Сети се да ги користиш брошурите
Кога сведочиш од куќа до куќа или неформално, разговорот често се насочува на тема што е обработена во некоја од нашите привлечни брошури. Секој треба особено да го има тоа на ум додека во текот на април и мај нуди Стражарска кула и Разбудете се!. Ако секојпат имаш неколку различни брошури покрај списанијата што ќе ги нудиш во службата, ќе бидеш опремен да го понудиш токму она што е потребно за да се даде делотворно сведоштво. Во април и мај, чувствувај се слободен да употребиш која било брошура (освен брошурата Училиште) заедно или покрај списанијата што ќе ги нудиш. (Спореди Изреки 15:23, ДК.)