Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1993 — „Божествена поука“
1 Сите 10.633 лица кои присуствуваа на Обласниот конгрес за 1992 „Светлоносци“ на подрачјето на поранешна Југославија, го зголемија своето ценење за предноста што служат како светлоносци во замрачен свет (2. Петр. 1:19). Колку беше возбудливо што 293 драги луѓе го симболизираа своето предание преку крштение во вода и се придружија на големата толпа на светлоносци! За да бидат делотворни, светлоносците треба да го имитираат и Величествениот Поучувач и Големиот Учител. Ние навистина имаме порака со „суштина“ (NW), а овогодишниот Обласен конгрес „Божествена поука“ ќе ни помогне да бидеме поделотворни во достигнувањето на срцата на луѓето со овие животоважни информации (Пс. 118:160; Мат. 28:20). Мисионерите ширум светот веќе прават подготовки да присуствуваат на овие конгреси во своите земји. Дали ти и твоето семејство правите слични планови? Зошто да не ги охрабрите вашите библиски ученици да присуствуваат на оваа богата духовна гозба?
2 Погрижи се своите подготовки за конгресот да ги направиш внимателно и во молитва за да можеш сите четири дена да бидеш таму и да уживаш во извонредната духовна програма, од песната на отворањето па до завршната молитва. Со љубов вклучи ги во своите планови оние на кои можеби им треба помош, особено новозаинтересираните, за да можат и тие да присуствуваат на секоја програмска точка (Гал. 6:10). Програмата започнува во четврток во 13:30, а завршува околу 17.00 часот. И во петок и во сабота програмата започува во 9.20, а завршува со песна и молитва околу 17.00 часот. Во недела претпладневната програма започнува во 9.20, а тој ден завршува околу 16.10 часот. Следниве информации ќе ви помогнат при подготовките.
3 Упатства во врска со сместувањето: По Службениот состанок за седмицата од 4. јануари, собранијата треба на огласната табла да го закачат писмото во врска со ноќевалишта на обласниот конгрес на кој собранието е доделено. Во писмото се напишани видовите на ноќевалиштата што се договорени за вашиот конгрес. Тоа може да биде приватно сместување или студентски домови со кои имаме договор. Твојата соработка со овие подготовки ќе ѝ помогне на конгресната организација во нејзините настојувања да обезбеди доволно соби за сместување за секого, по разумна цена.
4 Што би требало да сториш: Штом во собранието ќе се причита писмото од конгресниот одбор во врска со ноќевалиштата, а потоа се закачи на огласната табла, избери и пополни пријава за ноќевалиште и предај ја што порано на секретарот. Ако на собранието му се достави попис на хотели, можеш слободно да телефонираш во хотелот што ќе го избереш и да направиш резервација. Ако се претставиш како Јеховин сведок или како делегат кој ќе присуствува на конгресот на Стражарска кула, ќе можеш да ги користиш наведените цени кои во повеќето случаи се многу намалени.
5 Ако во некој хотел СЕ БАРА КАПАР за една ноќ за да ја задржиш собата, тогаш својот капар треба да го испратиш директно до хотелот ВЕДНАШ ШТОМ ќе резервираш соба. Ако хотелот не го добил твојот капар, резервацијата може да се поништи во секое време. ХОТЕЛИТЕ НЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ГИ ЧУВААТ СОБИТЕ БЕЗ КАПАР. Ако мораш да ја откажеш резервацијата, треба веднаш да го известиш хотелот за собата да им биде ставена на располагање на другите делегати.
6 Заеднички спални: Некои конгреси користат заеднички спални за да ги сместат сите присутни. Но, тоа е редок случај во нашата земја. Ако за некој конгрес е предвидено такво нешто, тогаш одборот на конгресот ќе ви испрати образец на кој можете да се пријавите. Оние на кои им треба сместување од таков вид, треба да ги следат упатствата од списокот што им е испратен на собранијата преку конгресот.
7 Посебни потреби: Оваа подготовка е само за примерни објавители, вклучувајќи ги и нивните деца кои се однесуваат примерно, а кои добиле одобрение од Службениот одбор на собранието. Подготовките за згрижување на лица со посебни потреби треба да ги направи собранието на кое му припаѓаат. Старешините и другите кои знаат за околностите на поединци, можат со љубов да укажат помош. Ова често бара од објавителите да ги земат во обѕир потребите на оние во полновремена служба, постарите, немоќните и можеби на некои други. Објавителите можат да ја прошират помошта така што ќе ги земат таквите со себе или ќе се погрижат за нивните потреби на други начини (Јак. 2:15-17; 1. Јов. 3:17, 18).
8 Се разбира дека Одделот за сместување ќе настојува да обезбеди прикладно сместување за објавителите со посебни потреби ако оние од собранието не можат да им помогнат. Овие објавители можат да разговараат за својата ситуација со собранискиот секретар. Секретарот треба да се консултира со Службениот одбор на собранието за да види дали е можно собранието да им помогне на тие поедници да се погрижат за сместување. Ако собранието не може да ја пружи потребната помош, секретарот може на таквите лица да им даде образец Барање за приватно сместување. Овој образец треба да го пополнат само оние со посебни потреби. Лицето кое го поднесува барањето треба да го исполни и да му го врати на секретарот кој ќе го провери дали е потполн, точен и да се потврдат околностите што ги одредуваат за приватно сместување. На празниот простор од образецот секретарот треба ВО ПОЕДИНОСТИ ДА ГИ ОБЈАСНИ околностите. Сето тоа треба да се направи доволно долго пред конгресот. Секретарот тогаш ќе го испрати формуларот до Одделот за сместување. Лицето кое ја поднесува молбата директно ќе биде известено за сместувањето.
9 Оние кои имаат посебни потреби НЕ треба да одат на конгресот и кога ќе пристигнат таму, да бараат соба, затоа што Одделот за сместување мора да ја има потврдата од Службениот одбор на собранието.
10 Приватното сместување е одвоено за оние кои би доживеале големи потешкотии кога таквото сместување не би било на располагање. Тоа не е наменето за оние кои можат да си дозволат хотелски соби, но сакаат бесплатни или евтини соби само за да заштедат пари. Не е исправно ни делегатите да сметаат на гостопримството на нашите браќа и да очекуваат да бидат сместени повеќе денови пред и после конгресот. Тие соби се обезбедени САМО за време на конгресот. Оние кои добиваат такво сместување треба да се погрижат тие и нивните деца да се однесуваат со почит спрема домот на нивниот домаќин и ништо да не оштетат, да не пребаруваат низ работите на домаќинот или да влегуваат во приватните простории од домот. Ако домаќините доживеат некакви потешкотии во врска со тоа, треба веднаш да го известат надгледникот за сместување на конгресот, а тој радо ќе помогне.
11 Делегати кои присуствуваат надвор од доделеното подрачје: Скоро во секој случај, местото кое ти е одредено е најблизу до твоето собрание. Бројот на седиштата, литературата, храната, сместувањето и.т.н. се темелат на претпоставката дека повеќето објавители ќе присуствуваат на конгресот на кој нивното собрание е доделено. Меѓутоа, ако од оправдана причина би присуствувал на друг конгрес каде што не си доделен и ти треба сместување, собранискиот секретар може преку Заедницата да ја дознае адресата на конгресната канцеларија. Тогаш можеш да ѝ пишеш на таа конгресна канцеларија и да побараш преноќиште.
12 Предавања за глувонеми: За жал, не сме во можност да организираме преведување за глувонеми, бидејќи немаме доволно кадар. Ги охрабруваме браќата и сестрите од собранијата кадешто има браќа и сестри кои се глувонеми да им прават забелешки за и тие да имаат радост од духовната храна која се пружа. Старешините можат да ги задолжат браќата и сестрите кои можат пола ден или цел ден да прават забелешки за тие браќа.
[Напомена до старешинството: Молиме, во текот на Службениот состанок во седмицата од 4. јануари прочитајте го писмото од Заедницата од 15. декември 1992 со конгресни задолженија. По состанокот, закачете го писмото и списокот на огласната табла. На тој начин сите собранија ќе ги добијат информациите во истата седмица. Собранискиот секретар би требало на следните Службени состаноци да води сметка за дописите и известувањата во врска со конгресот.]