Годишен состанок — 5. октомври 1991
ГОДИШНИОТ СОСТАНОК на членовите на Библиското и трактатно друштво Стражарска кула од Пенсилванија (Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania) ќе биде одржано на 5. октомври 1991 во Конгресната сала на Јеховините сведоци, 2932 Kennedy Boulevard, Jersey City, New Jersey. Уводниот состанок кој ќе се одржи само за членовите ќе биде свикан во 9.30, после кое во 10.00 часот ќе уследи редовниот годишен состанок.
Членовите на корпорацијата би требало веднаш да ја известат канцеларијата на секретарот за секоја промена во своите поштенски адреси во изминатата година за да можат редовните писма на известувања и ополномоштувања да стигнат непосредно по 1. август.
Ополномоштувањата, кои ќе им бидат испратени на членовите заедно со поканата за годишниот состанок, треба да бидат вратени за да стигнат во канцеларијата на секретарот на Друштвото пред 15. август. Секој член треба навреме да го пополни и врати своето ополномоштување и да наведе дали ќе биде лично присутен на состанокот или не. Податокот на ополномоштувањето треба да биде јасен по тоа прашање, бидејќи ќе се смета на тие податоци при утврдувањето кој ќе биде лично присутен.
Се очекува дека целиот состанок, вклучувајќи го и вообичаениот деловен состанок и извештаите, ќе заврши околу 13.00 часот. Попладневна програма нема да има. Поради ограничениот простор, пристапот ќе биде дозволен само за оние со влезници. Нема да се прават подготовки други сали по пат на телефон да бидат поврзани со годишниот состанок.