ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp22 Бр. 1 стр. 8-9
  • 2 | Не се одмаздувај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2 | Не се одмаздувај
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиско учење:
  • Што значи ова:
  • Како може ова да ти помогне:
  • Кога некој ќе те навреди
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Бев огорчен и насилен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Дали е исправно да се одмаздуваш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Може да ја победиме омразата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
wp22 Бр. 1 стр. 8-9
Двајца гневни мажи седат на две различни гранки. Секој од нив си ја сече гранката на која седи.

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

2 | Не се одмаздувај

Библиско учење:

„Никому не враќајте зло за зло... Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се... зашто е напишано: ’„Одмаздата е моја, јас ќе вратам“, вели Јехова‘“ (РИМЈАНИТЕ 12:17-19).

Што значи ова:

Нормално е да чувствуваме гнев кога ни е нанесена некоја неправда, но Бог не одобрува да се одмаздуваме. Тој нѐ поттикнува стрпливо да чекаме на него бидејќи наскоро тој ќе ги исправи работите (Псалм 37:7, 10).

Како може ова да ти помогне:

Кога несовршените луѓе се одмаздуваат, омразата само уште повеќе расте. Затоа, ако некој те повредил или те навредил, не се одмаздувај. Труди се да покажеш самоконтрола и да останеш смирен. Во некои ситуации можеби наједноставно ќе биде да преминеш преку навредата (Изреки 19:11). Во други ситуации, можеби ќе биде подобро да преземеш нешто. На пример, ако си жртва на криминал, може да го пријавиш случајот во полиција или кај надлежните.

Со одмаздата само си наштетуваме себеси

Што ако се чини дека проблемот не може да се реши на мирен начин? Или, што ако веќе си направил сѐ што си можел за да го решиш на мирен начин? Не се одмаздувај. Одмаздата може само да ја влоши ситуацијата. Наместо тоа, прекини го кругот на омразата. Имај доверба дека Бог ќе го реши проблемот на најдобар можен начин. „Потпри се на него, и тој ќе ти помогне“ (Псалм 37:3-5).

Животно искуство — АДРИАН

Ја победил желбата за одмазда

Адриан.

Како тинејџер, Адриан бил полн со омраза и учествувал во тепачки со желба да му се одмазди секому што ќе го навредел. Тој вели: „Често учествував во вооружени престрелки и неколкупати останав да лежам на улица раскрварен и скоро мртов“.

Адриан почнал да ја проучува Библијата на 16 години. Тој раскажува: „Колку повеќе дознавав од Библијата толку повеќе сфаќав дека треба да се менувам како личност“. Морал да се ослободи од омразата и да престане со насилството. Многу му помогнале зборовите од Римјаните 12:17-19 каде што сме поттикнати да не се одмаздуваме. Тој вели: „Се уверив дека Јехова ќе се погрижи за неправдите на свој начин и во свое време. Постепено, успеав да се сменам и да го оставам насилството“.

Една вечер, група млади од една поранешна противничка банда го нападнале Адриан, а тој што им бил главен извикал: „Ајде, брани се!“ Адриан признава: „Ми доаѓаше да возвратам“. Но, наместо да врати, во тој момент кратко му се помолил на Јехова и успеал да си замине.

Адриан продолжува: „Следниот ден повторно го сретнав водачот на бандата, овојпат сам. Нешто во мене зовре, но веднаш во себе почнав да го преколнувам Јехова да ми помогне да се исконтролирам. Бев изненаден кога младичот ми пријде и ми рече: ’Извини за вчера. Искрено, би сакал да бидам како тебе. Сакам и јас да ја проучувам Библијата‘. Колку сум среќен што успеав да го совладам гневот! Благодарение на тоа, почнав да ја проучувам Библијата со него“.

Животната приказна на Адриан можеш да ја прочиташ во Стражарска кула бр. 5, 2016, страници 14-15.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели