ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/6 стр. 9-10
  • Свет без криминал — како?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Свет без криминал — како?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Излегување од криминалните организации
  • Ослободете се од духот на светот
  • Зошто организираниот криминал напредува?
    Разбудете се! 1997
  • Како организираниот криминал влијае врз вас
    Разбудете се! 1997
  • Ослободување од организираниот криминал — „бев јакуза“
    Разбудете се! 1997
  • Има ли решение за криминалот?
    Разбудете се! 2008
Разбудете се! 1997
g97 8/6 стр. 9-10

Свет без криминал — како?

БОРБАТА против организираниот криминал ширум светот е во тек. „За кратко време е постигнат извонреден напредок против мафијата“, изјавило U.S.News & World Report, „кое воглавно се должи на еден закон, Одредба за организации кои се корумпирани и под влијание на рекетари, или RICO.“ Таа допушта осудување на криминални организации на темел на образец на рекетарска активност, а не само на индивидуални дела. Заедно со информациите добиени преку прислушувачи и од членови на банди кои се шпиони и кои бараат ублажување на казната, таа одиграла свој дел во успехот на битката против мафијата во Соединетите Држави.

И во Италија властите се спротивставуваат на бандите. Во подрачјата како што се Сицилија, Сардинија и Калабрија, каде што организираниот криминал е јак, испратени се воени единици да ги извидуваат јавните згради и важните подрачја за да ги спречат нападите на криминалните елементи. Владата гледа на тоа како на нешто многу слично на граѓанска војна. Поради тоа што злогласни глави на криминални синдикати се в затвор и поранешен премиер е обвинет за наводни врски со мафијата, во Италија се гледаат некакви резултати.

Во Јапонија, владата извршила притисок врз јакузата кога на 1 март 1992 година стапил на сила Законот против организираниот криминал. Со овој закон, кога една гангстерска организација ќе се означи како таква, таа е забранета поради 11 дела на насилна принуда, вклучувајќи го и барањето пари за замолчување, учествувањето во заштитни рекети и интервенирање во помирувањето на расправии во замена за извесна награда. Со спроведувањето на овој закон, владата има намера да ги искорени сите извори на приход од бандите. Законот тешко ги погодил криминалните организации. Некои групи се распуштиле и еден криминален бос извршил самоубиство — очигледно поради строгото спроведување на законот.

Навистина, владите и агенциите за спроведување на закони водат тешка борба против организираниот криминал. Сепак, кога весникот Mainichi Daily News известил за една конференција на судии и полициски службеници од целиот свет која се одржала во 1994, тој рекол: „Организираниот криминал станува сѐ посилен и побогат во скоро секој дел од светот, собирајќи приход од дури 1 билион долари годишно“. За жал, човечките напори да се искоренат криминалните синдикати од лицето на Земјата се ограничени. Една причина е што во многу случаи правдата не е брза и сигурна. На многу луѓе честопати им се чини дека законите се во прилог на криминалецот, а не на жртвата. Пред околу 3.000 години, Библијата навела: „Бидејќи пресудата за лошо дело не е извршена брзо, затоа срцето на човечките синови станало во нив потполно решено да прави зло“ (Проповедник 8:11, НС).

Излегување од криминалните организации

Освен преземањето строги мерки против организираниот криминал однадвор, владите се обиделе да им помогнат на оние однатре да излезат од криминалните синдикати. Таквиот чекор не е лесен. Според една стара изрека, „единствениот начин да се излезе од мафијата е во сандак“. За да ја напушти јакуза организацијата, од членот на бандата се бара да плати голема сума пари или да му се отсече малиот прст или дел од прстот. Покрај стравот поврзан со прекинувањето на секакви врски со подземјето, еден поранешен гангстер мора да се соочи со реалноста да живее еден чесен живот. Честопати неговите молби за работа ќе бидат одбиени. Меѓутоа, во некои земји постојат полициски „црвени телефони“ со цел да им се помогне на гангстерите кои се обидуваат да се ослободат и на кои им е тешко да најдат пристојни работни места.

За да се соочи со притисоците од фамилијата на бандата и од предрасудата во општеството, на еден член на банда му е потребна јака мотивација да стане чесен. Што би можело да го покрене? Би можело да биде љубовта спрема семејството, копнеж по еден мирен живот или желбата да го прави она што е исправно. Меѓутоа, најсилната мотивација е илустрирана преку приказната на Јасуо Катаока, изнесена во следната статија.

Јасуо Катаока е типичен пример на стотици лица кои во потполност го промениле својот живот. Особините слични на ѕвер кои ги покажувале порано, се заменети со новата личност ‚создадена според Бога во правда и светост во вистината‘ (Ефесјаните 4:24). Луѓе кои биле како волци, сега живеат мирољубиво меѓу граѓани слични на јагниња и со блага нарав, па дури и им помагаат на другите! (Исаија 11:6).

Ослободете се од духот на светот

Како што беше споменато во претходната статија, не само што сите криминални синдикати се под една невидлива власт на Сатана, Ѓаволот, туку под негова власт е и целиот свет. Луѓето не го ни сфаќаат тоа, но Сатана го организирал светот да му служи на неговите криминални цели. Како што криминалните синдикати обезбедуваат богатство и псевдофамилијарни системи, така и тој игра улога на добротворен господар кој ги обезбедува луѓето со богатства, задоволства и со чувство на заедништво. Иако можеби не го сфаќате тоа, сепак можеби сте биле излажани од неговите злобни сплетки (Римјаните 1:28—32). Библијата ни кажува дека „пријателството од овој свет е непријателство на Бога“ (Јаков 4:4). Не е безбедно да му се умилкуваме на овој свет кој е под сатанско влијание. Творецот на универзумот има војска ангели под Исус Христос кои се подготвени да ги соберат Сатана и неговите демони за да го исчистат светот од нивното злобно влијание (Откровение 11:18; 16:14, 16; 20:1—3).

Тогаш, како можете да се ослободите од влијанието на Сатановиот свет? Не со тоа што ќе живеете живот на пустиник, туку со тоа што ќе се ослободите од ставовите и обрасците на размислување кои доминираат со денешниот свет. За да го сторите тоа, ќе морате да се борите против Сатановите тактики на застрашување и да се спротивставите на побудите што ги нуди тој за да ги држи луѓето под неговиот стисок (Ефесјаните 6:11, 12). Тоа ќе вклучи извесни жртви, но можете да се ослободите како што се ослободиле и други ако сте одлучни и ако извлечете корист од помошта што ја нудат Јеховините сведоци.

Што ќе следи после Божјата постапка на чистење на овој хаотичен свет на криминал? „Потомството на безбожниците ќе биде истребено“, вели Библијата и продолжува: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:28, 29). Тогаш ќе нема причина да се тресеме пред оние кои имале ѕверски особини, зашто тие ќе бидат преобразени преку „спознанието за Јехова“, кое ќе ја исполни Земјата (Исаија 11:9, НС; Језекиил 34:28).

Денес таквата преобразба веќе станала реалност, како што покажува и следнава животна приказна на еден поранешен член на јакузата во Јапонија.

[Слика на страница 10]

Во Божјиот нов свет, сите ќе уживаат во делото на своите раце

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели