ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/7 стр. 12-14
  • Што им носи иднината на жените?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што им носи иднината на жените?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се воспитаат сопрузите и татковците
  • Божјата грижа за жените
  • Жени кои нашле почитување
  • Трајно решение
  • Бог ги почитува жените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • ”Жени кои се трудат во Господ“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Христијанските жени заслужуваат чест и почит
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали Бог навистина се грижи за жените?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/7 стр. 12-14

Што им носи иднината на жените?

„ИСТОРИЈАТА на човештвото е историја на постојано повредување и узурпација на жената од страна на мажот.“ Така гласела Декларацијата на мислењата од Сенека Фолс (Њујорк), запишана во Америка пред 150 години како протест против неправдата кон жените.

Неоспорно е дека оттогаш е постигнат напредок, но како што изјавува публикацијата на Обединетите нации, The World’s Women 1995, сѐ уште претстои еден долг пат. „Премногу често жените и мажите живеат во различни светови“, известува таа, „светови кои се разликуваат во достапноста на образование и работни можности, како и во здравјето, личната безбедност и слободното време.“

Зголемената свесност за ова ги навела нациите да издадат закони за заштита на правата на жените. Но, законите не можат да ги променат срцата, каде што лежат корените на неправдата и предрасудата. На пример, размислете за неповолната положба на девојчињата проститутки. За овој меѓународен срам, Newsweek рекол: „Законодавството насочено кон запирање на сексуалната експлоатација на деца е добронамерно, но честопати неефективно“. Слично на тоа, самиот закон не го спречува насилството. „Доказите откриваат дека насилството против жените е раширен глобален проблем“, изјавува Human Development Report 1995. „Повеќето закони се недостаточни за да го запрат таквото насилство — освен ако не се променат сегашните културни и општествени вредности“ (курзивот е од нас).

‚Културните и општествените вредности‘ честопати се засновани на длабоковсадена традиција — што е орев кој тешко се крши. „Традицијата ги наведува мажите да веруваат дека жените треба да ги искористуваат наместо да ги љубат, да ги тераат да работат наместо да се грижат за нив“, вели една жена од Средниот Исток. „Како резултат на тоа, жената нема глас, нема права и има мали шанси да ја подобри својата ситуација.“

Да се воспитаат сопрузите и татковците

Платформата за акција што беше предложена во Пекинг (Кина) од Светската конференција за жените во 1995, изјави дека само „непосредна и здружена акција од сите“ може да постигне „мирољубив, праведен и човечен свет“ во кој жените ќе бидат почитувани.

Секаква акција за да се направи животот на жените ‚помирољубив, поправеден и почовечен‘ мора да започне дома, со сопрузите и татковците. Во овој поглед Јеховините сведоци се уверени дека библиското образование е клучот до успехот. Тие увиделе дека, штом мажите ќе научат дека Бог очекува да се однесуваат со своите сопруги и ќерки со почит и обѕирност, тие го земаат тоа при срце и постапуваат така.

Во Централна Африка, Педро, еден оженет човек со четири деца, сега внимава на потребите на својата сопруга. Ѝ помага во грижата за децата, па дури и го сервира јадењето кога имаат гости на оброк. Таквиот обѕирен став е многу необичен во неговата земја. Што го наведува да ја цени својата сопруга и да соработува со неа?

„Кога почнав да ја проучувам Библијата, научив две важни начела во врска со улогата на сопругот“, објаснува Педро. „Тие многу влијаеја врз начинот на кој гледам на мојата сопруга. Првото, во 1. Петрово 3:7 (NW), објаснува дека сопругот треба да ѝ оддава на својата жена чест како на ‚послаб сад, женски‘. Второто, во Ефесјаните 5:28, 29, вели дека сопругот треба да постапува со својата жена како со ‚своето тело‘. Откако го применив тој совет, станавме многу поблиски. Значи, ние мажите мораме да му придаваме поголема важност на Божјиот совет отколку на локалните обичаи.“

Мајкл, од Западна Африка, признава дека, пред да почне да ја проучува Библијата со Сведоците, не постапувал исправно со својата сопруга. „Имав обичај дури и да ја удрам кога ќе се разлутев“, признава тој. „Но Библијата ме поучи дека треба да се променам. Сега со голем напор се трудам да ја контролирам мојата нарав и да ја љубам сопругата како своето сопствено тело. И обајцата сме многу посреќни“ (Колосјаните 3:9, 10, 19). Неговата сопруга, Комфорт, се сложува: „Сега Мајкл се однесува кон мене со поголемо почитување и наклоност отколку што имаат обичај повеќето сопрузи во нашата заедница. Можеме да зборуваме за нашите проблеми и да работиме заедно како тим“.

Педро и Мајкл научиле да ги почитуваат и да ги ценат своите сопруги затоа што ги зеле при срце поуките од Божјата Реч, која јасно покажува дека неправдата врз жените предизвикува длабоко незадоволство кај нашиот Творец.

Божјата грижа за жените

Бог отсекогаш бил заинтересиран за жените и за нивното добро. Иако на нашите прародители им рекол дека поради нивната побуна несовршеноста ќе води до тоа жените да ‚бидат под власт‘, тоа никогаш не било Божја намера (1. Мојсеева 3:16). Тој ја создал Ева како „дополнување“ на Адам и како негова придружничка (1. Мојсеева 2:18, NW). Во Мозаитскиот закон, кој му бил даден на древниот Израел, Јехова посебно го осудил лошото постапување со вдовиците и ги поучил Израелците да постапуваат со нив љубезно и да им помагаат (2. Мојсеева 22:22; 5. Мојсеева 14:28, 29; 24:17—22).

Исус, имитирајќи го својот небесен Татко, не ја следел раширената традиција од неговото време која ги омаловажувала жените. Тој зборувал љубезно со нив — дури и со оние кои имале лоша репутација (Лука 7:44—50). Освен тоа, на Исус му било мило да им помага на жените кои имале здравствени проблеми (Лука 8:43—48). Во една прилика, кога видел една вдовица како ја оплакува недамнешната смрт на својот единствен син, тој веднаш се придружил на погребната поворка и го воскреснал младиот човек (Лука 7:11—15).

Жените биле меѓу Исусовите рани ученици и биле првите кои посведочиле за неговото воскресение. Библијата зборува возвишено за жените како што се Лидија, Тавита и Прискила како примери на гостопримство, сочувство и храброст (Дела 9:36—41; 16:14, 15; Римјаните 16:3, 4). И раните христијани биле поучени да покажуваат почит кон жените. Апостол Павле му рекол на својот сомисионер Тимотеј да постапува со ‚старите жени како со мајки, со младите — како со сестри, со секаква чистота‘ (1. Тимотеј 5:2).

Жени кои нашле почитување

Ако сте христијански мажи, треба да покажувате иста таква почит кон жените. Никогаш нема да ја користите традицијата како изговор лошо да постапувате со нив. Освен тоа, односот кон жените полн со почит може да даде речито сведоштво за вашата вера (Матеј 5:16). Салима, една млада жена од Африка, опишува како имала корист од тоа што ги набљудувала христијанските принципи на дело.

„Израснав во околина каде што со жените и со девојчињата се постапуваше лошо. Мајка ми работеше по 16 часа на ден, но за возврат добиваше само критики доколку оставеше нешто несработено. Што беше уште полошо, кога ќе се опиеше, татко ми ја тепаше. И други жени во нашето подрачје доживуваа слични страдања. Но, јас знаев дека таквото постапување не е исправно — дека ги исполнува нашите животи со фрустрација и несреќа. Сепак, изгледа дека немаше начин да се промени таквата ситуација.

Меѓутоа, кога бев тинејџер, почнав да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци. Бев многу импресионирана кога ги прочитав зборовите на апостол Петар, кој рекол дека со жените треба да се постапува со чест. Но, јас си мислев: ‚Сосема е неверојатно луѓето да го применуваат овој совет, особено поради нашата локална традиција‘.

Но, кога отидов во Салата на Царството, каде што Сведоците ги одржуваат своите состаноци, и мажите и жените се однесуваа љубезно кон мене. Она што ме изненади уште повеќе беше тоа што сопрузите кои беа меѓу нив навистина се грижеа за своите сопруги. Кога ги запознав подобро луѓето оттаму, сфатив дека тоа беше нешто што се очекува од сите Сведоци. Иако некои од мажите имаа исто потекло како моето, со сопругите сега постапуваа со почитување. Сакав да му припаѓам на ова големо семејство.“

Трајно решение

Почитувањето што го набљудувала Салима не било случајно. Тоа било резултат на една програма на поучување, темелена на Божјата Реч, која им помага на луѓето да се ценат меѓусебно како што прави Бог. Тоа е показател за она што може да се стори уште сега и за она што ќе се направи секаде кога Божјето Царство ќе владее над целата Земја (Даниил 2:44; Матеј 6:10). Оваа небесна влада ќе ја отстрани сета неправда. Библијата нѐ уверува: „Кога Твоите [Јеховините] пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда“ (Исаија 26:9).

Дури и сега, образованието во праведност го менува начинот на кој размислуваат милиони луѓе. Кога сите живи човечки суштества ќе бидат поданици на Божјето Царство, ова образование ќе продолжи низ целата Земја и ќе му стави крај на човековото угнетувачко постапување со жените, кое е последица на Адамовиот грев. Исус Христос, Божјиот наименуван Цар, нема да дозволи неправдата кон жените да ја нарушува неговата влада. Опишувајќи ја таа Христова влада, Библијата вели: „Зашто Он ќе избави беден од силник и сиромав, кој нема помошник. Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите; од лихви и неправди ќе ги избави душите нивни“ (Псалм 71:12—14).

Оваа серија статии се сосредоточи на проблемот на жените. Меѓутоа, факт е и тоа дека и со многу мажи се постапувало лошо. Во текот на историјата, моќни и злобни мажи вршеле неописливи стравотии како против мажи така и против жени. Исто така, и некои жени го правеле истото. На пример, Библијата го спомнува пролевањето невина крв од страна на злобни жени како што се Језавела, Готолија и Иродијада (3. Царства 18:4, 13; 2. Летописи 22:10—12; Матеј 14:1—11).

Значи, на целото човештво му е потребен Божјиот нов свет, под неговата влада на Царството. Наскоро, кога ќе осамне тој ден, никогаш повторно нема да бидат дискриминирани ниту жените ниту мажите ниту, пак, ќе се постапува лошо со нив. Наместо тоа, секој ден ќе биде ден на „извонредна радост“ за секого (Псалм 37:11, NW).

[Слика на страница 13]

Христијанските сопрузи ги следат библиските упатства и затоа ги почитуваат и им оддаваат чест на своите сопруги

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели