Посебен дар за човештвото
ЛУЃЕТО немаат потреба само од воздух, храна и вода. За да бидеме вистински среќни, мораме да ги задоволиме нашите духовни потреби. Мораме да знаеме која е смислата на животот и зошто сме тука. Од таа причина, Исус рекол: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби, зашто нивно е царството небесно“ (Матеј 5:3).
Бог овозможил да ги задоволиме овие потреби со помош на Библијата — најраспространетата света книга во светот, која во целина или делумно сега е преведена на околу 2.400 јазици (2. Тимотеј 3:16). Во неа на едноставен начин е кажано дека Бог ја создал вселената и целокупниот жив свет на Земјата (1. Мојсеева, 1. и 2. поглавје). Оваа книга ни кажува и дека тој создавал во текот на шест „денови“, односно периоди, чиј редослед е во склад со главната поделба на геолошки етапи, која ја направиле научниците.
Библијата ни открива и каква намера има Бог со човештвото. Во Псалм 37:29 стои: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“. Забележи дека праведниците, т.е. оние што се држат за библиските начела, ќе живеат вечно, но не на небото, туку на Земјата. Се разбира, Земјата нема да биде загадена, како што е денес — напротив, целата ќе биде претворена во рај (Псалм 104:5; Лука 23:43).
Знаење кое води до живот
Нашата планета ќе стане рај и во физичка и во духовна смисла. Во Исаија 11:9 пишува: „Земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“. Ова знаење, кое продира длабоко во срцето, уште сега ги поттикнува вистинските христијани да живеат во мир и слога еден со друг. Тие сосема сериозно ги сфаќаат зборовите на Исус, кој во молитва рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).
Ако сакаш да дознаеш повеќе за надежта што ја дава Библијата, Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат, и тоа бесплатно.a
[Фуснота]
a Со Јеховините сведоци би можел да контактираш и преку веб-страницата www.watchtower.org