ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/11 стр. 4-7
  • Можеш да веруваш во рајска Земја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш да веруваш во рајска Земја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто сета таа збрка?
  • Што вели Библијата?
  • Дали материјалните работи сами по себе се зли?
  • Зошто некои одат на небото?
  • Првобитната намера на Бог ќе се оствари
  • Зошто некои се повторно родени
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Која е Божјата намера со Земјата?
    Што бара Бог од нас?
  • Зошто животот изгледа бесмислен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/11 стр. 4-7

Можеш да веруваш во рајска Земја

НИЗ историјата, милиони луѓе верувале дека ќе дојде време кога ќе ја напуштат Земјата и ќе одат на небото. Некои сметале дека нашиот Творец никогаш немал намера Земјата да биде наше трајно живеалиште. Аскетите отишле уште подалеку. За мнозина од нив, Земјата и сите материјални работи се зли — пречка за вистинското духовно исполнување и блискост со Бог.

Оние што ги развиле овие идеи или не биле свесни за она што Бог го кажал во врска со рајската Земја или избрале да го игнорираат. Всушност, денес многумина не се ни најмалку заинтересирани да испитаат што ги инспирирал Бог луѓето да запишат на оваа тема во неговата Реч, Библијата (2. Тимотеј 3:16, 17). Но, зарем не е мудро да имаме доверба во Божјата реч наместо да ги прифатиме теориите на луѓето? (Римјаните 3:4). Всушност, тоа е од пресудна важност, зашто Библијата нѐ предупредува дека едно моќно но невидливо духовно злобно суштество ги заслепило луѓето во духовна смисла и дека сега „ја заведува целата населена земја“ (Откровение 12:9; 2. Коринќаните 4:4).

Зошто сета таа збрка?

Противречните идеи за душата предизвикале луѓето да бидат збунети во врска со намерата на Бог со Земјата. Многумина веруваат дека имаме бесмртна душа — нешто одделно од човечкото тело што ја преживува смртта. Други веруваат дека душата постоела пред да биде создадено човечкото тело. Според едно дело, грчкиот филозоф Платон мислел дека душата „е затворена во телото како казна за гревовите што ги извршила кога била на небото“. Слично на тоа, Ориген, теолог од третиот век, рекол дека „душите згрешиле [на небото] пред да бидат соединети со некое тело“ и биле „затворени [во тоа тело на Земјата] како казна за нивните гревови“. А милиони веруваат дека Земјата е само некој вид пробен полигон за патувањето на човекот до небото.

Исто така има различни идеи и во врска со тоа што се случува со душата кога некој ќе умре. Според книгата History of Western Philosophy (Историја на западната филозофија), Египќаните го развиле гледиштето дека „душите на мртвите се спуштаат во подземјето“. Филозофите подоцна тврделе дека душите на мртвите не се симнуваат во мрачното подземје туку дека, всушност, се искачуваат во едно повисоко духовно подрачје. Се вели дека грчкиот филозоф Сократ сметал дека при смртта душата „заминува во [едно] невидливо подрачје . . . и дека го поминува остатокот од своето постоење заедно со боговите“.

Што вели Библијата?

Божјата инспирирана Реч, Библијата, никаде не вели дека луѓето имаат бесмртна душа. Самиот прочитај си го извештајот од Битие 2:7. Таму стои: „Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа“. Ова е јасно и недвосмислено. Кога Бог го создал првиот човек, Адам, не ставил некаков нематеријален елемент во него. Не, зашто Библијата вели дека „човекот стана жива душа“. Човекот не содржел душа. Тој бил душа.

Кога ги создал Земјата и човечкото семејство, Јехова никогаш немал намера човекот да умре. Божјата намера била луѓето да живеат во рајски услови на Земјата засекогаш. Адам умрел само затоа што не го послушал Божјиот закон (Битие 2:8, 15—17; 3:1—6; Исаија 45:18). Кога првиот човек умрел, дали отишол во некое духовно подрачје? Не! Тој — душата Адам — се вратил во неживиот прав од којшто бил и создаден (Битие 3:17—19).

Сите ние сме наследиле грев и смрт од нашиот прататко Адам (Римјаните 5:12). Оваа смрт е крај на нашето постоење, исто како што била и за Адам (Псалм 146:3, 4). Всушност, во сите 66 книги, Библијата никогаш не ги поврзува изразите „бесмртен“ или „вечен“ со зборот „душа“. Напротив, Библијата јасно кажува дека душата — личноста — е смртна. Душата умира (Проповедник 9:5, 10; Езекиел 18:4, ПСП).

Дали материјалните работи сами по себе се зли?

Но, што е со идејата дека материјалните работи, вклучувајќи ја и Земјата, се зли? Ова гледиште го застапувале приврзаниците на манихеизмот, религиозно движење основано во Персија во текот на третиот век н.е. од еден човек по име Мани. The New Encyclopædia Britannica вели: „Манихеизмот се појавил како резултат на маката што е неразделно поврзана со човекот“. Мани сметал дека е „неприродно, неподносливо и крајно зло“ да се биде човек. Исто така сметал дека единствениот начин да се избега од таа „мака“ е ако душата избега од телото, ја напушти Земјата и достигне духовно постоење во духовниот свет.

Спротивно на тоа, Библијата ни кажува дека ‚сѐ што направил‘ кога ги создавал Земјата и човекот за Бог било „многу добро“ (Битие 1:31). Во тоа време немало никаква пречка помеѓу луѓето и Бог. Адам и Ева имале близок однос со Јехова, исто како што и совршениот човек Исус Христос имал близок однос со својот небесен Татко (Матеј 3:17).

Ако нашите први родители, Адам и Ева, не тргнеле во правецот кој водел до грев, засекогаш ќе имале близок однос со Јехова на рајската Земја. Тие го започнале својот живот во Рај, зашто Библијата ни кажува: „Господ, Бог, насади градина на исток, во Еден, и таму го смести човекот, кого го обликува“ (Битие 2:8). Токму во таа рајска градина била создадена Ева. Ако Адам и Ева не згрешеле, тие и нивното совршено потомство ќе можеле среќно да работат заедно додека целата Земја не станела рај (Битие 2:21; 3:23, 24). Земниот Рај ќе им бил дом на луѓето засекогаш.

Зошто некои одат на небото?

‚Но‘, можеби ќе речеш, ‚Библијата зборува дека има луѓе што одат на небото, зарем не?‘ Да. Откако Адам згрешил, Јехова наумил да воспостави небесно Царство во кое некои од потомците на Адам ќе „владеат како цареви над земјата“ заедно со Исус Христос (Откровение 5:10; Римјаните 8:17). Тие требало да бидат воскреснати во бесмртен живот на небото. Нивниот конечен број е 144.000, а првите од нив биле верните ученици на Исус од првиот век (Лука 12:32; 1. Коринќаните 15:42—44; Откровение 14:1—5).

Меѓутоа, првобитната намера на Бог за праведните луѓе не била да ја напуштат Земјата и да одат на небото. Всушност, кога Исус бил на Земјата, рекол: „Никој не се качил на небото, освен оној кој слезе од небото, Синот човечки“ (Јован 3:13). Преку „Синот човечки“, Исус Христос, Бог обезбедил откупнина што го прави вечниот живот возможен за оние што практикуваат вера во жртвата на Исус (Римјаните 5:8). Но, каде ќе живеат милиони такви луѓе вечно?

Првобитната намера на Бог ќе се оствари

Иако Бог имал намера да земе некои од човечкото семејство да служат како совладетели со Исус Христос во небесното Царство, тоа не значи дека сите добри луѓе одат на небото. Јехова ја создал Земјата да биде рајски дом за човечкото семејство. Многу скоро, Бог ќе ја оствари таа првобитна намера (Матеј 6:9, 10).

Под владетелството на Исус Христос и неговите небесни совладетели, на целата Земја ќе преовладуваат мир и среќа (Псалм 37:9—11). Оние што се во сеќавањето на Бог ќе бидат воскреснати и ќе имаат совршено здравје (Дела 24:15). Затоа што му се верни на Бог, на послушните луѓе ќе им биде дадено она што нашите прародители го изгубиле — вечен живот во човечка совршеност на рајска Земја (Откровение 21:3, 4).

Јехова Бог никогаш не потфрла да го исполни она што го наумил. Преку својот пророк Исаија, тој рекол: „Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив“ (Исаија 55:10, 11).

Во библиската книга Исаија добиваме претслика на тоа каков ќе биде животот на рајската Земја. Ниеден жител на Рајот нема да каже: „Болен сум“ (Исаија 33:24). Животните нема да претставуваат опасност за човекот (Исаија 11:6—9). Луѓето ќе градат убави домови и ќе живеат во нив, ќе садат различни билки и ќе јадат до наситка (Исаија 65:21—25). Освен тоа, Бог „ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог ќе ја избрише секоја солза од секое лице“ (Исаија 25:8).

Наскоро послушното човештво ќе живее во такви прекрасни услови. ‚Ќе биде ослободено од ропството на распадливоста и ќе ја има славната слобода на Божјите деца‘ (Римјаните 8:21). Колку прекрасно ќе биде да се живее засекогаш во ветениот земен Рај! (Лука 23:43). И ти можеш да бидеш таму ако постапуваш во склад со точното спознание од Библијата и ако практикуваш вера во Јехова Бог и во Исус Христос. И можеш да бидеш уверен дека не е бесмислено да се верува во рајска Земја.

[Слика на страница 5]

Адам и Ева биле создадени да живеат засекогаш на рајска Земја

[Слики на страница 7]

Во земниот рај . . .

ќе градат куќи

ќе садат лозја

ќе бидат благословени од Јехова

[Извор на слика на страница 4]

U.S. Fish & Wildlife Service, Вашингтон (Д.К.), НАСА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели