ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/07 стр. 18
  • Неочекувана средба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неочекувана средба
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2007
  • Острови во изградба
    Разбудете се! 1998
  • Од разбеснет вулкан до мирен остров
    Разбудете се! 2000
  • Големиот остров
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 2/07 стр. 18

Неочекувана средба

ЈАС и моите пријатели со радост очекувавме да го посетиме хавајскиот остров Мауи. Особено сакавме да го видиме изгрејсонцето од врвот на вулканот Халеакала, кој се издига на височина од 3.055 метри. Мнозина што биле таму велеа дека тоа е едно незаборавно искуство. Единствената лоша страна беше тоа што моравме да станеме во 2 часот по полноќ и да возиме од Капалуа, каде што бевме сместени, до другиот крај на островот. А потоа нѐ чекаше возење по кривини до врвот на планината. Бидејќи беше многу рано, си мислевме дека ќе бидеме единствените на патот. Но, бевме изненадени! Пред нас и зад нас се извиваше цела колона од возила кои полека се искачуваа кон врвот по кривулестиот пат. Кога стигнавме горе, беше доста свежо. Но, си имавме понесено ќебиња за да се згрееме.

Околу 6 часот, неколку стотици луѓе со нетрпение го чекаа изгрејсонцето. Во воздухот се чувствуваше возбуда. Фотоапаратите беа во рацете, спремни да ја овековечат величествената глетка. Но, одеднаш — изненадување! Не можевме да си поверуваме на очите — токму во тој момент една густа маса облаци почна да се спушта во кратерот и нѐ спречи да ги направиме нашите историски фотографии! Сепак, бевме свесни дека вакво нешто може секогаш да се случи на планините близу до Тихиот Океан. Немавме друг избор освен да се помириме со ова и да почекаме да се расчистат облаците под жегата на сонцето кое полека се креваше над вулканот. И тогаш — уште едно изненадување! Пред нас полека се отвори прекрасна глетка на самиот кратер испресечен со планинарски патеки. И покрај сѐ, патот не беше залуден!

Одеднаш зачувме чуден звук — испрекинато квакање кое завршуваше со нешто како „чаКАР, чаКАР“. А веднаш потоа видовме и од каде доаѓаше овој звук. Тоа беше една прекрасна евроазиска птица од семејството еребици — камењарка или планинска потполошка — чие латинско име е Alectoris chukar. Во сезоната за парење, оваа птица го минува најголемиот дел од времето на земјата, каде што прави гнезда. Наместо да се обиде да одлета, таа трчајќи побегна.

Како стигнала една ваква птица на рајскиот остров Мауи? Очигледно овие птици биле донесени таму. Во Северна Америка, тие обично се одгледуваат, а потоа се пуштаат во дивината за да бидат ловени. За нас беше чест што барем имавме можност одблизу да ја видиме оваа срамежлива птица. (Приложено.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели