Да им проповедаме на „најразлични луѓе“
1. Во која смисла еден добар проповедник е како еден добар мајстор?
1 Еден добар мајстор има многу алатки и знае кога и како да ја користи секоја од нив. Слично, и ние имаме разни алатки кои ни помагаат во проповедањето. На пример, имаме брошури на најразлични теми кои ни помагаат да им ја проповедаме добрата вест на „најразлични луѓе“ (1. Кор. 9:22, фус.). Во додатокот од овој број на Нашата служба за Царството се наведени некои од тие брошури. Во него е објаснето за кого е наменета секоја од нив и има предлози како да ги нудиме.
2. Кога можеме да ги нудиме брошурите во служба?
2 Кога да ги користиме брошурите: Мајсторот користи една алатка кога знае дека со неа ќе ја заврши работата. Слично на тоа, и ние можеме да понудиме брошура секогаш кога сметаме дека со неа ќе му помогнеме некому, а не само во месеците кога е на ред да се нуди. На пример, ако во месецот се нуди книгата Што учи Библијата, а на подрачјето наидеме на некој што не е христијанин и не се интересира многу за Библијата, можеби би било добро да му понудиме некоја соодветна брошура, а потоа, ако се заинтересира, да продолжиме со книгата.
3. Зошто треба да научиме вешто да ги користиме нашите алатки во службата?
3 Библијата зборува пофално за оние што вешто ја извршуваат својата работа (Изр. 22:29). Се разбира, ниту една работа денес не е поважна од „светото дело на проповедање на Божјата добра вест“ (Рим. 15:16). За да бидеме ‚работници кои нема од што да се срамат‘, да се трудиме вешто да ги користиме нашите алатки (2. Тим. 2:15).