Годишен состанок
5 ОКТОМВРИ 1996 ГОДИНА
ГОДИШНИОТ состанок на членовите на Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула од Пенсилванија ќе се одржи на 5 октомври 1996 година во конгресната сала на Јеховините сведоци на 2932 Kennedy Boulevard, Џерси Сити (Њу Џерси). Уводниот состанок само за членовите, ќе биде свикан во 9.15 часот претпладне, а потоа во 10.00 часот ќе следи генералниот годишен состанок.
Членовите на корпорацијата треба веднаш да ја известат канцеларијата на секретарот за секоја промена во нивните поштенски адреси во текот на изминатата година за да можат редовните писма со известувања и ополномоштувања да стигнат во текот на јули.
Ополномоштувањата што ќе им бидат испратени на членовите, заедно со известувањето за годишниот состанок, треба да се вратат за да стигнат во канцеларијата на секретарот на Друштвото најдоцна до 1 август. Секој член треба веднаш да го пополни и да го врати своето ополномоштување и да наведе дали ќе биде лично присутен на состанокот или не. Податоците на секое ополномоштување треба да бидат јасни по тоа прашање, затоа што од тоа ќе зависи утврдувањето кој ќе биде лично присутен.
Се очекува целиот состанок, вклучувајќи ги формалниот деловен состанок и извештаите, да заврши до 13.00 часот или малку подоцна. Ќе нема попладневна програма. Поради ограничениот простор, влезот ќе биде можен само со влезници. Нема да се прават подготовки и други сали да бидат телефонски поврзани со годишниот состанок.