ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g25 Бр. 1 стр. 4-5
  • Прифати ја реалноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прифати ја реалноста
  • Разбудете се! 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ
  • Инфлацијата во светот вртоглаво расте — Што вели Библијата?
    Разно
  • Содржина
    Разбудете се! 2025
  • Не губи надеж
    Разбудете се! 2025
  • Мудро управувај со парите
    Разбудете се! 2025
Повеќе
Разбудете се! 2025
g25 Бр. 1 стр. 4-5
Слики: 1. Една жена е на пазар и во својата рака држи домат. 2. Таа ѝ плаќа на продавачката за она што го купува.

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО РАСТЕЧКИТЕ ЦЕНИ

Прифати ја реалноста

Кога цените растат постепено, можеби не го забележуваме тоа, особено ако паралелно со нив се покачуваат и платите. Меѓутоа, кога цените нагло скокаат, а платите тапкаат во место, може да станеме загрижени и да бидеме под стрес, посебно ако треба да издржуваме семејство.

Не можеме да спречиме трошоците за живот да растат. Но тоа што ќе го прифатиме овој факт, всушност, може да ни користи.

ЗОШТО Е ВАЖНО

На луѓето што сфаќаат дека немаат контрола врз растечките цени полесно им е да...

  • останат смирени. Кога сме смирени, размислуваме појасно и носиме подобри одлуки.

  • избегнат лоши навики. На пример, лоша навика би било да не се плаќаат сметките или да се трошат пари на непотребни работи.

  • избегнат кавги во семејството во врска со парите.

  • изнајдат начини да се справат со проблемот, што може да вклучува правење промени во приоритетите и во навиките на трошење.

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Биди приспособлив. Во периоди на висока инфлација, доколку е можно, мудро е да трошиме помалку и да го купуваме само она што ни е потребно. Некои луѓе се обидуваат да живеат на висока нога иако реално тоа не можат да си го дозволат. Ова е како да се обидуваат да пливаат спротивно на течението на една брза река. Така, само се исцрпуваат. Доколку имаш семејство, нормално е да се грижиш како ќе му го обезбедиш она што му е потребно. Сепак, имај го на ум следново: На членовите на твоето семејство им се потребни љубов, време и внимание повеќе од што и да е друго.

„Кој од вас може со својата загриженост барем малку да си го продолжи животниот век?“ (Лука 12:25).

„Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло“ (Матеј 6:34).

Да се обидуваш да живееш на висока нога, иако тоа реално не можеш да си го дозволиш, е како да се обидуваш да пливаш спротивно на течението на една брза река

Фазилиа.

„Како што прорекла Библијата во 2. Тимотеј 3:1, ние живееме во ’особено тешки времиња‘. Затоа не сум изненадена од економските проблеми и од порастот на цените. Се трудам да бидам приспособлива така што гледам да не трошам пари на непотребни работи“ (Фазилиа, Азербејџан).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели