Јеховините сведоци ширум светот — Колумбија
КОЛУМБИЈА е уникатна јужноамериканска земја. И Атлантскиот и Тихиот Океан го прегрнуваат крајбрежјето на оваа земја покриена со вулкани. Климата варира од жештината на ниските тропски плажи и рамнини до студенилото на високите снежни врвови на Андите.a
Иако Колумбија е позната по своето злато и смарагди, луѓето се нејзиниот најголем имот. Денес, Јехова го исполнува својот духовен дом со слава. Прекрасни, пожелни обожувачи се слеваат кон него во сите делови на Земјата, вклучувајќи ја и Колумбија (Агеј 2:7).
Директорите импресионирани
Недела, 1. ноември 1992, го одбележа отворањето на новата подружница и печатница на Watch Tower Society во Факататива, 42 километри северозападно од Богота. Обиколките на подружницата оставија силен впечаток кај посетителите. По враќањето во својата фабрика, еден посетител со воодушевување ги наговарал своите директори да појдат и да видат една организација која е ‚чудо на ефикасност, ред, и работен морал‘. Во текот на подоцнежната обиколка, директорите покажале огромен интерес и поставувале многу прашања.
Тие сакале да ги испратат своите управници, контролори и надзорници — всушност, сите нивни работници — на обиколка. Седмично распоредувале по 15 до 25 вработени за обиколка, сѐ додека сите 1.300 работници не ја виделе таквата организациона ефикасност.
Стотици нивни работници направиле обиколка на објектите на подружницата и ја гледале видеокасетата Jehovah’s Witnesses—The Organization Behind the Name (Јеховини сведоци — Организација која стои зад името). Импресионирани од величината на организацијата и од обемот на делото на проповедање за Царството, распространето по целиот свет, тие се восхитуваа на високото ниво на технологија која се користи во процесот на работата на Друштвото. На заминување, можело да се слушне како многумина велат дека се чувствуваат како да ‚заминуваат од Рајот за да се вратат во еден хаотичен свет‘.
Вистината ги достигнува сите видови луѓе
Луѓе од сите видови се достигнати со добрата вест (1. Тимотеј 2:3, 4). На пример, еден поранешен композитор и водач на еден хеви-метал рок бенд ја прифатил библиската вистина, направил промени во својот живот, и наскоро станал општ пионер. Подоцна бил наименуван за слуга помошник. Неколку поединци кои биле членови на бунтовнички групи, научиле својата доверба и надеж да ги полагаат во Јеховиното Царство. Сега тие се активно вработени во проповедањето на пораката за еден мирољубив нов свет.
Наркомани и дилери, исто така се приклониле кон вистината. Еден млад човек кој сега е Сведок, пет години управувал со плантажа за дрога и лабораторија за кокаин во џунглата, пред да прекине со таквиот начин на живот. Тој пронашол радост во учењето и применувањето на библиските начела. Во поправните домови, казнетите платени убијци, поттикнати од искреното проучување на Библијата, срдечно се молат на Јехова да им ги прости гревовите и да ги прифати како свои слуги.
Така, луѓе од сите видови се одгласуваат на пораката за Царството. Во Колумбија, како и на други места, Јехова го исполнува својот дом со слава.
[Фуснота]
a За додатни информации, види во Календарот на Јеховините сведоци за 1994.
[Рамка на страница 8]
ИЗВЕШТАЈ ОД ЗЕМЈАТА
за 1993 службена година
НАЈВИСОК БРОЈ НА ОБЈАВИТЕЛИ: 60.854
ОДНОС: 1 Сведок на 558
ПРИСУТНИ НА СПОМЕНОТ: 249.271
ПРОСЕК НА ОБЈАВИТЕЛИ КОИ СЕ ПИОНЕРИ: 8.487
ПРОСЕК НА БИБЛИСКИ СТУДИИ: 100.927
БРОЈ НА КРСТЕНИ: 5.183
БРОЈ НА СОБРАНИЈА: 751
ПОДРУЖНИЦА: ФАКАТАТИВА
[Слика на страница 9]
Персоналот на подружницата и мисионери во 1956
[Слика на страница 9]
Авионска снимка на подружницата