ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/8 стр. 13-18
  • Обилната доброта на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обилната доброта на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Божјата доброта
  • Доброта покажана во творештвото
  • Падот на човештвото и избавување
  • Божјата доброта денес
  • Јехова — ненадминливиот пример на доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • „Колку е голема твојата добрина“
    Приближи му се на Јехова
  • Доброта — како можеш да ја развиваш оваа особина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Продолжи да покажуваш доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/8 стр. 13-18

Обилната доброта на Јехова

”Колку е обилна твојата доброта, која си ја зачувал за оние кои се плашат од тебе!“ (ПСАЛМИ 31:19, NW).

1, 2. (а) Кое огромно дело го презел Јехова во одредено време во далечното минато? (б) Како го опишал Јехова резултатот на своите активности на создавање?

ВО ОДРЕДЕНО време Бог почнал да го создава ’небото како Негов престол, а земјата — како подножје на Неговите нозе‘ (Книга пророк Исаија 66:1). Божествениот запис не открива кога тоа се случило. Тој едноставно изјавува: ”Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1). Во текот на периодот на создавање, биле формирани неброени милиони галаксии, од кои многу содржат илјадници милиони ѕвезди. Кон надворешниот раб на една таква галаксија се наоѓала една светла ѕвезда околу која кружеле многу релативно мали, темни планети. Една од нив била наречена Земја. Во споредба со големите, сјајни ѕвезди, Земјата била безначајна. Сепак, Јехова имал намера токму тоа да биде подножје на неговите нозе.

2 Така Јехова ги насочил своите создавачки способности кон планетата Земја. ”Првородениот пред секоја твар“ бил покрај него како Главен Работник додека таа мала, темна маса се менувала во текот на шест долги создавачки ”дена“. Така таа симболички, станала прикладно место за починка на Божјите нозе (Колосјаните 1:15; 2. Мојсеева 20:11; Изреките 8:30). Тука Бог имал намера да смести нов облик на интелигентен живот: човештво. Првата човечка двојка, создадена од елементите на земјата, била сместена во прекрасна рајска околина (1. Мојсеева 1:26, 27; 2:7, 8). Конечниот резултат на овој извонреден чин на создавање бил толку совршен, толку убав, што Библијата ги открива Божјите чувства изутрината — последниот дел — од шестиот создавачки ден: ”И виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал“ (1. Мојсеева 1:31).

Божјата доброта

3. Која истакната Божја особина е откриена во творештвото?

3 Илјадници години подоцна, еден потомок на таа прва човечка двојка се осврнал на времето на создавање и напишал: ”[Божјите] невидливи особини, неговата вечна моќ и божество, набљудувани по нивните дела, се забележуваат од постанокот на светот“ (Римјаните 1:20, Ст). Да, величественото совршенство на Земјата и суштествата на неа навистина биле одраз на Божјите невидливи особини — од кои е многу важна Божјата обилна доброта. Колку тогаш било соодветно што Бог објавил дека сѐ што создал било добро! (Псалми 31:19).

4, 5. Што е доброта?

4 Добротата е шестото обележје на плодовите на Божјиот дух кои апостол Павле ги опишал во Галатјаните 5:22. Во претходните студиски статии во списанието Стражарска кула се расправаше за првите пет плодови на духот, покажувајќи ја нивната важност во развивањето на зрела христијанска личност.a Сепак, од пресудна важност е да не ја забораваме добротата! Затоа, нашето внимание сега го насочуваме кон оваа особина.

5 Што е доброта? Тоа е особина или состојба да се биде добар. Тоа е морална одлика, доблест. Значи, тоа е позитивна особина која се изразува преку вршењето на добри и корисни дела за другите. Како можеме да ја покажуваме оваа нежна особина? Во основа, така што ќе го имитираме Јехова. Затоа, пред да разгледаме понатаму како можеме ние како поедини христијани да покажуваме доброта, да ја испитаме добротата што нашиот љубезен Бог Јехова ја покажал во грижата и постапувањето со човечката фамилија.

Доброта покажана во творештвото

6. Што го поттикнало Јехова да создаде други интелигентни облици на живот?

6 Што го поттикнало нашиот небесен Татко во почетокот да ја подели својата радост на животот со интелигентни живи суштества? Апостолот Јован одговара на тоа прашање кога вели: ”Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Да, несебичната љубов го поттикнала големиот Извор на животот да создаде други животни облици, така што некои од нив ги обезбедил со небесен дом, а другите со земски дом. Се разбира, малку знаеме за тоа какво е небото или какви се небесните суштества. Тие се духови — невидливи за човечки очи — а нивниот дом е во духовното подрачје. Но, погледни наоколу по земскиот дом кој те опкружува и кој Јехова го подготвил за своите човечки деца. И размисли за самото човештво. Тогаш ќе почнеш и самиот да го гледаш силниот доказ на Божјата доброта.

7-9. Како се гледа Божјата доброта од начинот на кој ја создал Земјата и човекот на неа?

7 Јехова им дал на нашите први родители живот. И повеќе од тоа, тој овозможил животот да биде мошне пријатен, радосен. Како прво, го создал нивниот дом, Земјата, со ротација, температура и атмосфера, а сѐ било токму онакво какво што требало. Ставил во движење кружни текови на вода, азот и кислород кои совршено дејствувале на корист и задоволство на луѓето. Ја послал површината на Земјата со илјадници видови билки, некои за храна за човекот, а некои посебно угодни за окото. Го исполнил небото со птици кои даваат многу задоволство со своите бои и песни. Ги исполнил морињата со јата риби, а земјата со многу видови животни, од кои некои се диви, а некои можат да се припитомат. Каква извонредна дарежливост! И каков доказ на доброта на Божјето срце! (Псалм 104:24, ДК).

8 А сега погледни го начинот на кој Бог го создал човекот. Неговите раце, нозе и дланки се токму тоа што му треба за да може лесно да ја одржи рамнотежата и движењето. Така може да набави храна и други потребни работи од материјалите кои обилно се наоѓаат на Земјата околу него. Јехова му дал сетило за вкус така што јадењето и пиењето да не бидат само механички постапки кои се вршат за добивање на енергија — како кога ќе се вклучи апарат во електричен штекер. Не, јадењето и пиењето биле предвидени да пружат задоволство, не само да го наполнат стомакот туку и да го дразнат сетилото за вкус. Јехова исто така му дал на човекот уши и го опкружил со мноштво звуци за да ушите уживаат во тоа. Какво задоволство е да се слуша смирувачкото жуборење на потокот кој тече, гукањето на грлицата или радосниот смев на бебето! Да, благодарение на Божјата доброта, и покрај сите лоши работи кои се случиле од создавањето па наваму, сѐ уште е радост да се биде жив.

9 Погледни ги и другите наши сетила. Колку многу разновидни, прекрасни бои постојат кои се угодни за нашите очи! И колку смирувачки да се помириса слаткиот мирис на цвеќето! Не е чудно што псалмистот извикал пред Јехова: ”Ќе те фалам, зашто сум создаден на начин кој влева стравопочитување. Твоите дела се прекрасни“ (Псалми 139:14, NW).

Падот на човештвото и избавување

10. Како повеќето луѓе реагирале на Божјата доброта, но како сепак продолжуват да извлекуваат корист од неа?

10 За жал, со тек на времето, нашите први родители покажале недостаток на ценење за сета Божја доброта спрема нив. Тоа го покажале тогаш кога не ги послушале Јеховините заповести и ја прекршиле единствената забрана што им ја поставил. Како резултат на тоа, тие и нивното потомство дошле до жалост, страдање и смрт (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:16-19; Римјаните 5:12). Низ милениумите кои поминале после тој чин на непослушност, повеќето од човештвото покажало незаинтересираност или недостаток на ценење за Божјата доброта. Но и покрај тоа, луѓето кои не се благодарни и кои немаат ценење сѐ уште извлекуваат корист од Божјата доброта. На кој начин? Апостол Павле им објаснил на жителите на Листра во Средниот Исток: ”[Бог] не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост“ (Дела 14:17).

11. На кој начин Божјата доброта оди подалеку од тоа да обезбеди прекрасен дом за човештвото?

11 Но Божјата доброта не била ограничена на натамошно пружање на угодни подготовки кои го поддржуваат животот, со кои изобилува Земјата. Не, тој направил уште повеќе. Јехова се покажал спремен да ги прости гревовите на Адамовото потомство и да продолжи да негува односи со верните од човештвото. Тоа обележје на Божјата доброта му била укажана на Мојсеј кога Јехова ветил дека ќе предизвика ’да помине сета негова доброта пред него [Мојсеј]‘. Мојсеј тогаш ја слушнал изјавата: ”Јехова, Јехова, Бог милосрден и милостив, бавен на гнев и обилен во љубезна доброљубивост и вистина, кој чува љубезна доброљубивост за илјадници, простува грешка и престап и грев“ (2. Мојсеева 33:19, Ба; 34:6, 7, NW).

12. Кои подготовки на Мозаитскиот Закон ја покажале Јеховината доброта?

12 Во времето на Мојсеј, Јехова воспоставил законски систем за новата нација Израел со кој ненамерните грешници можеле да добијат привремено, или симболично простување на гревот. Преку сојузот на Законот кој го пренел Мојсеј, Израелците станале Божја посебна нација и биле поучени да му понудат на Јехова различни животински жртви кои би ги покриле нивните гревови и нечисти постапки. Така, и покрај својата несовршена природа, покајничките Израелци можеле и понатаму на прифатлив начин да му се приближуваат на Јехова и да знаат дека нивното обожавање нему му е угодно. Крал Давид, член на таа нација под Законот, ја изразил својата свесност за Божјата доброта на следниов начин: ”Не споменувај ги гревовите на мојата младост ни престапите, спомени се на мене по својата љубов — поради добротата своја, о Јахве!“ (Псалми 25:7, Ст).

13. Како Јехова подготвил поделотворен начин за простување на гревовите отколку животинските жртви?

13 Со време, добротата го поттикнала Јехова да се погрижи за поделотворен и потраен начин за простување на гревовите. Тоа е овозможено преку жртвата на Исус, кој бил потомок на крал Давид (Матеј 1:6-16; Лука 3:23-31). Исус не направил грев. Затоа, кога умрел, неговиот жртвуван живот имал голема вредност, а Бог ја прифатил таа жрва како откупнина која можела да се примени на сето Адамово грешно потомство. Апостолот Павле напишал: ”Сите згрешија и не ја достигнуваат Божјата слава, а тоа што се прогласени за праведни е како бесплатен дар на темел на неговата незаслужена доброљубивост, преку ослободувањето со откупот што го платил Христос Исус. Бог него го испратил како помирбена жртва преку верата во неговата крв“ (Римјаните 3:23-26, NW).

14. Кои прекрасни надежи им се овозможени на луѓето преку откупната жртва?

14 Верата во Исусовата откупна жртва донесува многу за христијаните, многу повеќе отколку животинските жртви на Израелците под сојузот на Законот. Таа довела до тоа ограничен број на христијани да бидат прогласени за праведни и со Божјиот дух да бидат прифатени како негови синови. Така тие станале Исусови браќа и ја добиле надежта да бидат воскреснати како духовни суштества за да учествуваат со него во неговото небесно Царство (Лука 22:29, 30; Римјаните 8:14-17). Замисли си, Бог да отвори такви небесни изгледи за суштества кои живеат на оваа мала планета, Земјата! Една мала група која негувала таква надеж сѐ уште е во живот. Но за милиони други христијани, покажувањето на вера во откупнината им го отвора патот да се радуваат на сѐ она што Адам и Ева го изгубиле — вечен живот на рајска Земја слична на градина. Самиот сојуз на Законот не бил во состојба на своите следбеници да им пружи изгледи за иднината ниту на небото ниту на Земјата.

15. Што е вклучено во добрата вест?

15 Колку е прикладно што веста за новите подготовки, кои што Бог ги започнал преку Исус Христос, е наречена ”добра вест“, зашто ја одразува Божјата доброта (2. Тимотеј 1:9, 10, NW). Добрата вест во Библијата понекогаш е наречена ”добра вест за царството“. Денес таа се сосредоточува на вистината дека Царството е воспоставено под владетелството на воскреснатиот Исус (Матеј 24:14, NW; Откровение 11:15; 14:6, 7, NW). Меѓутоа, добрата вест вклучува уште повеќе. Како што се гледа од Павловите зборови до Тимотеј, делумно цитирани, таа го вклучува спознанието дека Исус понудил откупна жртва во наша корист. Без таа жртва, нашиот однос со Бог, самото наше спасение — а да не зборуваме за Царството на Исус и 144 000 свештеници и цареви земени од Земјата — не би било можно. Колку прекрасен израз на Божјата доброта е откупнината!

Божјата доброта денес

16, 17. Како се исполнил Осија 3:5 (а) во 537 пр.н.е.? (б) а како во 1919 н.е.?

16 Желно очекувајќи ги ”последните денови“, апостол Павле предупредил: ”Луѓето ќе бидат (...) без љубов спрема добротата“ (2. Тимотеј 3:1-3, NW). Нема да се цени дури ни вообичаеното покажување на доброта, како што е дарежливоста и услужливоста. Колку тогаш охрабрува пророштвото кое го весели срцето, во Осија 3:5: ”Потоа синовите Израелови ќе се вратат и сигурно ќе го бараат Јехова, својот Бог, и Давид својот крал; и сигурно ќе дојдат со треперење кај Јехова и неговата доброта во завршниот дел од деновите“ (NW).

17 Ова пророштво прв пат се исполнило во 537 пр.н.е. кога Евреите се вратиле во Ветената Земја од заробеништвото во Вавилон. Во денешно време, тоа почнало да се исполнува во 1919 година кога остатокот од духовниот Израел излегол од Сатанската организација и марливо почнал да го бара Јехова и неговата доброта. Откриле дека ’Давид, нивниот крал‘ владеел во личноста на Исус Христос во небесна моќ од 1914. Под негово небесно надгледување, тие одушевено ја прифатиле одговорноста да им ја објавуваат таа добра вест на народите. Така почнале да го исполнуваат налогот запишан во Матеј 24:14: ”Оваа добра вест за [воспоставено] Царството ќе биде проповедана по сета населена земја за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (NW).

18. Кој му се придружил на остатокот на духовниот Израел во објавувањето на добрата вест?

18 Денес, на остатокот од помазани им се придружило ’големото мноштво‘, кое на ист начин ја поздравува Јеховината доброта (Откровение 7:9). Сега повеќе од четири милиони го повторуваат она што го рекол ангелот, кој апостолот Јован го видел во визија како им објавува на сите народи: ”Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори!“ (Откровение 14:7).

19. Наведи еден од најголемите докази на Божјата доброта.

19 Еден од најголемите докази на Божјата доброта е тој што дозволува да бидеме негови соработници во тоа дело кое достигнува кулминација. Колкава предност е што ни е доверена ”славната добра вест на среќниот Бог“! (1. Тимотеј 1:11, NW). Со нашето проповедање и поучување на другите за тоа, во голема мерка го покажуваме тој важен плод на Божјиот дух, добротата. На тој начин го имаме ставот како древниот Божји слуга Давид, кој рекол: ”Ќе се прелеваат при спомнувањето на обилноста на твојата доброта, и поради твојата праведност ќе извикуваат радосно“ (Псалми 145:7, NW).

20. Кои натамошна информации со оглед на добротата ќе бидат разгледани во следната статија?

20 Меѓутоа, дали учествувањето во проповедањето на добрата вест е единствениот начин на кој можеме да покажуваме доброта во својот живот? Никако! Охрабрени сме да бидеме ”имитатори на Бог, како љубени деца“ (Ефесјаните 5:1, NW). Божјата доброта се покажала на многу начини. Според тоа, и нашата доброта треба да влијае на многу подрачја од нашиот живот. Некои од нив ќе бидат разгледани во следната статија.

[Фуснота]

a Поединечните плодови на духот се љубов, радост, мир, долготрпеливост, доброљубивост, доброта, вера, благост и самосовладување.

Можеш ли да одговориш?

◻ На кој начин творештвото ја одразува Божјата доброта?

◻ Кои подготовки ги направил Јехова за простување на гревовите на луѓето кои се каат?

◻ Кога дошол помазаниот остаток кај Јехова и неговата доброта, како исполнување на Осија 3:5, и до што довело тоа?

◻ Кој е еден од најголемите докази на Божјата доброта денес?

[Слика на страница 15]

Творештвото дава доказ за Божјата обилна доброта

[Слика на страница 16]

Извонреден доказ на Божјата доброта е тој што ни е дозволено да учествуваме во делото на проповедање

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели