Годишен состанок — 3. октомври 1992
ГОДИШНИОТ СОСТАНОК на членовите на Библиското и трактатно друштво Стражарска кула од Пенсилванија (Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania) ќе се одржи на 3. октомври 1992, во Конгресната сала на Јеховините сведоци, 2932 Kennedy Boulevard, Џерси Сити, Њу Џерси. Уводниот состанок, кој ќе се одржи само за членовите, ќе биде свикан во 9.30, а потоа во 10.00 часот ќе уследи редовниот годишен состанок.
Членовите на корпорацијата би требало веднаш да ја известат канцеларијата на секретарот за секоја промена во своите поштенски адреси во измината година за да можат редовните писма со известувања и ополномоштувања да стигнат непосредно по 1. август.
Ополномоштувањата, кои ќе им бидат испратени на членовите заедно со поканата за годишниот состанок, треба да се вратат за да стигнат во канцеларијата на секретарот на Друштвото пред 15. август. Секој член треба навреме да го пополни и врати своето ополномоштување и да наведе дали ќе биде лично присутен на состанокот или не. Податоците на ополномоштувањето треба да бидат јасни по тоа прашање, бидејќи ќе се смета на тие податоци при утврдувањето кој ќе биде лично присутен.
Се очекува целиот состанок, вклучувајќи го и вообичаениот деловен состанок и извештаите, да заврши околу 13.00 часот. Попладневна програма нема да има. Поради ограничениот простор, влезот ќе биде дозволен само за оние со влезници. Нема да се прават подготовки други сали да бидат телефонски поврзани со годишниот состанок.