ilbusca/E+ via Getty Images
БИДЕТЕ БУДНИ!
Зошто луѓето не можат да постигнат мир? Што вели Библијата?
Светските водачи и разни меѓународни организации не успеваат да постигнат мир во светот. Од Втората светска војна наваму, денес има најголем број на вооружени конфликти. Околу две милијарди луѓе — четвртина од светското население — живеат во места погодени од такви конфликти.
Зошто луѓето не можат да постигнат мир? Што вели Библијата?
Три причини зошто луѓето не можат да постигнат мир
1. Општо земено, луѓето имаат особини поради кои не се ни обидуваат да постигнат мир. Библијата прорекла дека во нашето време „луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени... нелојални... неспремни за каков и да било договор... без самосовладување, сурови... своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:2-4).
2. Ниту индивидуално ниту како група, луѓето не се способни да ги решат своите проблеми без помош од својот Творец, Јеховаa Бог. Библијата јасно кажува дека „човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23).
3. Светот е под контрола на еден моќен и злобен владетел, Сатана Ѓаволот, „кој го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9). Сѐ додека „целиот свет е под власта на Злобниот“, ќе има војни и конфликти (1. Јованово 5:19).
Кој ќе воспостави мир?
Библијата нѐ уверува дека во иднина ќе има мир, но тоа нема да го постигнат луѓето, туку Бог.
„’Јас добро знам какви се моите намери со вас,‘ вели Јехова, ’намери за мир, а не за неволја, за да ви дадам иднина и надеж‘“ (Еремија 29:11).
Како Бог ќе го исполни тоа ветување? „Бог, кој дава мир, наскоро ќе го сотре Сатана“ (Римјаните 16:20). Преку една небесна влада, која Библијата ја нарекува „Божјето царство“, Бог ќе воспостави мир во целиот свет (Лука 4:43). Под власта на Царот на тоа Царство, Исус Христос, луѓето ќе бидат поучени како да живеат во мир (Исаија 9:6, 7).
За да дознаеш повеќе, прочитај ја статијата „Што ќе постигне Божјето Царство?“
a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).