„Учејќи ги . . . сѐ што сум ви заповедал“
1 Правењето ученици вклучува поучување. Пред поединецот да стане Христов ученик, тој мора да биде научен ‚да пази сѐ‘ што Исус заповедал (Мат. 28:19, 20). Најдобриот начин на кој може да се оствари ова е преку домашна библиска студија.
2 Не е секогаш лесно да се започне со библиски студии. Ако ти е тешко да најдеш библиска студија, немој да се обесхрабруваш. За да се успее во започнувањето на библиски студии неопходни се одлучност и искрена желба да им се пренесе вистината на другите (Гал. 6:9).
3 Да се развие интерес: Твојот прв разговор може да предизвика само ограничен интерес. Зависно од околностите, на станарот можеш да му оставиш трактат, брошура или списание. Можеби ќе бидеш во состојба да ги употребиш за да започнеш домашна библиска студија. Ако станарот покажува натамошен интерес за пораката, можеш да го упатиш на друга прикладна публикација на некоја следна посета.
4 Подготовката е клучот за успех. Зошто однапред да не избереш библиски стихови кои се цитирани во трактатот, брошурата или списанието коешто планираш да го употребиш на твојата повторна посета? На тој начин ќе бидеш во состојба да ги поврзеш коментарите од публикацијата со разговорот. Дури можеби ќе имаш прилика да прочиташ еден или два пасуса директно од публикацијата.
5 Можеш да речеш:
◼ „Разговараме за некои информации во врска со едно впечатливо пророштво кое се исполнува токму сега.“ Прочитај Матеј 24:3, потоа поврзи ја сликата и коментарот од 24. страница од брошурата „Гледај!“. Сличен пристап може да се употреби кога се нуди трактатот Ќе преживее ли овој свет?
6 Кога еднаш ќе се распознае искрен интерес, треба да се следи без одлагање. Обиди се да навратиш по една седмица за последниот разговор сѐ уште да биде свеж во умот на станарот. Секојпат кога ќе навратиш, разгледај неколку пасуси од публикацијата што си ја оставил. Потоа, во прикладно време, можеш да ја воведеш книгата Живеј заскогаш, продолжувајќи со истата постапка.
7 Денес мора да се заврши уште многу работа во големата жетва што ја прорекол Исус (Мат. 9:37, 38). Додека продолжуваме да ги поучуваме оние со чесни срца, го имаме Исусовото зајакнувачко уверување дека ‚ќе биде со нас преку сите дни до свршетокот на светот‘.