ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/7 стр. 21
  • Простување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Простување
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Што е мислено со тоа ‚да се предаде некој човек на Сатана за уништување на телото‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Годишен состанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Годишен состанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Исправно гледиште за тешкотиите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/7 стр. 21

Простување

Простувањето е постапка да му извиниш на некој престапник; да престанеш да чувствуваш огорченост спрема него поради неговата навреда и да се откажеш од секакво право на надоместување.

Јехова простува „во голема мера“ (Исаија 55:7, НС; Лука 15:11—32; Матеј 18:23—35). Па сепак, Јеховиното простување не е предизвикано од сентименталност, бидејќи тој не ги остава неказнети ноторните постапки (Псалм 98:8). Бог има еден задолжителен начин за барање и добивање негово простување. Лицето мора да го признае својот грев, да сфати дека тоа е престап против Бог, да го исповеда тоа безусловно, да има длабока искрена жалост за сторената грешка и да биде решено да се одврати од еден таков начин на постапување или навика (Псалм 31:5; 50:4; 1. Јованово 1:8, 9; 2. Коринтјаните 7:8—11). Тој мора да стори сѐ што може за да ја исправи грешката или направената штета (Матеј 5:23, 24). Потоа, мора да му се моли на Бог, барајќи простување на темел на Христовата откупна жртва (Ефесјаните 1:7). Освен тоа, христијанско барање е да им се простува на другите за личните престапи, без оглед на тоа колку пати биле направени (Лука 17:3, 4; Ефесјаните 4:32; Колосјаните 3:13). На оние кои одбиваат да им простат на другите, не им се нуди Божје простување (Матеј 6:14, 15). Меѓутоа, дури и кога сериозното престапување ќе доведе до истерување на „лошиот“ од христијанското собрание, на тоа лице може во свое време да му се прости, доколку докаже дека навистина се кае. Во тоа време, сите во собранието можат да ја потврдат својата љубов кон него (1. Коринтјаните 5:13; 2. Коринтјаните 2:6—11). Меѓутоа, од христијаните не се бара да им простат на оние кои практикуваат злобни, намерни гревови без покајание. Таквите стануваат Божји непријатели (Евреите 10:26—31; Псалм 138:21, 22).

Исправно е да молиме за Божје простување во полза на другите, па дури и на едно цело собрание (4. Мојсеева 14:19, 20; 3. Царства 8:30, 33—40, 46—52; 1. Ездра 9:13—10:4, 10—19, 44). Јаков го охрабрил духовно болниот да ги повика постарите мажи од собранието за да се молат над него, и „гревови, ако направил, ќе му се простат“ (Јаков 5:14—16). Меѓутоа, има „грев за смрт“, грев против светиот дух, намерно практикување грев, за кое нема простување. Христијанинот не треба да се моли за оние кои грешат на ваков начин (1. Јованово 5:16; Матеј 12:31; Евреите 10:26, 27).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели