ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/7 стр. 6-10
  • Клуч за преживување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Клуч за преживување
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Превентива и исхрана
  • Рано откривање
  • Лекување
  • Стрес и рак на дојката
  • Што треба да знаат жените за ракот на дојката
    Разбудете се! 1994
  • Рак на дојка — што да очекуваш, што да правиш
    Разбудете се! 2011
  • Поддршка која многу значи
    Разбудете се! 1994
  • Случајот со мајчиното млеко
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/7 стр. 6-10

Клуч за преживување

КОГА во новински извештај би дознале дека некој убиец се прикраднува во вашето соседство, дали би презеле мерки за да се заштитите себеси и вашето семејство? Веројатно би ги заклучиле, па дури и затвориле вратите со резе за да не влезе никој. Освен тоа, би внимавале на сомнителни странци и веднаш би ги пријавиле.

Треба ли жените да направат помалку во врска со убиствената болест — рак на дојката? Какви мерки можат да преземат за да се заштитат и да ги зголемат своите изгледи за преживување?

Превентива и исхрана

Пресметано е дека 1 од секои 3 случаи на рак во САД е предизвикан од факторот исхрана. Правилната исхрана која ќе му помогне на телото да го одржува неговиот имунолошки систем може да биде ваша најдобра заштита. Иако не се знае каква храна може да го излечи ракот, јадењето одреден вид храна и намаленото користење друг вид може да служи како превентивна мерка. „Ако правилно се храните, тоа може да го намали ризикот да добиете рак на дојката и до педесет отсто“, изјавил д-р Леонард Коен од Американскиот здравствен завод во Валхала (Њујорк).

Прехранбени артикли богати со влакна, како што се лебот и житариците од нелуштено жито, можат да ја намалат количината на пролактин и естроген, веројатно така што ќе се врзат со овие хормони и ќе ги исфрлат од телото. Според весникот Nutrition and Cancer (Исхраната и ракот), „овие влијанија можат да ја задушат развојната фаза на канцерогенезата“.

Ако се намалат заситените масти, ќе се намали и ризикот. Списанието Prevention (Превентива) изјавило дека, ако се користи посно млеко, наместо обично млеко, се намали количината на путер, ако се јаде посно месо и се отстрани кожинката од месото на кокошката, може количината на заситени масти да ја намали на безопасно ниво.

Зеленчукот богат со витамин А — морковите, тиквите и слатките компири, зелениот зеленчук како што се спанаќот и зелјето и зеленчукот од синап, можат да бидат од помош. Се смета дека витаминот А спречува појава на мутации кои предизвикуваат рак. А зеленчукот како што е карфиолот со зелена главица, кељот, карфиолот со бела главица, зелката и младиот кромид содржи хемиски елементи кои создаваат заштитни ензими.

Во книгата Breast Cancer—What Every Woman Should Know (Рак на дојката — Што треба да знае секоја жена), д-р Пол Родригез вели дека имунолошкиот систем, кој ги препознава и уништува абнормалните клетки, може да се зајакне преку исхраната. Тој препорачува да се јаде храна богата со железо, како што се посното месо, зелениот зеленчук, школките и овошјето и зеленчукот со многу витамин Ц. Journal of the National Cancer Institute (Весник на националниот институт за рак) известува дека овошјето и зеленчукот богати со витамин Ц ја намалуваат опасноста од рак на дојката. Сојата и производите од неферментирана соја содржат генистен за кој се знае дека го спречува растењето на туморот во лабораториски опити, но неговата делотворност кај луѓето сѐ уште не е утврдена.

Рано откривање

„Раното откривање на ракот на дојката останува најважен чекор во спречување на развојот на рак на дојката“, наведува публикацијата Radiologic Clinics of North America (Радиолошки клиники на Северна Америка). Во овој поглед, три клучни превентивни мерки се редовно самоиспитување на градите, годишен преглед кај лекар и мамографија.

Самоиспитувањето на дојката треба да се прави редовно секој месец, бидејќи жената мора претпазливо да бара нешто што изгледа или се чувствува сомнително, како некакво задебелување или грутка. Без разлика колку е мало тоа што ќе го открие, веднаш треба да го извести својот лекар. Колку порано ќе се даде дијагноза на една грутка, толку поголема контрола има над својата иднина. Еден извештај од Шведска покажал дека, ако еден неметастатичен рак на дојката кој е нешто поголем од 15 милиметри или, пак, помал, се острани по хируршки пат, 94 отсто е возможно да се очекува уште 12 години животен век.

Д-р Патриша Кели коментира: „Ако ракот на дојката не ви се појави повторно за 12 и пол години, најверојатно нема да се повтори . . . А жените можат да научат со прстите да го откријат ракот на дојката дури и ако е помал од еден сантиметар“.

Се препорачува секоја година да се прави рутински преглед кај специјалист или општ лекар, особено откако жената ќе наполни 40 години. Ако се открие грутка, добро би било да се чуе мислење и од специјалист за гради или од хирург.

Националниот институт за рак во САД наведува дека добро оружје против ракот на дојката е редовната мамографија. Овој вид рендген може да открие тумор и до две години пред да може да се почувствува. Мамографијата се препорачува за жени постари од 40 години. Меѓутоа, д-р Даниел Копанс нѐ информира: „Мамографијата е далеку од совршенство“. Таа не може да ги открие сите видови на рак на дојката.

Д-р Венде Логан-Јанг од клиниката за гради во Државата Њујорк, за Разбудете се! изјавува дека, ако жената или нејзиниот лекар откријат абнормалност, а мамографијата не покажува никаков знак, постои тенденција да се игнорираат физичките пронајдоци и да му се верува на рендгенот. Таа вели дека тоа е „најголемата грешка што ја гледаме денес“. Затоа ги советува жените да бидат до одредена мера резервирани во однос на способноста на мамографијата да го открие ракот и да се потпираат повеќе на прегледувањето на дојката.

Иако мамографијата може да открива тумори, таа не може точно да постави дијагноза дали тие се бенигни (неканцерогени) или малигни (канцерогени). Тоа може да се стори само со помош на биопсија. Земи го предвид случајот со Ирен која отишла да направи мамографија. На темел на рендгенската снимка, докторот ѝ поставил дијагноза за нејзината грутка како бенигна болест на градата, и рекол: „Апсолутно сум сигурен дека немате рак“. Сестрата која ја вршела мамографијата била загрижена, но Ирен рекла: „Мислев дека, ако лекарот е сигурен, можеби јас сум параноидна“. Грутката набргу пораснала и затоа Ирен се консултирала со друг лекар. Била направена биопсија која покажала дека има воспален карцином, рак кој брзо расте. За да се одреди дали туморот е бенигнен (бидејќи околу 8 од 10 се такви) или малигнен, мора да се изврши биопсија. Ако според симптомите грутката изгледа или се чувствува како нешто сомнително или дека расте, треба да се изврши биопсија.

Лекување

Моментално, хирургијата, радијацијата и хемиотерапијата се конвенционални третмани за рак на дојката. Информациите за видот на туморот, неговата големина, дали има тенденција да се шири, дали се проширил до лимфните јазли и информациите за состојбата на вашата менопауза можат да ви помогнат вам и на вашиот лекар да ја утврдите методата на лекување.

Хирургија. Со децении радикалната мастектомија, отстранување на градата заедно со мускулите и лимфните јазли под неа, нашироко се користи. Но, во последните години, методот на лекување да се зачува дојката, кој вклучува отстранување само на туморот и на лимфните јазли, плус радијација, нашироко се користи со стапка на преживување која е еднаква со онаа на мастектомијата. На некои жени тоа им дало поголем душевен мир при одлуката да отстранат мал тумор, постапка која помалку разобличува. Но весникот British Journal of Surgery (Британски журнал за хирургија) вели дека помлади жени, оние со рак на повеќе места на истата града или со тумори поголеми од 3 сантиметри, имаат поголем ризик повторно да се појави со третманот на зачувување на градата.

Списанието Cleveland Clinic Journal of Medicine забележало еден важен фактор за преживување без повторно да се појави рак на дојката: „Трансфузијата на крв има негативно влијание врз стапката на преживување и предизвикува повторно јавување . . . после модифицирана радикална мастектомија“. Извештајот покажал дека петгодишната стапка на преживување била 53 отсто за една група која примила трансфузија на крв во однос на 93 отсто за групата која не примила трансфузија на крв.

Друг фактор кој помага за преживување е изнесен во The Lancet, каде што д-р Р. А. Бадве навел: „Времето на операцијата во однос на фазата на менструалниот циклус има големо влијание врз долгорочниот исход на пациентките кои имаат рак на дојката во периодот пред менопаузата“. Извештајот навел дека жените кои се подложиле на отстранување на туморот во текот на фазата на естрогена стимулација поминале полошо во однос на оние кои биле оперирани во текот на други фази од менструалниот циклус — 54 отсто живееле десет години наспроти 84 отсто од втората група. Најповолно време за операција на жените со рак на дојката, кои се во периодот на предменопауза, се смета дека е најмалку 12 дена по последната менструација.

Терапија со радијација. Терапијата со радијација ги убива канцерогените клетки. При лекувањето со зачувување на градата, малото канцерогено семе може да го избегне хируршкиот нож додека тој се труди да ја зачува градата. Терапијата со радијација може да ги уништи клетките кои останале. Но со радијацијата постои и мал ризик да се создаде секундарен рак во другата града. Д-р Бенедик Фрас препорачува што е можно повеќе другата града да се заштити од изложеноста на радијација. Тој изјавува: „Со неколку едноставни вешти зафати можно е значајно да се намали дозата што ја добива другата дојка за време на зрачењето на првата дојка“. Тој предлага врз другата дојка да се стави оловен оклоп од 2,5 сантиметри.

Хемиотерапија. И покрај настојувањата да се искорени ракот на дојката со операција, 25 до 30 отсто од жените со ранопоставена дијагноза на рак на дојката имаат скриени метастази кои се премногу мали за да се појават симптоми на почетокот. Хемиотерапијата е третман кој користи хемиски агенси со цел да се убијат оние клетки кои ги напаѓаат другите делови од телото.

Хемиотерапијата е ограничена во своето делување затоа што канцерогените тумори се составени од различни видови клетки и секоја од нив е посебно осетлива на лекови. Оние клетки кои ќе преживеат одреден третман можат да создадат нова генерација тумори отпорни на лекови. Во изданието на The Lancet од јануари 1992 биле изнесени докази дека хемиотерапијата од 5 до 10 проценти го зголемила изгледот на жената да преживее уште една деценија, зависно од нејзината возраст.

Нуспојавите на хемиотерапијата можат да вклучуваат гадење, повраќање, опаѓање на косата, крварење, оштетување на срцето, задушување на имунолошкиот систем, стерилност и леукемија. Џон Кенс, кој пишува во Scientific American, коментирал: „Овие можеби изгледаат како релативно мали опасности за пациент кој има напреден и растечки рак, но тие би биле сериозни предмети на размислувања за една жена која има мал [1 сантиметар] и наизглед локализиран рак на дојката. Нејзините изгледи за смрт од рак во рок од пет години се само околу 10 отсто, па дури и ако не добие додатно лекување после операција“.

Хормонска терапија. Антиестрогенската терапија ги намалува влијанијата на естрогенот кои го стимулираат растењето. Тоа се постигнува со намалување на нивото на естроген кај жените пред менопауза или преку хируршко отстранување на јајниците, или, пак, преку лекови. Списанието The Lancet известило дека постои десетгодишна стапка на преживување за секои 8 до 12 жени од 100 кои се лекувани со било кој метод.

Негата по оздравувањето за секоја жена со рак на дојката претставува доживотна задача. Потребно е да се вршат прецизни прегледи затоа што, ако не успее еден начин на лекување и повторно се појави болеста, други видови третмани можат да го дадат потребното оружје.

Друг вид терапија на рак која има еден поинаков пристап е еден синдром наречен кахексија. Журналот Cancer Research (Истражување на ракот) објаснува дека две третини од сите смртни случаи од рак се предизвикани од кахексија, термин кој се користи за да се објасни пропаѓањето на мускулите и другите ткива. Д-р Џозеф Голд, од Институтот за истражување на рак Сиракуза од САД, за Разбудете се! изјавува: „Мислиме дека растењето на еден тумор не може да се прошири низ телото ако не се отворени биохемиските патишта за кахексија“. Една клиничка студија, со користење на нетоксичниот лек хидразин сулфат, покажа дека некои од тие патишта можат да се блокираат. Била постигната стабилизација кај 50 отсто од испитаните пациентки кои имале рак на дојката во последниот стадиум.

Некои жени имаат доверба во алтернативи познати како алтернативна медицина за добивање на нехируршки или нетоксичен третман за рак на дојката. Терапиите се разновидни, некои се состојат во држење диета и исхрана со растенија, како што е случај со терапијата на Хокси. Но не се објавени многу студии кои би овозможиле да се процени ефикасноста на овие третмани.

Иако оваа статија е наменета да се изложи клучот за преживување, целта на Разбудете се! не е да препорача одреден вид лекување. Ги охрабруваме сите внимателно да ги разгледаат овие различни методи на лекување на оваа болест (Изреки 14:15).

Стрес и рак на дојката

Во списанието Acta neurologica, д-р Х. Балтруш објаснува дека прекумерен или долготраен стрес може да ги намали антитуморските одбранбени сили во имунолошкиот систем на телото. Имунолошкиот систем на жени кои се преморени, депримирани или без емоционална поддршка може да биде загрозен и до 50 отсто.

Затоа, д-р Базил Стол, пишувајќи за Mind and Cancer Prognosis (Прогноза на умот и ракот), нагласил: „Треба да се вложи максимален труд за да се намали неизбежната физичка и психичка траума што ја претрпуваат пациентите од рак за време на и после лекувањето на нивната болест“. Но каква поддршка е потребна?

[Истакната мисла на страница 7]

Иако не се знае каква храна може да го излечи ракот, јадењето одреден вид храна и намаленото користење друг вид може да служи како превентивна мерка. „Ако правилно се храните, тоа може да го намали ризикот да добиете рак на дојката и до пеесет отсто“, изјавил д-р Леонард Коен

[Истакната мисла на страница 8]

„Раното откривање на ракот на дојката останува најважен чекор во спречувањето на развојот на рак на дојката“, наведува публикацијата „Радиолошки клиники на Северна Америка“. Во овој поглед, три клучни превентивни мерки се: редовно самоиспитување на градите, годишен преглед кај лекар и мамографија

[Истакната мисла на страница 10]

Имунолошкиот систем на жени кои се преморени, депримирани или без емоционална поддршка може да биде загрозен

[Рамка на страница 9]

Самоиспитување — месечна проверка

САМОИСПИТУВАЊЕТО на градите треба да се врши четири до седум дена по менструалниот циклус. И жените кои ја поминале менопаузата треба да се проверуваат секој месец на истиот ден.

Знаци кои треба да се бараат секој месец на истиот ден

• Грутка во било која големина (малечка или голема) или здебелување во градата.

• Набирање, вдлабнатина или безбојност на кожата на дојката.

• Повлекување или вовлекување на брадавицата.

• Егзема или луштење на брадавицата или испуштање на течност.

• Зголемени жлезди под пазувата.

• Промени во дамките или расцепи на градата.

• Забележителна асиметрија на градите што е различна од нормалната состојба.

Самоиспитување

Стоејќи, подигнете ја левата рака. Со десната рака, почнувајќи од надворешниот крај на градата, притискајте со сплоснатиот дел на прстите во мали крукчиња, движејќи ги полека околу градата и спрема брадавицата. Обрнете внимание и на делот помеѓу потпазувата и градата.

Лежејќи испружено, ставете перница под левото рамо и ставете ја левата рака преку или зад главата. Правете ги истите кружни движења што се опишани погоре. Потоа истата постапка направете ја на десната страна.

Нежно стискајте ја брадавицата за да проверите дали има некакви течности. Повторете го истото за десната града.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели