:34).

Што значи ова: Наместо претерано да се грижиме за она што може да се случи во иднина, подобро е да живееме од ден за ден.

◼ Како да имаме среќен брак. „Секој од вас да ја сака својата жена како самиот себе, а жената длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).

Што значи ова: Љубовта и почитта се неопходни за еден брак да биде среќен.

14-20 ОКТОМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 96 — 99

Духовни бисери

it-2-E 994

Песна

Изразот „нова песна“ не се појавува само во Псалмите туку и во записите на Исаија и на апостол Јован (Пс 33:3; 40:3; 96:1; 98:1; 144:9; 149:1; Иса 42:10; От 5:9; 14:3). Разгледувањето на контекстот на повеќето места на кои се појавува изразот „нова песна“ открива дека таа се пеела поради тоа што Јехова почнал да ја спроведува својата врховна власт на нов, дополнителен начин. Една таква ситуација се спомнува во Псалм 96:10, каде што стои следнава радосна изјава: „Јехова стана цар!“ Се чини дека темата на оваа „нова песна“ се новите, дополнителни начини на кои Јехова почнал да ја спроведува својата власт, како и тоа од какво значење е ова за небото и за Земјата (Пс 96:11-13; 98:9; Иса 42:10, 13).

21-27 ОКТОМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 100 — 102

Духовни бисери

it-2-E 596

Пеликан

Кога ќе се најаде, пеликанот честопати одлетува до некое осамено место каде што зазема меланхолична положба. Главата му е спуштена на рамениците и воопшто не се движи поради што од далечина може да изгледа како бел камен. Оваа птица останува со часови во оваа положба, што потсетува на меланхоличната состојба на која се осврнал псалмистот кога ја опишал силната тага што ја чувствувал со зборовите: „Личам на пеликан во пустелија“ (Пс 102:6). Овде, зборот „пустелија“ не мора да се однесува на пустина, туку може да се однесува на некое подрачје на кое не живеат луѓе, можеби некое мочуриште. За време на одредени сезони, пеликаните сѐ уште престојуваат во мочуриштата во северниот дел на Јорданската Долина. Во Израел може да се забележат три вида пеликани. Најмногу застапен е големиот бел пеликан (Pelecanus onocrotalus), а поретко може да се видат кадроглавиот пеликан (Pelecanus crispus) и пеликанот со розовкаст грб (Pelecanus rufescens).

Пеликанот особено сака да престојува на ненаселени места, каде што нема да биде вознемируван од луѓето. Таму прави гнезда, ги испилува младенчињата и се одмора по ловењето риби. Бидејќи сака да престојува на такви осамени и пусти места, оваа птица во Библијата се користи како симбол за потполно опустошување. За да го претстави идното опустошување на Едом, Исаија прорекол дека пеликани ќе ја заземат таа земја (Иса 34:11). Софонија прорекол дека пеликаните ќе престојуваат меѓу срушените столбови на Ниневија, и така покажал дека таа ќе биде потполно уништена и ненаселена (Сф 2:13, 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели