ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/7 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Овците паметат лица
  • ТВ поттикнува на агресивност
  • Дигањето тегови ја намалува депресијата кај пензионерите
  • Пријателство меѓу животните
  • Кога поголемото не е подобро
    Разбудете се! 1997
  • Колку добро ја познаваш Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2013
  • Го набљудуваме светот
    Разбудете се! 2003
Разбудете се! 2005
g05 8/7 стр. 30

Поглед во светот

Овците паметат лица

За списанието New Scientist, невробиологот Кит Кендрик напишал: „Откривме дека овците можат да ги препознаат лицата на најмалку 50 други овци и 10 луѓе“. Кендрик и неговиот тим откриле дека откако гледале шеесет исти лица во период од неколку седмици, овците ги запамтиле сите лица кои ќе им останат во сеќавање „најмалку две години“. Овците не само што ги препознаваат лицата, туку, како и луѓето, можат „според изразите на лицето да ги препознаат емоциите“. Во списанието се известува дека овците „можат да разликуваат различни изрази кај луѓето, и дека можат да ги забележат промените на лицето на вознемирените овци. Исто така, кај луѓето повеќе сакаат насмеани отколку намуртени лица“. Истражувачите откриле дека „лицата на луѓето што се грижат за овците на крајот можат да бидат ставени во иста категорија со некоја овца од стадото што им е добро позната“. Кендрик вели: „Всушност, пријателски настроените луѓе стануваат почесни овци. Ова покажува дека овците се многу приврзани за своите овчари“.

ТВ поттикнува на агресивност

Според едно истражување за кое пишуваше лондонскиот весник The Times, „гледањето телевизиски сапуници поттикнува различни видови антисоцијално однесување кај децата, меѓу кои и клеветење, оговарање, ширење гласини, разорување на врските помеѓу луѓето и вербално малтретирање“. Во весникот се вели дека ова истражување, што било изнесено пред Британското здружение на психолози, покажало дека има „голема врска“ помеѓу гледањето ваква индиректна агресивност на ТВ и антисоцијалното однесување на адолесцентите. Во најлошите сапуници во просек има по 14 случаи на клеветење за еден час. Психологот Сара Којн од Универзитетот на централен Ланкастер во Англија, изразува загриженост затоа што индиректната агресивност што „постојано и долготрајно“ се прикажува како нешто што е оправдано, привлечно или што донесува добри резултати им дава лош пример на младите.

Дигањето тегови ја намалува депресијата кај пензионерите

Едно истражување покажа дека „дигањето тегови може да ја намали депресијата кај постарите луѓе за 50 проценти“, известува весникот The Australian. Според геријатарот д-р Налин Синг од сиднејската болница Royal Prince Alfred, во лечењето на депресијата кај постари лица дигањето тегови може да има ист ефект како и терапијата со лекови. Во текот на истражувањето, во кое беа опфатени 60 мажи и жени со просечна старост од 72 години, дури и кај оние што правеле само полесни вежби имало „30 проценти помалку депресија, исто како и кај оние што не дигале тегови туку биле на стандардна медицинска нега“, вели The Australian. Освен што ја совладува депресијата, дигањето тегови ги зајакнува „остарените коски и мускули, а тоа ги штити постарите од паѓање. Исто така, помага при контролата на артритисот, дијабетесот и високиот крвен притисок“, вели овој весник. Синг смета дека дигањето тегови „треба да се препорача како главна метода за лекување на депресијата, особено кај постарите луѓе“.

Пријателство меѓу животните

Земјоделците и сточарите веќе одамна претпоставувале, но најновото научно истражување на биологот Ања Василевски потврди дека копитарите можат да развијат блиски пријателства со другите животни од нивното стадо. Според Василевски, која набљудувала коњи, магариња, говеда и овци, животните го покажуваат своето пријателство така што честопати стојат блуску едно до друго, се допираат со телата додека се одмораат или додека јадат, ја делат храната или се чистат едно со друго. На пример, овците ќе се допрат со главата до некоја друга овца што ја сметаат за пријател ако таа имала закачка со некоја друга овца. Изгледа дека ваквото однесување ги смирува и ги теши овците, се известува во германскиот весник Die Zeit. Магарињата обично имаат само еден пријател, но нивните пријателства траат подолго. Меѓутоа, не сакајќи да се однесуваат со животните како со луѓе, истражувачите се претпазливи кога станува збор за нагаѓања во врска со функцијата и влијанието од таквите друштвени врски.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели