ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/12 стр. 3
  • Препуштени на морето од реклами

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Препуштени на морето од реклами
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Уметноста на убедувањето
    Разбудете се! 1998
  • Моќта на рекламирањето
    Разбудете се! 1998
  • ТВ — „потаен учител“
    Разбудете се! 2006
  • Царството се објавува веќе еден век!
    Нашата служба за Царството 2014
Разбудете се! 1998
g98 8/12 стр. 3

Препуштени на морето од реклами

„ТАТО, што треба да рекламира месечината?“ Ова чудно прашање што го поставило едно дете се појавило во поемата што ја напишал Карл Сандбург пред околу 50 години. Во иднина тоа прашање можеби нема да изгледа толку чудно. Според списанието New Scientist, двајца директори за реклама во Лондон работат на еден план да користат рефлектирана светлина од Сонцето за да проектираат реклами на површината на Месечината.

Замислете си само како би било кога Месечината би се користела како огласна табла! Замислете си да се рекламира некоја пропагандна порака пред публика од целиот свет, порака која гледачите не можат да ја исклучат, да ѝ спуштат слушалка, да ја фрлат во ѓубре или да ја исклучат со далечинскиот управувач. Таквата идеја можеби нема да Ве воодушеви, но за други тоа би било еден исполнет сон.

Иако рекламирањето сѐ уште не стигнало до Месечината, тоа ја проголтало земјата. Повеќето американски списанија и весници резервираат 60 проценти од своите страници само за реклами. Само неделното издание на The New York Times може да содржи 350 страници со реклами. Некои радио-станици секој час посветуваат по 40 минути на реклами.

Тука е и телевизијата. Според една проценка, младите Американци гледаат по три часа телевизиски реклами секоја седмица. До завршувањето на средното училиште, тие ќе бидат изложени на 360.000 ТВ реклами. Телевизиите рекламираат на аеродромите, во чекалните на болниците и во училиштата.

Големите спортски настани сега се големи рекламни настани. Тркачките автомобили служат како брзоподвижни огласни табли. Некои атлетичари го добиваат поголемиот дел од своите пари од рекламите. Еден врвен кошаркар заработил 3,9 милиони долари играјќи кошарка. Рекламерите му платиле девет пати поголема сума за да ги рекламира нивните производи.

Нема бегање. Рекламните огласи се изложени на ѕидовите, на автобусите и на камионите. Ја красат внатрешноста на таксијата и на подземните железници — па дури и вратите на јавните тоалети. Аудио пораките викаат по нас во супермаркетите, продавниците, лифтовите и додека чекаме линија на телефон. Во некои земји преку пошта пристигнуваат толку многу реклами што многу примачи директно одат од поштенското сандаче до најблиската корпа за отпадоци за да ја фрлат шунд поштата.

Според Insider’s Report, издаден од Мекен—Ериксон, една светска рекламна агенција, се проценува дека вкупниот износ пари потрошени на рекламирање ширум светот во 1990 бил 275,5 милијарди долари. Оттогаш цифрата се искачила на 411,6 милијарди долари за 1997 и надминала 434,4 милијарди за 1998. Навистина, голема пара!

Каков е ефектот од сето тоа? Еве како се изразила една аналитичарка: „Рекламирањето е една од најјаките социјализирачки сили во културата . . . Рекламите продаваат нешто повеќе отколку само производи. Тие продаваат имиџи, принципи, цели, замисли за тоа кои сме и кои би требало да бидеме . . . Тие ги обликуваат нашите ставови, а нашите ставови го обликуваат нашето однесување“.

Бидејќи не можете да побегнете од рекламирањето, зошто не дознаете како функционира тоа и како може да влијае врз Вас?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели