Врати се да им помогнеш на луѓето да научат како да живеат засекогаш
1 Откако излезе книгата Живеј засекогаш, произведени се повеќе од 65 милиони примероци, на 115 јазици. Многумина кои сега се слуги на Јехова ги научиле основните вистини од Библијата со помош на ова одлично помагало. Овој и следниот месец, можеби ќе имаме прилика да го врачиме ова средство за проучување на Библијата или ќе сретнеме луѓе на нашето подрачје кои веќе го имаат.
2 Посета кај оние кои веќе ја имаат книгата: Некои објавители имале добри резултати кога го насочиле вниманието на Содржината и го прашале заинтересираното лице која тема посебно го интересира. Откако станарот ќе избере тема, предложи му да го прочита поглавјето од книгата пред следната посета.
3 Секогаш кога е можно, треба конкретно да се договориме за повторна посета. Пред да дојдеме повторно, ќе се подготвиме за да продискутираме неколку пасуси од поглавјето кое го избрал станарот. Ако не избрал, можеме да почнеме со дискусија на 1. поглавје. По разгледувањето на неколку пасуси, треба да поставиме прашање кое ќе се разгледува во следните неколку пасуси. Тоа ќе служи како скала за следната повторна посета кога ќе можеме да продолжиме со проучувањето на книгата Живеј засекогаш.
4 Секако, ако станарот има прашања, најдобро е тие прво да се земат во обѕир. Голема е веројатноста неговите прашања да се одговорени во книгата. Ако сме добро запознаени со содржината на книгата, ќе можеме да отвориме на соодветниот пасус и да го употребиме тој материјал за да одговориме на поставените прашања.
5 Посетување на оние кои зеле трактат: Можеби на станарот сме му оставиле примерок од трактатот Живот во мирољубивиот нов свет. Кога ќе го посетиме, можеме да ги дискутираме уводните пасуси од трактатот.
Ако станарот покажува вистински интерес, кога ќе дојдеме до крајот на првиот пасус од 3. страница, каде што е цитиран Псалм 37:29 („ДК“), можеме да речеме:
◼ „Овие зборови истакнуваат што се разгледува во оваа публикација, Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Забележете ја мислата овде во 3. пасус од 1. поглавје под насловот ‚Зошто можеме да веруваме‘.“ Потоа можеме да го прочитаме 3. пасус, да го поставиме отпечатеното прашање и на истиот начин да продолжиме со 4. и 5. пасус. Потоа можеме да речеме: „Зошто денес условите се толку неускладени со Божјите намери? Следните неколку пасуси го објаснуваат тоа, па би сакал следната седмица да дојдам повторно во исто време и да ви одговорам на тоа прашање“. Ако станарот покажал вистински интерес, можеби во тој момент ќе сакаме да му ја понудиме книгата. Или можеби ќе одлучиме да го сториме тоа на крајот од нашата следна дискусија.
6 За да ја понудиме книгата „Живеј засекогаш“, можеме да речеме:
◼ „Сигурен сум дека сакате да имате свој примерок од оваа публикација. Тогаш би можеле преходно да прочитате и така повеќе да извлечете од нашата следна дискусија.“ Ако станарот се согласи да ја земе книгата, можеме да речеме: „Ова дело се потпира со доброволни донации. Ако сакате да приложите за светското дело на Јеховините сведоци, можете да го сторите тоа“.
7 Повторното доаѓање да им се помогне на луѓето да научат како да живеат засекогаш е мошне важно дело. Исус ги подучувал своите следбеници да ги учат другите за она што самите биле научени. Ние се молиме Јехова да испрати повеќе работници. Затоа, да го дадеме својот дел во пронаоѓањето на заинтересираните и да ги учиме да ни бидат соработници во жетвата (Мат. 9:37; 28:19, 20).