Објавителите на Царството известуваат
Јехова наградува еден верен младинец
ВЕРНИТЕ младинци се многу скапоцени во Јеховините очи. Следново искуство на еден верен млад човек треба да ги охрабри другите млади да ја чуваат својата беспрекорност додека му служат на Јехова.
Во Аргентина, едно 11-годишно момче и неговиот помлад брат ја проучувале книгата Вистина која води до вечен живот со нивната баба. Родителите на децата веднаш покажале противење и на момчињата им забраниле да одат на состаноци во Царската сала. Некое време, за да присуствуваат на состаноците, момчињата се извлекувале низ прозорецот од бањата, скокале во дворот, и оттаму оделе преку ѕидот во дворот на соседите и така до Царската сала. Потоа некој ѝ кажал на мајка им дека одат на состаноци на Јеховините сведоци. Мајката се заканила дека ќе ги испретепа, а тоа го исплашило помладото момче, кое се откажало од проучувањето. Но постарото истрајало. Упеало пет години да присуствува на состаноците без да знаат родителите.
Кога имал 16 години, сакал да посетува настава која се одржувала во средно училиште кое не било во родниот град. Отсуството од дома би му овозможувало поголема слобода да ја следи вистината. Родителите се согласиле да го пуштат и сѐ одело добро три месеци. Потоа директорот на училиштето ги известил родителите дека нивниот син не го поздравува знамето и не ја пее националната химна. Пред публика на директорот, своите родители, секретар, адвокат и десет професори, младинецот можел да даде одлично сведоштво зошто не можел совесно да ги врши тие дела (2. Мојсеева 20:4, 5). Родителите биле бесни. Мајката набавила револвер со намера да ја убие бабата за која сметала дека е одговорна. Но никогаш не можела да ја најде насамо.
Подоцна, по предлог на еден пријател на семејството и со одобрение на директорот на училиштето, родителите одлучиле да го стават момчето во клиника за умствено болни, сметајќи дека психијатриското лекување ќе го натера да се откаже од својата вера. Персоналот на клиниката го одведувало момчето 100 километри со кола и му давало инјекција со голема доза на инсулин и друга дрога додека не се онесвестело. Кога се разбудувало, било потполно без ориентација, не познавало никого и страдало од делумна амнезија. После многу испитувања, лекарите не можеле да најдат никакво ментално нарушување. Но клиниката продолжила со третманот. Кога било при свест, момчето постојано му се молело на Јехова да не напушта и го преколнувал да му даде сила да издржи. Јехова навистина го заштитил, и на крајот било пуштено од клиниката.
Во една прилика директорот на училиштето го прашало момчето дали е подготвено да се одрече. Кога рекло не, директорот им рекол на родителите да го вратат назад во клиниката затоа што било уште полудо. Родителите го однеле во еден пансион и на сопственичката ѝ рекле да внимава на него да не оди на состаноци на Јеховините сведоци. Какво изненадување за момчето кога родителите си заминале! Сопствениците на пансионот биле Јеховини сведоци! Родителите конечно го ослободиле од психијатриското лекување, убедени дека лекарите ги излажале. Во меѓувреме, Врховниот суд на Аргентина одлучил децата на Јеховините сведоци да не можат да бидат истерани од училиште заради непоздравување на знамето.
Дали овие искушенија му користеле на овој верен младинец? Да. Тој изјавува: „Можев да дадам опсежно сведоштво на лекари, професори, школски другари, на родителите, и роднините, всушност на целиот град. Родителите донекаде омекнаа и имаат подобро сфаќање за Сведоците. Сега, кога погледнувам наназад на моето детство, сфаќам колку нашиот Бог е прекрасен и нежен кога се грижи за некого кој му останува лојален. Токму е онака како што рекол псалмистот во Псалм 27:10, (Ст): „Ако татко ми и мајка ми ме остават, Јахве ќе ме прими“.
Овој младич сега има 23 години, оженет е, и многу е активен во Јеховината служба. Јеховината сила која поткрепува навистина е без граници (Псалми 55:22, ДК).