ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/3 стр. 4-5
  • Фундаментализам — што е тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Фундаментализам — што е тоа?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Реакција на нашите времиња
  • Идентификување на фундаменталистот
  • Ширење на фундаментализмот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Подобар начин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Често поставувани прашања
    Разбудете се! 2010
  • Дали религијата е коренот на човечките проблеми?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/3 стр. 4-5

Фундаментализам — што е тоа?

КАДЕ започнал фундаментализмот? Кон крајот на минатиот век, либералните теолози ги менуваа своите верувања за да ги прилагодат на вишиот критицизам на Библијата и на научните теории како што е еволуцијата. Како последица на тоа, довербата на луѓето во Библијата беше разнишана. Конзервативните верски водачи во Соединетите Држави реагираа на тој начин што го воспоставија она кое тие го нарекоа темели на верата.a Во почетокот на XX век, тие издадоа една серија томови, наречена The Fundamentals: A Testimony to the Truth (Темели: Сведоштво за вистината) во која се изнесува дискусија за овие темели. Од овој наслов потекнува терминот „фундаментализам“.

Во првата половина од XX век, фундаментализмот одвреме-навреме беше тема број еден. На пример, во 1925 година религиозните фундаменталисти изведоа на суд еден наставник по име Џон Скопс од Тенеси (САД), и тој настан стана познат како Судењето на Скопс. Во што се состоеше неговиот злочин? Поучуваше за еволуција, што било против државниот закон. Во тоа време, некои веруваа дека фундаментализмот ќе биде краткотраен. Во 1926 година, протестантското списание Christian Century наведе дека фундаментализмот е „шуплив и вештачки“ и дека „потполно му недостасуваат особини на конструктивно достигнување или преживување“. Колку само погрешна проценка беше тоа!

Од 1970-тите па наваму, фундаментализмот постојано беше во фокусот на вестите. Професор Мирослав Волф од Фулеровиот теолошки семинар (Калифорнија, САД) вели: „Фундаментализмот не само што преживеа туку и доживеа процут“. Денес, зборот „фундаментализам“ се применува не само на протестантските движења туку и на оние во другите религии, како што се католицизмот, исламот, јудаизмот и хиндуизмот.

Реакција на нашите времиња

Зошто фундаментализмот се шири? Оние кои го проучуваат, тоа ѝ го припишуваат, барем делумно, на моралната и религиозната неизвесност на нашето време. Во поранешни времиња, повеќето општества живееја во атмосфера на морална сигурност, темелена на традиционалните верувања. Сега, тие верувања се доведени во прашање или се отфрлени. Многу интелектуалци тврдат дека нема Бог и дека човекот е сам во еден рамнодушен универзум. Многу научници учат дека човештвото е резултат на случајна еволуција, а не на постапките на еден Творец полн со љубов. Преовладува попустлив менталитет. Светот е измачуван поради загубата на моралните вредности на сите општествени нивоа (2. Тимотеј 3:4, 5, 13).

Фундаменталистите чезнеат по старата сигурност, а некои од нив се стремат дури своите заедници и нации да ги вратат назад на она за кое тие мислат дека се исправни морални и доктринарни темели. Прават сѐ што е во нивна моќ за да ги присилат другите да живеат според еден „исправен“ морален кодекс и систем на доктринарни верувања. Фундаменталистот е цврсто уверен дека тој е во право, а дека другите грешат. Во својата книга Fundamentalism, професор Џемс Бар вели дека фундаментализмот „честопати се смета за непријателски и презрив термин кој укажува на ограниченост, фанатизам, прикриеност и секташтво“.

Со оглед на тоа дека никој не сака да биде наречен ограничен, фанатик или секташ, сите не се согласни околу тоа кој е фундаменталист а кој не. Меѓутоа, постојат извесни аспекти кои го карактеризираат верскиот фундаментализам.

Идентификување на фундаменталистот

Верскиот фундаментализам обично претставува обид да се зачуваат оние за кои се верува дека се првобитни традиции или религиозни верувања на една култура и да се спротивстави на она што се смета за секуларен дух на светот. Тоа не значи дека фундаменталистите се противат на сѐ што е современо. Некои многу делотворно ја користат современата комуникација за да го унапредат своето гледиште. Но, се борат против секуларизацијата на општеството.b

Некои фундаменталисти се решени не само да ја зачуваат за себе традиционалната структура од доктрини или начинот на живот туку истите да им ги наметнат и на другите, да ги променат општествените структури за да се прилагодат на верувањата на фундаменталистите. Затоа, еден католички фундаменталист нема да се ограничи само на неодобрување на абортусот. Тој веројатно ќе врши притисок врз законодавците на својата земја да унапредуваат закони кои го прогласуваат абортусот за незаконски. Според весникот La Repubblica, за да се одобри закон против абортусот, Католичката црква во Полска водела „ ,војна‘ во која ја применила сета своја моќ и влијание“. На тој начин, црковните власти дејствувале многу слично на фундаменталистите. Протестантската Христијанска коалиција во Соединетите Држави води слични „војни“.

Пред сѐ, фундаменталистите се карактеризираат со своите длабоко вкоренети верски убедувања. Затоа, еден протестантски фундаменталист е убеден поборник на дословното толкување на Библијата, веројатно вклучувајќи го и верувањето дека Земјата била создадена за шест дословни дена. Еден католички фундаменталист нема никакви сомневања околу непогрешливоста на папата.

Затоа, разбирливо е зошто терминот „фундаментализам“ потсетува на неразумен фанатизам и зошто на оние, кои не се фундаменталисти, им е непријатно кога ќе видат како фундаментализмот се шири. Како поединци, можеби не се сложуваме со фундаменталистите и сме згрозени од нивните политички маневрирања и понекогаш насилнички постапки. Всушност, фундаменталистите од една религија можеби се грозат од постапките на оние од друга религија! Па сепак, многу луѓе кои размислуваат се загрижени поради работите кои го предизвикуваат ширењето на фундаментализмот — сѐ поголемата морална лабавост, губењето на верата и отфрлањето на духовноста во современото општество.

Дали фундаментализмот е единствената реакција на овие трендови? Ако не, која е алтернативата?

[Фусноти]

a Таканаречените Пет точки на фундаментализмот, дефинирани во 1895 година, беа: „1) потполна инспирираност и непогрешливост на Писмото; 2) божественост на Исуса Христа; 3) раѓање на Христа од девица; 4) Христов надоместувачки откуп на крстот; 5) Христово телесно воскресение, како и негово лично и телесно второ доаѓање на Земјата“ (Studi di teologia).

b „Секуларизација“ значи нагласување на световното, како спротивно на духовното или светото. Световното не се занимава со религија или со религиозни верувања.

[Истакната мисла на страница 5]

Во 1926 година, едно протестантско списание го опишало фундаментализмот како „шуплив и вештачки“ и како нешто на кое „потполно му недостасуваат особини на конструктивно достигнување или преживување“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели