Случајно или создадено?
Твоето сетило за вкус
◼ Веднаш штом ќе каснеш од твојата омилена храна, можеш да го почувствуваш нејзиниот вкус. Зошто?
Размисли: На јазикот, како и на некои други делови од устата и грлото, има групи од кожни клетки наречени телца за вкус. Многу од нив се наоѓаат во папилите на површината на јазикот. Само едно телце за вкус може да има и до сто рецепторни клетки. Секоја рецепторна клетка може да препознае по еден од четирите вкусови — кисело, солено, благо и горчливо.a Лутото, всушност, и не е вкус бидејќи лутото ги дразни рецепторите за болка, а не телцата за вкус! Како и да е, рецепторните клетки за вкус се поврзани со сетилните нерви, кои пренесуваат сигнали до продолжениот мозок веднаш откако ќе се надразнат од хемиските состојки во храната.
Меѓутоа, устата не е единствениот орган што ти помага да ја вкусиш храната. Многу важна улога во овој поглед имаат и петте милиони рецептори за мирис во твојот нос, со кои можеш да разликуваш околу 10.000 миризби. Се проценува дека околу 75 отсто од „вкусот“, всушност, го создаваат мирисите.
Научниците направија вештачки, електрохемиски нос со сензори што реагираат на хемиски гас. Сепак, според списанието Research/Penn State, неврофизиологот Џон Кауер изјавил: „Секоја имитација на она што е во природата секогаш ќе биде многу проста во споредба со оригиналот, кој има прекрасна и сложена структура“.
Факт е дека сетилото за вкус ни помага да уживаме во храната. Истражувачите научиле многу за тоа како функционира ова сетило, но сѐ уште не можат да откријат зошто на луѓето еден вкус им се допаѓа повеќе, а друг помалку. „Научниците можеби ги сфаќаат основните биолошки процеси во човечкото тело, но не знаат сѐ за нашите сетила за мирис и вкус“, стои во списанието Science Daily.
Што мислиш? Дали твоето сетило за вкус настанало случајно или било создадено?
[Фуснота]
a Неодамна, некои научници утврдија дека постои и вкусот умами, кој го создаваат солите на глутаминската киселина. Во групата вакви соли спаѓа засилувачот на арома познат како мононатриум глутамат.
[Графикон/слика на страница 26]
(Види во публикацијата)
попречен пресек на јазикот
[Графикон]
папили
[Извор на слика]
© Д-р Џон Д. Канингам/Visuals Unlimited