ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/93 стр. 5
  • Одличната предност на службата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одличната предност на службата
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Сличен материјал
  • Искористувај ги најдобро што можеш нашите списанија
    Нашата служба за Царството 1995
  • „Сеење на семето за Царството“ при обиколките со списанија
    Нашата служба за Царството 1998
  • Зошто редовно да им носиме списанија на луѓето?
    Нашата служба за Царството 2014
  • Нуди ги списанијата во твојата служба
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 1993
km 1/93 стр. 5

Одличната предност на службата

1 Еден читател рече дека научил многу повеќе работи од вистинска вредност читајќи ги Стражарска кула и Разбудете се! отколку што научил во текот на шестгодишното факултетско школување. Не е невообичаено искрените читатели да дадат такви охрабрувачки изјави на ценење откако ги читале овие списанија само кратко време. Колкава предност е за нас што можеме редовно да ги споделуваме нашите списанија со оние кои навистина ги ценат!

2 Многу луѓе, иако имаат некаков интерес за вистината, не напредуваат до точката кога би прифатиле домашна библиска студија. Но нивниот интерес може да се негува ако некој редовно навраќа со секое ново издание на Стражарска кула и Разбудете се! Да, тоа што верно биле оставани списанија во обиколката со списанија помогнало луѓето да се двигнат и конечно да се согласат на редовна библиска студија.

3 Извлекуваме лична корист од обиколката со списанија ако прво ги прочитаме списанијата и ги забележиме конкретните мисли кои посебно ќе го интересираат секое лице од нашиот список.

4 Задржи на ум дека она што одредува дали треба да го вклучиш станаровото име во својот список за посети во обиколката со списанија е големината на неговиот интерес. Ако лицето покажува вистински интерес кога ги прима списанијата, можеш да му објасниш дека секои две седмици во нашите списанија се појавуваат истакнати статии и дека ќе ти биде драго да му ги врачуваш. Погрижи се редовно да го правиш тоа, користејќи ги приликите да разговараш со станарот за библиски теми. Уверени сме дека ќе уживаш во оваа одлична предност на службата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели