ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/1 стр. 10-15
  • Јехова — ненадминливиот пример на доброта

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова — ненадминливиот пример на доброта
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Незаслужена манифестација на доброта
  • Јеховината доброта се велича
  • „Покажи ми ја својата слава“
  • „Бог . . . обилен во срдечна љубезност“
  • Јехова — милосрден и љубезен
  • Бог бавен на гнев
  • Имитирај ја Јеховината доброта
  • Обилната доброта на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • „Колку е голема твојата добрина“
    Приближи му се на Јехова
  • Продолжи да покажуваш доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Доброта — како можеш да ја развиваш оваа особина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/1 стр. 10-15

Јехова — ненадминливиот пример на доброта

„Славете го Јехова над војските, зашто Јехова е добар!“ (ЕРЕМИЈА 33:11, NW).

1. Зошто сме поттикнати да го фалиме Бог за неговата доброта?

ЈЕХОВА БОГ е добар во апсолутна смисла на зборот. „О, колку голема ќе биде добротата негова!“ — воскликнал пророкот Захарија (Захарија 9:17, СП). Навистина, добротата се одразува во сѐ што направил Бог за да ја подготви Земјата за наше уживање (Битие 1:31). Ние никогаш нема да бидеме во состојба да ги сфатиме сите сложени закони што Бог ги ставил во сила кога го создал универзумот (Проповедник 3:11; 8:17). Но, она малку што го знаеме нѐ поттикнува да го фалиме Бог за неговата доброта.

2. Како би ја дефинирал добротата?

2 Што е доброта? Тоа е морална извонредност, односно доблест. Сепак, таа е повеќе отколку само отсуство на секаква злоба. Добротата, еден од плодовите на духот, е позитивна особина (Галатите 5:22, 23). Ние покажуваме доброта кога правиме добри и корисни дела за другите. Во овој систем на работи, она што некои кругови го сметаат за добро, други можеби го сметаат за лошо. Меѓутоа, за да уживаме мир и среќа, мора да постои едно мерило за доброта. Кој може со право да го постави ова мерило?

3. Што покажува Битие 2:16, 17 во врска со мерилото за доброта?

3 Бог го поставува мерилото за доброта. Во почетокот на човечката историја, Јехова бил тој што му заповедал на првиот човек: „Јади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!“ (Битие 2:16, 17). Да, луѓето треба да се потпираат на својот Творец за познавање на доброто и на злото.

Незаслужена манифестација на доброта

4. Што сторил Бог за човештвото откако згрешил Адам?

4 Изгледот на човештвото за вечна среќа во совршенство бил загрозен кога Адам згрешил и одбил да го признае Божјето право да поставува мерила за доброта (Битие 3:1—6). Меѓутоа, пред да се родат Адамовите потомци како наследници на гревот и смртта, Бог го претскажал доаѓањето на совршено Семе. Всушност, обраќајќи ѝ се на „празмијата“, Сатана Ѓаволот, Јехова изјавил: „Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата“ (Откровение 12:9; Битие 3:15). Јехова имал намера да го искупи грешното човештво. Во една незаслужена манифестација на доброта, Јехова навистина направил таква подготовка за спасение на оние што практикуваат вера во откупната жртва на неговиот драг Син (Матеј 20:28; Римјаните 5:8, 12).

5. Иако имаме наследено лоша склоност на срцето, зошто можеме да покажеме извесна мера доброта?

5 Се разбира, поради гревот на Адам, имаме наследено лоша склоност на срцето (Битие 8:21, СП). Но, за среќа, Јехова ни помага да покажеме одредена мера доброта. Тоа што остануваме во она што сме го научиле од неговите скапоцени свети списи не само што ‚нѐ прави мудри за спасение‘ и ‚нѐ опремува за секое добро дело‘ туку и ни овозможува да го правиме она што е добро во негови очи (2. Тимотеј 3:14—17). Но, за да извлечеме корист од библиската поука и да покажеме доброта, мораме да го имаме ставот на псалмистот, кој пеел: „Ти [Јехова] си толку благ и добар, научи ме на Твоите правила“ (Псалм 119:68).

Јеховината доброта се велича

6. Откако цар Давид организирал ковчегот на сојузот да се однесе во Ерусалим, кој израз се наоѓал во една песна што ја пееле Левитите?

6 Цар Давид од древниот Израел ја признал Божјата доброта и барал Негово водство. „Господ е благ [добар, NW] и праведен“, рекол Давид. „Затоа ќе им покаже пат на грешниците“ (Псалм 25:8). Божествената поука што им била дадена на Израелците вклучувала десет важни закони — Десетте заповеди — напишани на две камени плочи и чувани во еден свет сандак, наречен ковчег на сојузот. Откако Давид организирал ковчегот да се однесе во Ерусалим, главниот град на Израел, Левитите пееле песна која го содржела и овој израз: „Славете Го Господа зашто е добар, зашто е вечна Неговата љубов [срдечна љубезност, NW]“ (1. Летописи 16:34, 37—41). Колку само мора да било восхитувачки да се чујат овие зборови од усните на левитските пејачи!

7. Што се случило откако ковчегот бил донесен во Најсветата светиња и по молитвата на Соломон за посветувањето?

7 Истите зборови на фалба биле истакнати при посветувањето на Јеховиниот храм, кој го изградил Давидовиот син, Соломон. Откако ковчегот на сојузот бил ставен во Најсветата светиња на новоизградениот храм, Левитите почнале да го фалат Јехова „зашто е благ [добар, NW] и зашто е вечна Неговата љубов [срдечна љубезност, NW]“. Во таа прилика храмот бил на чудесен начин исполнет со облак, кој ја симболизирал Јеховината славна присутност (2. Летописи 5:13, 14). По молитвата на Соломон за посветувањето, ‚оган се спуштил од небото и ги спалил паленицата и закланиците‘. Гледајќи го сето ова, ‚сите Израелеви синови . . . паднале ничкум кон земјата до камениот под; поклонувајќи се, и почнале да Го слават Господа: „зашто е благ [добар, NW] и зашто е вечна Неговата љубов [срдечна љубезност, NW]“‘ (2. Летописи 7:1—3). По 14-дневен празник, Израелците се вратиле во своите домови „со весело и задоволно срце заради доброто кое Господ им го направил на Давида и на Соломона и на сиот израелски народ‘ (2. Летописи 7:10).

8, 9. а) Иако Израелците го фалеле Јехова за неговата доброта, по каков пат тргнале на крајот? б) Што било претскажано за Ерусалим преку Еремија, и како се исполнило тоа пророштво?

8 За жал, Израелците не продолжиле да живеат во согласност со своите песни на фалба на Бог. Со текот на времето, народот на Јуда почнал да го ‚почитува Јехова само со усните‘ (Исаија 29:13). Наместо да се повинат на Божјите мерила за доброта, тие почнале да практикуваат зло. А од што се состоела нивната злоба? Па, станале виновни за идолопоклонство, неморал, угнетување на сиромашните и други сериозни гревови! Како резултат на тоа, во 607 пр.н.е. Ерусалим бил уништен и жителите на Јуда биле одведени како заробеници во Вавилон.

9 На тој начин Бог го дисциплинирал својот народ. Меѓутоа, преку пророкот Еремија тој претскажал дека во Ерусалим допрва требало да се чуе гласот на оние што велат: „Славете Го Господа над Воинствата, зашто Господ е благ [добар, NW] зашто вечна е Неговата милост [срдечна љубезност, NW]!“ (Еремија 33:10, 11). А така и се случило. По 70-годишно запустување на земјата, во 537 пр.н.е., еден еврејски остаток се вратил во Ерусалим (Еремија 25:11; Даниел 9:1, 2). Тие повторно го изградиле олтарот на местото на храмот на планината Морија и почнале таму да принесуваат жртви. Темелот на храмот бил положен во втората година од нивното враќање. Колку само возбудливо време! „Кога ѕидарите ги поставија основите на Господовото Светилиште“, рекол Езра, „се поставија свештениците со свечени облеки, со труби, а исто и левитите, синовите Асафови, со кимвали, да Го слават Господа според одредбите на Давида, Израелевиот цар. И Му пееја на Господа фалба и слава: ‚Зашто е благ [добар, NW] зашто е довека Неговата милост [срдечна љубезност, NW] кон Израел‘“ (Езра 3:1—11).

10. Со кој значаен израз почнува и завршува Псалм 118?

10 Сличен израз на фалба во врска со Јеховината доброта се појавува во повеќе псалми. Меѓу нив е Псалм 118, кој го пееле израелските домаќинства при завршувањето на прославата на Пасхата. Тој псалм почнува и завршува со зборовите: „Благодарете Му на Господа, зашто е благ [добар, NW] зашто е вечна Неговата милост [срдечна љубезност, NW]!“ (Псалм 118:1, 29). Ова веројатно биле последните зборови на фалба што Исус Христос ги пеел со своите верни апостоли ноќта пред својата смрт во 33 н.е. (Матеј 26:30).

„Покажи ми ја својата слава“

11, 12. Кога добил навестување за Божјата слава, каква објава чул Мојсеј?

11 Првпат била направена врска меѓу Јеховината доброта и неговата срдечна љубезност со векови пред времето на Езра. Кратко откако Израелците го обожавале златното теле во пустелијата и престапниците биле погубени, Мојсеј го молел Јехова: „Покажи ми ја Својата слава“. Знаејќи дека Мојсеј не би можел да го види Неговото лице и да остане жив, Јехова рекол: „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот [доброта, NW]“ (Излез 33:13—20).

12 Јеховината доброта поминала пред Мојсеј следниот ден на гората Синај. Во тоа време Мојсеј добил навестување за Божјата слава и ја чул оваа објава: „Јехова, Јехова, Бог милосрден и љубезен, бавен на гнев и обилен во срдечна љубезност и вистина, кој чува срдечна љубезност за илјадници, простува грешка и престап и грев, но никако нема да даде ослободување од казна, и ќе донесе казна врз синовите и врз внуците поради грешките на татковците, врз третата генерација и врз четвртата генерација“ (Излез 34:6, 7, NW). Овие зборови покажуваат дека Јеховината доброта е поврзана со неговата срдечна љубезност и со други аспекти од неговата личност. Ако ги разгледаме, ќе добиеме помош за да можеме да покажуваме доброта. Најпрвин да ја разгледаме особината која двапати е спомната во оваа чудесна објава на Божјата доброта.

„Бог . . . обилен во срдечна љубезност“

13. Во објавата на Божјата доброта, која особина е спомната двапати, и зошто е тоа соодветно?

13 „Јехова [е] Бог . . . обилен во срдечна љубезност . . . чува срдечна љубезност за илјадници.“ Хебрејскиот збор преведен со „срдечна љубезност“ значи и „лојална љубов“. Тоа е единствената особина што во Божјата објава на Мојсеј била наведена двапати. Колку само е соодветно тоа, бидејќи Јеховина главна особина е љубовта! (1. Јованово 4:8). Добро познатиот израз на фалба на Јехова „зашто тој е добар, зашто неговата срдечна љубезност е довека“ ја истакнува оваа особина.

14. Кој особено ги ужива Божјата доброта и срдечна љубезност?

14 Една манифестација на Јеховината доброта е тоа што тој е „обилен во срдечна љубезност“. Ова особено се гледа во нежната грижа што тој ја покажува за своите предадени, верни човечки слуги (1. Петрово 5:6, 7). Како што Сведоците на Јехова можат да посведочат, тој ‚покажува милости [срдечна љубезност, NW]‘ кон оние што го љубат и му служат (Излез 20:6). Нацијата на природниот Израел престанала да ја искусува Јеховината срдечна љубезност, односно лојална љубов, затоа што го отфрлила неговиот Син. Но, Божјата доброта и лојална љубов кон верните христијани од сите нации ќе трае засекогаш (Јован 3:36).

Јехова — милосрден и љубезен

15. а) Со кој израз започнала објавата што ја чул Мојсеј на гората Синај? б) Што вклучува милосрдноста?

15 Објавата што Мојсеј ја чул на гората Синај започнала со изразот: „Јехова, Јехова, Бог милосрден и љубезен“. Хебрејскиот збор преведен со „милосрден“ може да укажува на „црева“ и е тесно поврзан со терминот за „материца“. Според тоа, милосрдноста вклучува чувства на нежно сочувство што се наоѓаат длабоко во личноста. Но, милосрдноста вклучува повеќе отколку само вистинско сожалување. Таа треба да нѐ мотивира да правиме нешто за да им ги олесниме страдањата на другите. На пример, љубезните христијански старешини ја увидуваат потребата да бидат милосрдни кон соверниците, ‚покажувајќи милосрдност со веселост‘, кога тоа е соодветно (Римјаните 12:8; Јаков 2:13; Јуда 22, 23).

16. Зошто може да се рече дека Јехова е љубезен?

16 Божјата доброта се гледа и во неговата љубезност. Љубезната личност е „впечатливо обѕирна кон чувствата на другите“ и покажува ‚миловидна добродушност особено кон помалите од неа‘. Јехова е најдобриот пример на љубезност во постапките со своите верни слуги. На пример, преку ангелите, Бог љубезно го зајакнал остарениот пророк Даниел и ја информирал девицата Марија за предноста да го роди Исус (Даниел 10:19; Лука 1:26—38). Како Јеховин народ, сигурно го цениме љубезниот начин на кој тој ни апелира преку страниците на Библијата. Ние го фалиме за оваа манифестација на неговата доброта и настојуваме да бидеме љубезни во нашите постапки со другите. Кога исправаат некој соверник „во дух на благост“, оние што имаат духовни квалификации се обидуваат да бидат благи, љубезни (Галатите 6:1).

Бог бавен на гнев

17. Зошто сме благодарни што Јехова е „бавен на гнев“?

17 „Бог . . . бавен на гнев.“ Тие зборови свртуваат внимание кон уште една друга манифестација на Јеховината доброта. Јехова стрпливо ги поднесува нашите недостатоци и ни дава време да ги совладаме сериозните слабости и духовно да напредуваме (Евреите 5:12—6:3; Јаков 5:14, 15). Божјата стрпливост им користи и на оние што сѐ уште не станале негови обожаватели. Тие сѐ уште имаат време да се одѕвијат на пораката за Царството и да се покаат (Римјаните 2:4). Меѓутоа, иако Јехова е стрплив, добротата понекогаш го поттикнува да го искаже својот гнев, како што сторил кога Израелците го обожавале златното теле на гората Синај. Наскоро Бог ќе го изрази својот гнев на еден уште повеличествен начин кога ќе му стави крај на Сатановиот зол систем (Езекиел 38:19, 21—23).

18. Во однос на вистината, каков контраст постои меѓу Јехова и човечките лидери?

18 „Јехова [е] Бог . . . обилен во . . . вистина.“ Колку само Јехова се разликува од човечките лидери, кои даваат крупни ветувања и потоа не ги исполнуваат! За разлика од тоа, Јеховините обожаватели можат да се потпрат на сѐ што е кажано во неговата инспирирана Реч. Со оглед на тоа што Бог е обилен во вистина, можеме секогаш да имаме доверба во неговите ветувања. Во својата доброта, нашиот небесен Татко без промашување одговара на нашите молитви за духовната вистина така што ни ја дава во изобилство (Псалм 43:3; 65:2).

19. На каков извонреден начин покажува Јехова доброта кон грешниците што се каат?

19 ,Јехова [е] Бог кој . . . простува грешка и престап и грев.‘ Во својата доброта, Јехова е готов да им прости на грешниците што се каат. Секако, ние сме многу благодарни за тоа што нашиот небесен Татко полн со љубов направил подготовка за простување преку Исусовата жртва (1. Јованово 2:1, 2). Навистина, среќни сме што сите кои практикуваат вера во откупнината можат да уживаат повластен однос со Јехова, со надеж за бескраен живот во неговиот ветен нов свет. Какви само извонредни причини да го фалиме Јехова за тоа што покажува доброта кон човештвото! (2. Петрово 3:13).

20. Каков доказ имаме дека Бог не ја одобрува злобата?

20 „Никако [Јехова] нема да даде ослободување од казна.“ Ова е всушност уште една причина да го славиме Јехова за неговата доброта. Зошто? Затоа што еден витален аспект на добротата е тоа што никако не ja одобрува злобата. Освен тоа, „при откровението на Господ Исус од небото со своите моќни ангели“ ќе биде донесена одмазда „над оние кои не го познаваат Бог и над оние кои не се послушни на добрата вест“. Тие „ќе претрпат судска казна на вечно уништување“ (2. Солуњаните 1:6—9). Тогаш преживеаните обожаватели на Јехова ќе можат да уживаат во животот во потполност, без да бидат вознемирувани од безбожни луѓе, кои се „без љубов кон доброта“ (2. Тимотеј 3:1—3).

Имитирај ја Јеховината доброта

21. Зошто треба да покажуваме доброта?

21 Несомнено имаме многу причини да го фалиме Јехова и да му благодариме за неговата доброта. Како негови слуги, зарем не треба да дадеме сѐ од себе за да ја покажеме оваа особина? Да, зашто апостол Павле ги поттикнал сохристијаните: „Станете имитатори на Бог, како љубени деца“ (Ефешаните 5:1). Нашиот небесен Татко постојано покажува доброта, па треба да покажуваме и ние.

22. Што ќе разгледаме во следната статија?

22 Ако сме му со цело срце предадени на Јехова, без сомнение ќе имаме силна желба да ја имитираме неговата доброта. Затоа што сме потомци на грешниот Адам, не ни е лесно да го правиме она што е добро. Меѓутоа, во следната статија ќе видиме зошто е можно да покажуваме доброта. Исто така, ќе разгледаме различни начини на кои можеме и би требало да го имитираме Јехова — ненадминливиот пример на доброта.

Како би одговорил?

• Што е доброта?

• Кој библиски израз ја истакнува Божјата доброта?

• Кои се некои манифестации на Јеховината доброта?

• Зошто треба да го имитираме Јеховиниот пример на доброта?

[Слика на страница 12]

Јехова го дисциплинирал својот древен народ затоа што не живеел во согласност со своите изрази на фалба

[Слика на страница 12]

Еден верен остаток повторно се вратил во Ерусалим

[Слика на страница 13]

Мојсеј чул една извонредна објава на Божјата доброта

[Слика на страница 15]

Јеховината доброта се гледа во начинот на кој тој ни апелира преку страниците на Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели