ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb25 Јули стр. 12-13
  • 18-24 август

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 18-24 август
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
mwb25 Јули стр. 12-13

18-24 АВГУСТ

ИЗРЕКИ 27

Песна 102 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Зошто е добро да имаме вистински пријатели

(10 мин.)

Вистинските пријатели храбро ќе ни го дадат потребниот совет (Из 27:5, 6; w19.09 5, пас. 12)

Вистинските пријатели можеби ќе бидат во подобра положба да ни помогнат отколку роднините (Из 27:10; it-2-E 491, пас. 3)

Вистинските пријатели имаат добро влијание врз нас (Из 27:17; w23.09 9, пас. 7)

Еден постар брат зборува со својот лекар, а еден помлад брат му помага.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 27:21 — Во која смисла пофалбата е испит за нас? (w06 15/9 19, пас. 12)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Из 27:1-17 (th лекција 5)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Станарот припаѓа на религија која не е христијанска. (lmd лекција 6: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Воведи некој видеоклип од главните публикации за служба и дискутирајте за него. (lmd лекција 8: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) ijwyp статија 75 — Тема: Што ако другарка ми ме повреди? (th лекција 14)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 109

7. „Вистинскиот пријател... брат станува во неволја“

(15 мин.) Дискусија.

Јехова ни дал меѓународно братство во кое можеме да најдеме добри пријатели. Иако се трудиме со сите во собранието да се однесуваме пријателски, колкумина од нив ни се блиски пријатели? За да станеме блиски пријатели со некого, треба добро да се познаваме, да имаме меѓусебна доверба, отворено да зборуваме за нашите чувства, да учествуваме во заеднички активности и да си помагаме. Според тоа, за да градиме и за да зачуваме пријателства, потребни се време и труд.

Прочитај Изреки 17:17. Потоа, прашај ги присутните:

  • Зошто е мудро да градиме блиски пријателства уште сега, пред да започне големата неволја?

Прочитај 2. Коринќаните 6:12, 13. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како можат овие стихови да ни помогнат да стекнеме пријатели?

Сцена од видеоклипот „’Сѐ си има свое време‘ — потребно е време за да изградиме пријателства“. Алекс му подава топка за кошарка на Бен додека седат на клупа во спортска сала.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ „Сѐ си има свое време“ — потребно е време за да изградиме пријателства. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што научи за пријателството од овој видеоклип?

Пријателството може да се спореди со растение. Најпрво, треба да засадиме семе. „Семето“ може да биде една насмевка или еден пријателски поздрав. Потоа, „семето“ треба да се наводнува, односно да покажеме искрен интерес. Како што на растението му треба време за да порасне така и на пријателството му треба време за да се зајакне. Затоа, биди стрплив и поминувај време со лицето со кое сакаш да се спријателиш. Така можеби ќе стекнеш пријателство кое ќе трае засекогаш.

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) lfb поглавја 10-11

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 118 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели