БИДЕТЕ БУДНИ!
Што се случи со пристојноста? Што вели Библијата?
Сѐ помалку луѓе се однесуваат пристојно. Нервозни пациенти им се дерат на докторите; неучтиви гости во ресторан грубо зборуваат со келнерите; разбеснети патници во авион го напаѓаат персоналот; деца со деликвентно однесување ги исмеваат наставниците, им се закануваат и физички ги напаѓаат; некои политичари се впуштаат во скандалозно однесување, додека други се обидуваат да покажат дека се многу пристојни.
Библијата најдобро може да ни каже што е пристојно однесување. Таа исто така ни кажува зошто денес многу луѓе се однесуваат непристојно.
Што се случи со пристојноста?
Пристојноста — однесување кое е добро, морално и прифатливо — опаѓа низ целиот свет.
Според една неодамнешна анкета на Галуп, Американците сметаат дека во САД моралните вредности се на најниско ниво во последните 22 години.
Во една друга анкета, во која учествувале повеќе од 32.000 испитаници во 28 земји, 65 отсто рекле дека никогаш не виделе толку ниско ниво на почит и пристојност меѓу луѓето.
Библијата прорекла како ќе се однесуваат луѓето денес.
„Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни... бесчувствителни кон другите [и] сурови“ (2. Тимотеј 3:1-3).
Нешто повеќе за тоа како се исполнува ова пророштво, можеш да прочиташ во статијата „Дали навистина живееме во последните денови?”
Сигурен водич за пристојно однесување
Во овој свет во кој има сѐ помалку пристојност, милиони луѓе увиделе дека Библијата е одличен водич за добро однесување. Нејзините совети за моралот се „втемелени засекогаш, за сите векови“ (Псалм 111:8). Да разгледаме неколку примери:
Што вели Библијата: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12).
Што значи ова: Треба да се однесуваме со луѓето љубезно и со почит, исто како што сакаме другите да се однесуваат со нас.
Што вели Библијата: „Сега кога сте ја отфрлиле лагата, зборувајте ја вистината секој на својот ближен“ (Ефешаните 4:25).
Што значи ова: Треба да бидеме чесни во сѐ што кажуваме и правиме.
Дали сакаш да дознаеш повеќе на оваа тема?
Прочитај ја Стражарската кула со наслов: „Исправно или погрешно — како да знаеш?“
Прочитај ја статијата: „Толеранција — како може да помогне Библијата“.