ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/7 стр. 26-29
  • Сама, но никогаш напуштена

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сама, но никогаш напуштена
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Прв контакт со библиската вистина
  • Овојпат навистина сама
  • Контакт со Организацијата
  • Конгрес и конечно — крштевање
  • Назад во Маунт Гамбир
  • Нови доделби
  • Продолжување со полновремената служба
  • Исправни одлуки што ми донесоа трајни благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Пронајдов богатство од непроценлива вредност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/7 стр. 26-29

Сама, но никогаш напуштена

РАСКАЖАЛА АДА ЛУИС

Отсекогаш сум тежнеела да бидам самотник. Освен тоа, јас сум и цврсто решителна во сѐ што правам — другите тоа понекогаш го нарекуваат тврдоглавост. Исто така, знам колку е лесно да се биде отворен и оваа особина ми причини проблеми низ годините.

СЕПАК, благодарна сум што Јехова Бог не ме отфрли поради мааните во мојот карактер. Преку проучување на неговата Реч, бев во можност да ја изменам својата личност и така им служев на интересите на неговото Царство околу 60 години. Уште од детството ги сакав коњите, а Божјата помош во контролирањето на мојата тврдоглавост честопати ме потсетуваше на тоа, како можат да се искористат уздите за контролирање на еден коњ.

Родена сум 1908, близу едно убаво, сино езеро кај Маунт Гамбир, во Јужна Австралија. Моите родители имаа фарма со млекарница, а јас бев најстарата ќерка од осумте деца. Нашиот татко умре кога сите бевме прилично мали. Тоа ми остави голем дел од одговорноста во управување со фармата, бидејќи моите двајца постари браќа мораа да работат далеку од дома за да донесат приход за семејството. Животот на фармата беше исцрпувачки; тоа вклучуваше тешка физичка работа.

Прв контакт со библиската вистина

Нашето семејство ја посетуваше Презвитеријанската црква во која бевме активни членови. Станав учителка во неделното училиште и сериозно гледав на одговорноста да ги поучувам децата за она за кое јас верував дека е духовно и морално исправно.

Во 1931 умре дедо ми, а меѓу неговите ствари имаше и неколку книги напишани од тогашниот претседател на Друштвото Стражарска кула, Џ. Ф. Ратерфорд. Почнав да ги читам The Harp of God (Харфа Божја) и Creation (Создавање), и колку повеќе читав толку повчудовидена бев од наученото дека работите во кои верував, а за кои ги поучував и децата, не беа поткрепени од Библијата.

За мене беше вистински шок сознанието дека човечката душа не е бесмртна и дека повеќето луѓе нема да одат на небо кога ќе умрат, како и тоа дека злобните нема да бидат вечно мачени во пеколен оган. Се вознемирив и кога открив дека славењето на неделниот Сабат не е христијанско барање. Така, бев соочена со сериозна одлука: да останам приврзана кон традиционалните учења на христијанството или да почнам да поучувам за библиската вистина. Не ми требаше долго време за да се одлучам да ги прекинам сите врски со Презвитеријанската црква.

Овојпат навистина сама

Моето семејство, пријателите и поранешните познаници од црквата, воопшто не беа воодушевени кога им ја соопштив намерата да ја напуштам црквата и повеќе да не поучувам во неделното училиште. А кога открија дека сум се заплеткала со т. н. луѓе на Судијата Ратерфорд, тоа само додаде масло на распламтеното оговарање. Навистина, не бев екскомуницирана, но повеќето од моето семејство и поранешните пријатели, благо речено, беа ладни спрема мене.

Колку повеќе ги проучував и ги проверував библиските стихови кои беа наведени во книгите што ги читав, толку повеќе почнував да ја согледувам потребата јавно да проповедам. Научив дека Јеховините сведоци одат од куќа до куќа како дел од нивната јавна служба. Но, во тоа време немаше Сведоци во нашата област, така што никој не ме охрабри ниту ми покажа како да ја проповедам добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Се чувствував многу осамена.

Меѓутоа, библиската заповед да им проповедам на другите постојано ми одѕвонуваше во ушите, па сфатив дека мора некако да почнам да проповедам. По многу молитви, решив да почнам да ги посетувам домовите на соседите, едноставно за да им кажам што сум научила од моето проучување и да се обидам да им ги покажам овие работи од нивните сопствени Библии. Првата куќа во која влегов беше куќата на мојот поранешен управник на неделното училиште. Неговиот ладен одговор и негативните коментари за моето дезертирање од црквата сигурно не претставуваа охрабрувачки почеток. Но, кога излегов од неговата куќа почувствував топол жар и необична внатрешна сила, па продолжив да ги посетувам и другите куќи.

Рака на срце, немав некое отворено противење, но кога ги посетував поранешните другари од црквата, бев вчудовидена од општата индиферентност која владееше меѓу нив. На мое големо изненадување и разочарување, најкрутото противење го доживеав од мојот постар брат, коешто ме потсети на Исусовите зборови: „Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа и од роднини, и од пријатели . . . и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име“ (Лука 21:16, 17).

Бидејќи уште како мала станав вешт јавач, сфатив дека најбрзиот начин да се достигнат домовите на луѓето би бил на коњ. Ова ми овозможи да стигнам до поодалечените селски подрачја. Меѓутоа, едно попладне, мојот коњ се сопна и падна на еден лизгав пат при што добив тешка фрактура на черепот. Некое време се стравуваше дека можеби нема да преживеам. После тој пад, кога патиштата беа мокри или лизгави, наместо да јавам, патував со коњ и двоколка.a

Контакт со Организацијата

Извесно време по несреќата, една група полновремени проповедници, сега наречени пионери, ја посетија областа Маунт Гамбир. Така, за прв пат бев во можност да разговарам лице в лице со соверници. Пред да си заминат, тие ме охрабрија да пишам до подружницата на Друштвото Стражарска кула и да се распрашам за тоа како ќе можам на поорганизиран начин да земам удел во делото на проповедање.

Откако пишав до Друштвото, добив книги, брошури и картичка со отпечатено сведоштво за претставување на вратите. Поради писмениот контакт со подружницата, се почувствував малку поблиска со моите духовни браќа и сестри. Но, кога пионерите заминаа во следниот град, се чувствував поосамена од кога и да било порано.

Како резултат на моите секојдневни рути на сведочење — главно со коњ и двоколка — станав добро позната во целата област. Истовремено, бев во можност да се грижам за моите секојдневни задачи на фармата. Дотогаш моето семејство се помири со оваа рутина и воопшто не се обидуваа да се мешаат во тоа. Четири години служев на овој начин, имено како изолиран, некрстен објавител на добрата вест.

Конгрес и конечно — крштевање

Во април 1938, брат Ратерфорд ја посети Австралија. Како резултат на острото противење од страна на свештенството, беше поништен договорот со Градското собрание на Сиднеј. Меѓутоа, во последната минута беше добиена дозвола за користење на Спортското игралиште. Присилната измена на плановите всушност се покажа како корисна, бидејќи многу повеќе лица можеа да се сместат на поголемото Спортско игралиште. Дојдоа отприлика 12.000, а интересот на многумина беше видливо разбуден поради противењето за нашиот состанок, поттикнато од страна на свештенството.

Во поврзаност со посетата на брат Ратерфорд, се одржа и еден конгрес од неколку дена, во блиското предградие на Сиднеј. Таму конечно го симболизирав моето предание на Јехова Бог со крштевање во вода. Можете ли да си ја замислите радоста што ја доживеав кога конечно се сретнав со стотици браќа и сестри од целиот австралиски континент?

Назад во Маунт Гамбир

На враќањето дома, се чувствував ужасно осамена, но сепак бев решена, повеќе од било кога порано, да направам сѐ што можам во делото на Царството. Набрзо се запознав со семејството Агњу — со Хју, неговата сопруга и нивните четири деца. Тие живееја во градот Милисент, оддалечен само 50 километри од Маунт Гамбир, така што патував по 50 километри натаму и назад, со коњ и двоколка, за да водам редовна библиска студија со нив. Кога тие ја прифатија вистината, мојата осаменост стана поподнослива.

За кратко време формиравме група за организирано сведочење. Тогаш, за среќа, мојата мајка почна да се интересира и ме придружуваше на кружното патување, долго 100 километри, на студија со новоформираната група. Оттогаш, мајка ми секогаш ме храбреше и ми помагаше, иако тоа беше неколку години пред да се крсти. Не бев повеќе осамена!

Нашата мала група даде четири пионери: трите девојчиња на Агњуеви — Кристл, Естел и Бети — и јас. Подоцна, во раните 1950-ти, сите три девојки ја посетија Библиската школа Гилеад на Стражарска кула. Тие беа доделени како мисионерки во Индија и Шри Ланка, каде што сѐ уште верно служат.

Во јануари 1941, активноста на Јеховините сведоци во Австралија беше забранета, па затоа бргу стапивме во акција. Сѐ што користевме во служба — литература, портабл–фонографи, снимени библиски предавања и слично — ставивме во еден голем лимен ковчег. Потоа, го ставивме ковчегот во една плевна и донесовме многу сено за да го закопаме.

И покрај забраната, продолживме со нашето проповедање од куќа до куќа, но внимателно користејќи ја само Библијата кога разговаравме со станарите. Списанијата и брошурите ги криев под седлото на мојот коњ, а ги вадев само кога ќе наидев на вистински интерес за веста на Царството. Конечно, во јуни 1943, забраната беше укината и повторно бевме во можност јавно да нудиме литература.

Нови доделби

Во 1943, се ставив на располагање како пионер, а веќе следната година го напуштив Маунт Гамбир и отидов на друга доделба. Како прво, бев повикана за кратко време да служам во подружницата на Друштвото во Стратфилд. После тоа, постепено добивав доделби во мали градови на југот од Нов јужен Велс и во западниот дел на Викторија. Меѓутоа, една од духовно најполезните доделби за мене беше доделбата во едно големо собрание во градот Мелбурн. Бидејќи потекнувам од мало гратче од внатрешноста, додека служев таму научив многу работи.

На доделбата во ниските предели на Гипсленд, во областа Викторија, со мојот пионер–партнер Хелен Крафорд водевме многу библиски студии и, за кратко време, видовме како се формира едно собрание. Таа област имаше големо селско подрачје и за превоз користевме еден стар, несигурен автомобил. Понекогаш и се возевме со него, но многу често го туркавме. Колку само ми фалеше еден коњ! Некогаш, искрено ќе кажев: „Би дала сѐ (освен Царството) за еден коњ!“ Во повеќето градови од таа област, денес има јаки собранија и убави Сали на Царството.

Во 1969 добив доделба во Канбера, главниот град на Австралија. Ова беше предизвикувачко и живописно место за сведочење, бидејќи честопати контактиравме со персоналот на многуте странски амбасади. Јас сѐ уште служам овде, но во последниве години моето сведочење го концентрирав на индустриската област од градот.

Во 1973 имав предност да присуствувам на големи конгреси во САД. Друга кулминација во мојот живот беше кога во 1979 бев конгресен делегат во Израел и Јордан и кога ги разгледував тие две земји. Посетата на денешните градови кои се спомнати во Библијата, како и размислувањето за настаните што се случиле таму, беше навистина едно возбудливо искуство. Имав прилика да доживеам како изгледа да се плови по Мртвото Море, по неговата густа солена вода и, за време на нашата посета на Петра во Јордан, повторно имав можност да јавам на коњ. Ова ме врати во времето на оние почетни денови кога коњите ми овозможуваа да ги достигнам со веста на Царството расфрланите и селските подрачја.

Продолжување со полновремената служба

Мојата желба да продолжам со полновремената служба и покрај староста, се одржуваше жива во мене преку таквите посебни подготовки како што се Школата за пионерска служба и пионерските состаноци одржувани во склоп на покраинските конгреси, како и постојаното охрабрување што го добивам од патувачките надгледници. Навистина можам да кажам дека Јехова љубезно ги водеше работите, така што деновите кога бев сама, денес се само минато.

Сега имам 87 години и, после околу 60-тина години служење на Јехова, имам еден охрабрувачки збор за другите кои можеби се исто така отворени и цврсто самостојни: Секогаш подложувајте се на Јеховиното водство. Јехова нека ни помогне да ја контролираме нашата отвореност и секогаш нека нѐ потсетува дека, иако можеби често се чувствуваме осамени, тој никогаш нема да нѐ напушти.

[Фуснота]

a Двоколката е лесно превозно средство со две тркала.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели