ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 114
  • Беззаконието во пораст — што вели Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Беззаконието во пораст — што вели Библијата?
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е проречено во Библијата во врска со беззаконието
  • Христос го мразел беззаконието — а ти?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Го мразиш ли беззаконието?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?
    Одговор на библиски прашања
  • Надеж
    Разбудете се! 2018
Повеќе
Разно
mrt статија 114
Искршен излог на продавница. Вандали ја ограбуваат продавницата.

Yan Zabolotnyi/stock.adobe.com

БИДЕТЕ БУДНИ!

Беззаконието во пораст — што вели Библијата?

Насилничките банди беснеат во Хаити. Криминалот и насилството се секојдневие во Јужноафриканската Република, како и во Мексико и други земји во Латинска Америка. Дури и онаму каде што е намалена стапката на насилство, луѓето живеат во страв и несигурност затоа што сѐ почесто има кражби, вандализам и подметнати пожари.

Што вели Библијата за беззаконието кое преовладува во светот?

Што е проречено во Библијата во врска со беззаконието

Во Библијата е проречено дека беззаконието ќе биде дел од знакот за „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3). Кога кажал што сѐ ќе спаѓа во тој знак, Исус Христос рекол:

  • „Беззаконието ќе се зголеми, па кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:12).

Во Библијата е проречено и дека „во последните денови“ луѓето ќе бидат „без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата“ (2. Тимотеј 3:1-5). Ваквата себичност е една од причините за беззаконието што го гледаме денес.

Но, има причини за надеж. Библијата ветува дека наскоро беззаконието ќе биде само минато.

  • „Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

Дознај нешто повеќе за надежта што ни ја дава Библијата и зошто можеш да бидеш уверен дека настаните што ги гледаме денес се исполнување на библиските пророштва. Разгледај ги следниве статии:

„Патот до среќата — надеж“

„Од каде знаеме дека живееме во ’последните денови‘?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели