ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/12 стр. 4
  • Организирај се

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Организирај се
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како да излезам на крај со домашните задачи?
    Младите прашуваат
  • Како да најдам време за домашните задачи?
    Разбудете се! 2004
  • ‚Стварно е премногу!‘
    Разбудете се! 2009
  • Што да правам со толку многу домашни задачи?
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 10/12 стр. 4

Организирај се

Со малку труд да се организираш можеш многу да добиеш — повеќе време, помалку стрес и подобри оценки.

ЗАМИСЛИ дека влегуваш во продавница да купиш нешто, но артиклите во витрините немаат никаков ред. Колку време ќе ти треба да го најдеш она што го бараш? Нема ли да ти биде полесно ако сѐ е уредно наместено и ако одделите се јасно означени? Истиот принцип важи и за школувањето. Во која смисла?

Направи си распоред

„Еднаш, не само што заборавив да си ја напишам домашната туку и низ дома ништо не завршив затоа што цел викенд го поминав кај еден другар“, вели Закари (18) од САД. „Во понеделникот, морав да ги молам професорите да ја предадам домашната подоцна. Сега си правам список за да не заборавам што сѐ треба да завршам.“

И на Селестина од Папуа Нова Гвинеја ѝ помагало тоа што си правела списоци. За своите школски денови, таа вели: „Си правев распоред за сѐ — домашни задачи, тестови и дружење. Ова ми помогна да си поставувам приоритети и да си ги завршувам работите навреме“.

Предлог: Направи си список со работи што треба да ги завршиш. Би можел да користиш бележник, мобилен телефон или друг уред.

Не одложувај

Лесно е да речеш: „Ќе го завршам тоа после“. Но, колку порано толку подобро — ова особено важи за домашните задачи.

Предлог: Постави си цел да си ја напишеш домашната и да научиш веднаш штом ќе дојдеш дома. Не го вклучувај телевизорот и не се зафаќај со нешто друго додека не завршиш.

Сѐ нека ти биде спремно

Ти се случило ли да отидеш на училиште и да сфатиш дека си го заборавил учебникот, пенкалото, тетратката? Можеш да го избегнеш тоа. Како? „Секогаш си го спремав ранецот однапред“, вели Аунг Мјо Мјат од Мјанмар.

Предлог: Чантата или ранецот секогаш нека ти бидат уредно спакувани за да можеш полесно да си ги најдеш работите.

Заклучок: Ако си организиран, нема да забораваш работи, нема да доцниш и нема да имаш чувство дека никогаш немаш време за други важни работи.

Спремен ли си да почнеш? Размисли за едно подрачје на кое треба да се организираш подобро. Потоа, со родителите или со некој пријател дискутирајте како би можел да се подобриш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели