15-21 СЕПТЕМВРИ
ИЗРЕКИ 31
Песна 135 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Поуки од советите што една мајка со љубов му ги дала на својот син
(10 мин.)
Поучи ги своите деца какво гледиште има Јехова за сексуалните односи и за бракот (Из 31:3, 10; w11 1/2 19, пас. 7-8)
Поучи ги своите деца какво гледиште има Јехова за алкохолот (Из 31:4-6; ijwhf статија 4, пас. 11-13)
Поучи ги своите деца да им помагаат на луѓето по примерот на Јехова (Из 31:8, 9; g17.6 9, пас. 5)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Из 31:10-31 — Што се тоа алфабетски акростихови и како се користеле во Хебрејските списи? (w92 1/11 11-12, пас. 7-8)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Из 31:10-31 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Започни разговор со некој што кажал или направил нешто љубезно. (lmd лекција 5: точка 3)
5. Започнување разговори
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарај со станарот за некоја од вистините кои се наведени во додатокот А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 1: точка 4)
6. Правење повторни посети
(5 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покани некое лице кое зело Стражарска кула бр. 1, 2025 да дојде на претстојното специјално предавање. (lmd лекција 7: точка 4)
Песна 121
7. Помогни им на твоите деца мудро да ги користат електронските уреди
(8 мин.) Дискусија.
Дали некогаш си гледал како едно дете користи мобилен телефон или таблет? Тоа обично лесно им оди на децата. Можеби ним ретко им треба помош да научат како да користат некој електронски уред, но секогаш им треба помош да научат мудро да го користат. Ако си родител, како можеш да го поучиш своето дете мудро да ги користи електронските уреди?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Мудро користи го времето. Потоа, прашај ги присутните:
Зошто е добро да одредиме колку време во денот ќе користиме електронски уреди?
За кои други работи треба да одвоиме време?
Кога поставуваш правила за своето семејство, земи ги предвид библиските начела, а не она што го прават другите родители (Га 6:5). На пример, прашај се:
Дали моето дете покажало дека има доволно самоконтрола и дека постапува одговорно за да му дозволам да го користи мојот уред, па дури и да има свој? (1Ко 9:25).
Дали треба да му дозволам на моето дете да користи електронски уреди кога е само? (Из 18:1).
Кои апликации и интернет-страници ќе му дозволам на моето дете да ги користи, а кои нема да му ги дозволам? (Еф 5:3-5; Фп 4:8, 9).
Колку време во текот на денот е разумно да му дозволам да користи електронски уреди за да има доволно време за други интересни и важни активности? (Про 3:1).
8. Потреби на собранието
(7 мин.)
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 18-19