ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/7 стр. 24
  • Зрелост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зрелост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сличен материјал
  • Зрелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Простување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Што е мислено со тоа ‚да се предаде некој човек на Сатана за уништување на телото‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Годишен состанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/7 стр. 24

Зрелост

ЗРЕЛОСТА е состојба да се биде потполно возрасен, зрел, комплетен, како што е одредено со некое мерило. Библијата го обезбедува мерилото за утврдување на тоа што претставува духовната зрелост (комплетност). Според ова мерило, зрел е оној христијанин кој не е духовно бебе, честопати променлив и може лесно да заталка или да падне под влијание на другите во однос на доктрината (Ефесјаните 4:11—14). Со оглед на тоа што неговата моќ на согледување е школувана, тој може да разликува како исправно така и погрешно. Тој не треба да биде поучуван за основните работи (Евреите 5:11—6:2). Тој е воден, не според световна мудрост, туку според Божјиот дух (1. Коринтјаните 2:6, 10—13, NW, фусн.).

Библијата никогаш не зборува за степени или за фази на духовна зрелост или духовно полнолетство. Меѓутоа, токму како што едно лице откако ќе стане возрасно продолжува да расте во спознанието, искуството и проникливоста, на сличен начин продолжува да напредува и зрелиот христијанин. Испитите кои ги има можат да ја зајакнат неговата вера и истрајност. Ученикот Јаков напишал: „Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека ви биде совршена работа, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток“ (Јаков 1:2—4). Слично на тоа, како што возрасните ќе варираат во физичките аспекти и во умствените способности и таленти, така и зрелите христијани можат да варираат во извесни особини, некои да бидат забележливи во некој аспект, како на пример спознание, просудување, храброст или великодушност; други, пак, во друг. (Спореди 1. Коринтјаните 7:7; 12:4—11, 27—31.) На тој начин, при разгледувањето на зрелоста, потребно е да се земе предвид дека посебните способности или таленти не се работи кои одредуваат дали некој христијанин е зрел или не.

Целото собраниско уредување, со своите апостоли, пророци, евангелизатори, пастири и учители, служело за да произведе зрели христијани, духовно возрасни луѓе (Ефесјаните 4:11—14; спореди Колосјаните 1:28, 29; 4:12, 13). Тогаш, очигледно е дека оние кои служат како пастири и учители морале да бидат духовно зрели лица, а не бебиња. Меѓутоа, од оној кој е наименуван за надгледник или слуга помошник, се барало повеќе отколку само духовно полнолетство (1. Тимотеј 3:1—9, 12, 13; Тит 1:5—9). На пример, едно од барањата за еден надгледник било да биде ‚маж кој својата куќа добро ја управува и има деца послушни со полно достоинство‘ (1. Тимотеј 3:4). Значи, некој маж можел да биде зрел во извесни погледи од духовна гледна точка, но сепак, доколку неговите деца биле бунтовни или не можеле да се контролираат, тој не би се квалификувал за позиција на надгледник.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели