Годишен состанок
1. ОКТОМВРИ 1994
ГОДИШНИОТ СОСТАНОК на членовите на Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania ќе се одржи на 1. октомври 1994 во конгресната сала на Јеховините сведоци на 2932 Kennedy Boulevard, Џерзи Сити (Њу Џерзи). Уводниот состанок, кој ќе се одржи само за членовите, ќе почне во 9.30 часот, а потоа во 10.00 часот ќе уследи редовниот годишен состанок.
Членовите на корпорацијата треба веднаш да ја известат канцеларијата на секретарот за секоја промена во нивните поштенски адреси во текот на изминатата година за да можат редовните писма со известувања и ополномоштувања да стигнат во текот на јули.
Ополномоштувањата кои ќе им бидат испратени на членовите, заедно со поканата за годишниот состанок, треба да се вратат за да стигнат во канцеларијата на секретарот на Друштвото најдоцна до 1. август. Секој член треба веднаш да го пополни и врати своето ополномоштување и да наведе дали ќе биде лично присутен на состанокот или не. Податоците на секое ополномоштување треба да бидат јасни по тоа прашање, зашто ќе се земат предвид при утврдувањето кој ќе биде лично присутен.
Се очекува целиот состанок, вклучувајќи го и вообичаениот деловен состанок и извештаите, да заврши до 13.00 часот или малку подоцна. Ќе нема попладневна програма. Поради ограничениот простор, влезот ќе биде можен само со влезници. Нема да се прават подготовки и други сали да бидат телефонски поврзани со годишниот состанок.