Прославување на смртта која пружа надеж за вечен живот
1 По зајдисонце на 6. април 1993 ќе ја прославиме смртта на Главниот Посредник на животот (Дела 3:15). Навистина, сосем е прикладно да го држиме споменот на животот и смртта на Исус Христос. Самата наша надеж дека ќе живееме засекогаш почива на Исусовата пролиена крв.
2 Споменот го подвлекува значењето на смртта на Христос во исполнувањето на Јеховината намера. Таа намера го вклучува обезбедувањето на совршена човечка жртва која била потребна да се откупи Адамовото потомство и на тој начин да им се овозможи на милијарди луѓе да покажуваат вера и да живеат засекогаш на рајска Земја (Јован 3:16).
3 Сите љубители на вистината и животот со радост очекуваат да ја прослават Господовата Вечера во знак на послушност на Исусовата заповед (Лука 22:19). Што можеме да сториме ние лично за да го покажеме своето ценење за тоа што била обезбедена Христовата откупна жртва? Во знак на признавање на значењето на оваа прослава, многу е важна добрата организација. Кои подготовки ги правите за овој посебен настан?
4 Неопходна е претходна подготовка: Се разбира, ние ќе се потрудиме да биде присутен секој член на семејството. Исто така, треба душевно да се подготвиме така што ќе читаме и длабоко ќе размислуваме за библиските одломки кои се забележени на Календарот 1993 од 1-6. април. Би било прикладно да вклучиме информации за значењето на Споменот во нашата лична и семејна студија, непосредно пред 6. април. Планирај да стигнеш порано и малку да останеш после Спомен-прославата за да бидеш во состојба да им изразиш добредојде на новите кои можеби присуствуваат за првпат.
5 Во седмиците пред Споменот, покани ги на оваа прослава сите интересенти кои ги знаеш. Во собраниската годишна пратка на формулари ќе бидат вклучени и отпечатени покани. Кога ги користиш, сети се да ги информираш интересентите за адресата и за времето на месната прослава. Подготви список на оние кои сакаш да ги поканиш. Дали сите кои сакаат да присуствуваат имаат превоз? Ако не, што можеш да сториш за да им помогнеш? Ако имаш вишок место во твојот автомобил, зошто да не ги прашаш старешините дали на некого му треба превоз?
6 Бидејќи ова е најважната прослава во годината и се очекува поголема посетеност, старешините ќе треба претходно да направат посебни подготовки (1. Кор. 14:40). Околу една седмица пред 6. април, старешините ќе договорат посебен состанок со браќата кои ќе помагаат на прославата и при тоа ќе проверат дали ги разбрале подготовките за седење и како треба да се пренесат симболите. Ако си одреден да помагаш во текот на прославата како редар или послужител, не заборави точно да ги следиш упатствата на старешините во врска со овие работи. Со тоа што ќе ги проверат потсетниците во рамката на 7. страница, старешините ќе можат да се уверат дека доволно однапред се погрижиле за сите подготовки за редари, послужители, симболи и говорник.
7 Денес, на Земјата останал само мал број Христови браќа и, не во така далечна иднина, прославувањето на Господовата Вечера ќе престане (1. Кор. 11:25, 26). Сѐ додека имаме предност да го правиме тоа, прикладно да ја славиме смртта која пружа надеж за вечен живот.