Јеховините сведоци ширум светот — Порторико
ПОМЕЃУ Карипското Море и Атлантскиот Океан лежи бујниот тропски остров Порторико. Во 1493 Кристифор Колумбо го присвоил како шпанска територија и го нарекол Сан Хуан Батиста, по Јован Крстител. Неговиот најголем град долго време бил нарекуван Порторико, или „Богато пристаниште“. Со текот на времето, ова име почнало да се користи за целиот остров, додека градот почнал да се вика Сан Хуан.
По многу нешта се покажало дека Порторико е богато пристаниште. Во раните години на шпанското владеење, одовде со брод било изнесено многу злато. Островот сега извозува шеќерна трска, кафе, рајски смокви и цитрично овошје, сепак производствената и услужната индустрија денес сочинуваат голем дел од економијата. Меѓутоа, се покажало дека Порторико е богато пристаниште и во една многу поважна смисла.
Добрата вест за Божјето Царство овде почнала да се проповеда во 1930-тите. Денес во Порторико има преку 25.000 објавители на добрата вест. Во 1993, персоналот на овдешната подружница на Watch Tower Society се зголеми од 23 на преку 100. Овој пораст беше неопходен за да може подружницата да го надгледува преведувањето на библиска литература на шпански, правејќи ги ваквите публикации достапни за околу 350.000.000 луѓе ширум светот, кои зборуваат шпански.
Ново подрачје
Подружницата исто така известува: „Во Порторико се отвори едно ново поле бидејќи правевме напори да ја донесеме веста на Царството до глувонемите. Една сестра го раскажува следново искуство: ‚Работев со глувонемите и посетив една жена со две мали деца. Кога таа сфати дека сум Сведок, веднаш ме одби бидејќи нејзиниот сопруг, кој исто така бил глувонем, не ги сакал Јеховините сведоци.
Неколку месеци подоцна, истата оваа госпоѓа посетила една пријателка која ја проучувала Библијата со Сведоците. Таа се приклучила кон студијата и многу ѝ се допаднало. Повторно ја посетив госпоѓата, а таа повторно кажа дека нејзиниот сопруг не ги сака Сведоците. Меѓутоа, таа сакаше да ја разбере Библијата, а веќе ѝ беше доста од нејзината црква бидејќи не поучувала ништо од Библијата. Почнавме да проучуваме користејќи еден трактат. Еден ден ми рече да дојдам повторно во сабота, бидејќи дома ќе биде и нејзиниот сопруг. „Но, нели тој не нѐ сака?“ — прашав. Таа одговори: „Тој сака да дознае за што се работи?“
Следниот ден и двајцата тропаа на мојата врата! Бидејќи сопругот имаше многу прашања, ги повикав на нашите состаноци за глувонеми. Тој беше таму уште пред да дојдам јас, а оттогаш наваму не пропуштил ниту еден состанок. Им проповеда на другите глувонеми лица, присуствуваше на еден конгрес и нестрпливо очекува кога ќе се крсти.‘“
Извештајот на подружницата продолжува: „На нашиот обласен конгрес годинава, целата програма беше изнесена и на јазикот на глувонемите, а беа присутни многу глувонеми луѓе заедно со своите семејства. Особено трогателен момент беше за време на завршниот говор кога говорникот го спомна делото што се врши помеѓу глувонемите и рече дека биле присутни околу 70 лица. Следеше голем аплауз, но, како што забележа говорникот, глувонемите не можеа да го слушнат. Затоа ги замоли глувонемите да гледаат кон публиката и го повтори прашањето: ‚Дали сте радосни што меѓу вас се наоѓаат вашите глувонеми браќа?‘, а присутните ги замоли да аплаудираат со мавтање на обете раце. Беше прекрасна глетка да се видат 11.000 браќа и сестри како аплаудираат мавтајќи со рацете. Нашите глувонеми браќа и сестри беа пресреќни и почувствуваа дека се дел од големото братство. Многумина пролеаја солзи радосници“.
Додека Јеховините сведоци учествуваат во делото на жетва во Порторико, без сомнение тоа и понатаму ќе биде едно богато пристаниште. Божјите „овци“, кои тој ги нарекува „пожелните работи од сите нации“, ќе доаѓаат и понатаму, исполнувајќи го Јеховиниот дом со слава (Јован 10:16; Агеј 2:7, НС).
[Рамка на страница 9]
ПРОФИЛ НА ЗЕМЈАТА
1994 службена година
НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА АКТИВНИ СВЕДОЦИ: 25.428
ОДНОС: 1 Сведок на 139
ПРИСУТНИ НА СПОМЕНОТ: 60.252
ПРОСЕЧЕН БРОЈ НА ПИОНЕРИ: 2.329
ПРОСЕК НА БИБЛИСКИ СТУДИИ: 19.012
БРОЈ НА КРСТЕНИ: 919
БРОЈ НА СОБРАНИЈА: 312
ПОДРУЖНИЦА: ГВАЈНАБО