22-28 ДЕКЕМВРИ
ИСАИЈА 11 — 13
Песна 14 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Што прорекла Библијата за Месијата?
(10 мин.)
Тој ќе бил потомок на Јесеј од син му Давид (Иса 11:1; ip-1 159, пас. 4-5)
Тој ќе го имал Божјиот дух и ќе имал страв од Јехова (Иса 11:2, 3а; ip-1 159, пас. 6; 160, пас. 8)
Тој ќе бил праведен и милостив судија (Иса 11:3б-5; ip-1 160, пас. 9; 161, пас. 11)
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Зошто Исус е далеку подобар од кој и да било човечки владетел?
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 11:10 — Како се исполнило ова пророштво? (ip-1 165-166, пас. 16-18)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 11:1-12 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 2: точка 5)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Со помош на jw.org одговори му на лицето на некое прашање што ќе ти го постави. (lmd лекција 8: точка 3)
6. Водење библиски курсеви
(5 мин.) Помогни му на твојот интересент да се подготви да проповеда со тебе од куќа до куќа. (lmd лекција 11: точка 4)
Песна 57
7. Дали судиш со праведен суд?
(15 мин.) Дискусија.
Секој ден донесуваме суд за луѓето, понекогаш дури и потсвесно. Ние имаме склоност да носиме заклучоци на темел на она што го гледаме. Но Исус, нашиот пример, суди поинаку (Иса 11:3, 4). Исус може да види што има во нечие срце и знае како тоа лице размислува, зошто така размислува и какви мотиви има. Ние немаме таква способност. Сепак, може да дадеме сѐ од себе за да го следиме примерот на Исус. Тој рекол: „Немојте да судите според надворешноста, туку судете со праведен суд!“ (Јвн 7:24).
Ако ги судиме другите според она што го гледаме, тоа би можело негативно да се одрази врз нашата ревност и ефикасност во службата. На пример, дали се колебаме да проповедаме на некои места поради националноста или религијата на луѓето кои живеат таму? А како е со места на кои живеат богати или сиромашни луѓе? Дали на темел на нечиј изглед претпоставуваме дека тој нема да биде заинтересиран? Божја волја е „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1Ти 2:4).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Поуки од Стражарска кула —не судете според надворешноста. Потоа, прашај ги присутните:
Кои предрасуди беа спомнати во видеоклипот?
Што би можело да се случи ако им дозволиме на предрасудите да навлезат во собранието?
Што им помогнало на браќата и сестрите од видеоклипот да не судат според надворешниот изглед?
Кои поуки ги извлече ти од статијата од Стражарска кула?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 46-47