ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb25 Јули стр. 14-15
  • 25-31 август

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 25-31 август
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
mwb25 Јули стр. 14-15

25-31 АВГУСТ

ИЗРЕКИ 28

Песна 150 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Која е разликата помеѓу праведниот и злиот

(10 мин.)

Злиот го обзема страв, а праведниот е храбар (Из 28:1; w93 15/5 26, пас. 2)

Злиот не може исправно да ги процени работите, а праведниот може да донесува подобри одлуки (Из 28:5; it-2-E 1139, пас. 3)

Злиот кој е богат има помала вредност од праведниот кој е сиромашен (Из 28:6; it-1-E 1211, пас. 4)

Еден брат, кој е во затворска ќелија, со доверба гледа кон небото додека седи на подот и се моли.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 28:14 — На што нѐ предупредува оваа изрека? (w01 1/12 12, пас. 1)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Из 28:1-17 (th лекција 10)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарај со станарот за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 5: точка 5)

5. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарај со станарот за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 5: точка 4)

6. Започнување разговори

(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Разговарај со лицето за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 1: точка 4)

7. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Разговарај со лицето за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 2: точка 4)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 112

8. Дали го мразиш насилството?

(6 мин.) Дискусија.

Едно дете со силна возбуда игра видеоигра.

Насилството потекнува од Сатана Ѓаволот, кого Исус го нарекол „човекоубиец“ (Јвн 8:44). Откако ангелите му се придружиле на Сатана во побуната, насилството толку се раширило што Земјата се расипала во Божји очи (1Мо 6:11). Како што се приближува крајот на насилниот свет на Сатана, сѐ повеќе луѓе стануваат сурови и без самосовладување (2Ти 3:1, 3).

Прочитај Псалм 11:5. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како гледа Јехова на оние што го сакаат насилството, и зошто?

  • Како во некои спортови и во дел од забавата се гледа дека луѓето го сакаат насилството?

Прочитај Изреки 22:24, 25. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како нашиот избор на забава и на луѓето со кои се дружиме може да влијае врз нашиот став кон насилството?

  • Како може од нашиот избор на забава да се види дали го сакаме насилството?

9. Посебна акција во септември

(9 мин.)

Говор од надгледникот за служба. Труди се да им разгориш желба на присутните да учествуваат во оваа акција и објасни какви подготовки прави вашето собрание за неа.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Конечно мир (песна за конгресот за 2022).

10. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) lfb поглавја 12-13

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 113 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели