ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/6 стр. 16-19
  • Истражување на величествени водопади

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Истражување на величествени водопади
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Водопадите Нгоње
  • Водопадите Лумангве
  • Водопадите Каламбо
  • Најголемото богатство на Замбија
  • Кабалега — уникатното делче на Нил во Уганда
    Разбудете се! 2011
  • Нијагарините Водопади — вечен скапоцен камен на Америките
    Разбудете се! 1993
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Јеховините сведоци ширум светот — Замбија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/6 стр. 16-19

Истражување на величествени водопади

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЗАМБИЈА

ДО 1855, шкотскиот мисионер и истражувач Дејвид Ливингстон веќе со години патувал низ Африка — континент што во тоа време главно бил непознат за останатиот свет. Додека одел на исток, по должината на огромната река Замбези, слушал како локалните домородци зборуваат со страхопочит за огромните водопади што биле пред нив. Поради огромната бучава и водна пареа што ја создавале, домородците ги нарекле Моси-оа-Туња, што значи „Чадот што грми“.

Ливингстон бил решен одблизу да ги види тие водопади, кои денес се познати како Викториини водопади. Опишувајќи ја првата глетка, тој напишал: „Исполнет со страхопочит, полека доползив до работ и ѕирнав надолу во една огромна провалија што се протегаше од едниот до другиот брег на широката река Замбези. Видов како реката широка илјадници метри прави скок од височина од 30 метри надолу и потоа одеднаш се собира во корито широко 15 до 20 метри“.

Денес се смета дека во периодите кога реката е надојдена, Викториините водопади, кои се наоѓаат на границата помеѓу Замбија и Зимбабве, се најбујни водопади во светот! Во тие периоди, порој од 545 милиони литри вода во минута паѓа во една огромна бездна со височина од 108 метри. Потоа, целата таа вода од Замбези забрзано се слева низ една длабока змиулеста клисура широка околу 65 метри. Поради овие уникатни географски карактеристики, Викториините водопади претставуваат навистина чудесна глетка.

И околината на овие водопади го одзема здивот со својата убавина. Установена како национален парк, таа е дом на прекрасна разновидност на дрвја и растенија, како и на најразлични фасцинантни животни — нилски коњи, слонови, жирафи, гнуа, зебри, па дури и лавови. Прекрасни птици, како што се орлите и еден редок вид соколи, свиваат гнезда на острите и карпести гребени.

Како што рекол самиот Ливингстон, „ништо од она што може да се види во Англија не може да се спореди со убавината на таа глетка. Ниеден Европеец нема видено такво нешто; само ангелите во лет мора да се восхитувале на тие толку убави сцени“. Денес, речиси 150 години откако Ливингстон првпат го видел тоа место и го нарекол Викториини водопади, во чест на англиската кралица Викторија, секоја година доаѓаат стотици илјади луѓе од целиот свет за да ја видат со свои очи нивната величественост.

Викториините водопади со право заслужуваат да бидат означени како „чудо на природата“.

Но, и многу други помалку познати водопади на бројните големи реки во Замбија просто заслепуваат со својата убавина. Ајде заедно да посетиме некои од нив.

Водопадите Нгоње

Еден топол, сув ноемвриски ден, околу две години пред да ги здогледа за првпат Викториините водопади, Ливингстон пристигнал на водопадите Нгоње, познати и како водопади Сиома. Тој напишал: „Островите што се наоѓаат над водопадите се прекриени со најубавите зелени крошни од лисја. Глетката од една карпа над водопадите беше најубавото нешто што го бев видел дотогаш“. Посетителите на водопадите Нгоње денес од сѐ срце се согласуваат со она што го рекол Ливингстон.

Ливингстон раскажал: „Неколку километри под мене, реката се стеснува во едно тесно корито не пошироко од стотина метри. Огромната маса од разбранувана и распенета вода остава впечаток како да врие, така што дури и највештиот пливач тешко би можел да се одржи на површината“.

Водопадите Лумангве

Голем број од другите водопади во Замбија се изолирани и незагадени. Тие се различни по големина. На пример, водопадите Лумангве изгледаат како минијатурна верзија на Викториините водопади. Но, тие воопшто не се мали. Еден од нив е висок околу 30 метри, а широк преку 100 метри. На водната пареа што се крева од овие водопади се должи опстанокот на една мала дождовна шума.

Водопадите Каламбо

Највисоките водопади во Замбија се водопадите Каламбо. Тие се спуштаат од една висорамнина и течат кон Големата раседна долина на Африка. Високи се над 200 метри и паѓаат директно по голи карпести гребени, каде што во сушните периоди се гнездат марабу штрковите — ретки џиновски птици.

„Водопадите Каламбо се втори по височина водопади со непрекинат пад во Африка [по водопадите Тугела во Јужна Африка], а во светот се на дванаесетто место — тие се повеќе од двапати повисоки од Викториините водопади“, стои во публикацијата National Monuments of Zambia (Државни споменици на Замбија).

Иако е тешко да се стигне до овие водопади, локалниот писател К. А. Кармби ги опишува како „една од најнезаборавните глетки во Африка“. Тој предвидува: „Ќе помине долго време пред овие водопади да станат дел од редовните туристички екскурзии . . . Само малкумина среќници успеваат да стигнат до Каламбо“.

Навистина, не е лесно да се дојде до многу од водопадите и другите природни убавини на Замбија. Во горенаведеното дело стои дека до некои од нив „може да се стигне само со Лендровер и тоа по тешко прооден терен, а до други само пеш“. Се разбира, тоа и ги прави овие места толку посебни. Сепак, посетителите се добредојдени. Г-н Кагоси Муамулове, геолог од Комисијата за зачувување на националното наследство на Замбија, објаснува дека нивна цел е да им се овозможи на луѓето да уживаат во овие прекрасни места, а истовремено и да ја заштитат нивната недопрена убавина.

Најголемото богатство на Замбија

Во својата книга Zambia, писателот Ричард Воган забележува: „Замбија и понатаму е земја на многу природни убавини, чиј голем дел останува непознат за посетителите, но и за самите Замбијци . . . Оваа земја е благословена со неверојатно живописни езера, реки, шуми и планини“. Но, најголемото богатство на оваа земја е нешто друго.

„Нејзините жители се познати по својата срдечност, ведрина и издржливост“, вели Воган. Како што рекол еден друг писател, Дејвид Бристоу, „срцето на Замбија се нејзините луѓе, топли како африканското сонце“. Ако некогаш дојдете да го посетите овој прекрасен дел од светот, сигурни сме дека ќе се согласите со овие зборови.

[Карта/слики на страница 18]

(Види во публикацијата)

ТАНЗАНИЈА

ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА КОНГО

АНГОЛА

ЗАМБИЈА

ВОДОПАДИТЕ КАЛАМБО

ВОДОПАДИТЕ ЛУМАНГВЕ

Лусака

ВОДОПАДИТЕ НГОЊЕ

ВИКТОРИИНИ ВОДОПАДИ

ЗИМБАБВЕ

МОЗАМБИК

ИНДИСКИ ОКЕАН

[Слики]

Водопадите Лумангве — „минијатурни Викториини водопади“

Водопадите Нгоње — „повеќето денови ќе бидете единствените посетители“

Водопадите Каламбо — двапати повисоки од Викториините водопади

[Извори на слики]

Водопадите Лумангве и Нгоње: Marek Patzer/www.zambiatourism.com; карта: Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

[Слика на страници 16 и 17]

Викториините водопади — „Чадот што грми“

[Извор на слика]

Marek Patzer/www.zambiatourism.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели