Прашања
◼ Како треба да се гледа на служењето како помошен пионер?
На служењето како помошен пионер треба да се гледа и како на предност и како на сериозна одговорност. Десетици илјади објавители секој месец се пријавуваат да служат како помошни пионери, а некои тоа го прават постојано. Ги пофалуваме овие ревни објавители на кои околностите им дозволуваат секој месец да ги поминат бараните 60 часа во службата на проповедање и така да служат како помошни пионери. Старешините, како и другите, треба да ги охрабруваат објавителите кои се пријавиле за помошна пионерска служба да ја сфатат нивната задача сериозно и да ја избегнуваат секоја склоност кон лежерен став.
Како општите пионери така и оние кои доброволно работат како помошни пионери еден или повеќе месеци треба прво да го пресметаат трошокот (Лука 14:28). Во тоа е вклучено, однапред да одредат дали можат разумно да очекуваат да го поминат бараното време во службата на проповедање без да ги занемарат другите христијански одговорности. Одлуката да се пријави за помошен пионер поединецот треба да ја донесе откако во молитва ќе ги разгледа своите лични околности, а не затоа што другите се пријавуваат. Тоа треба да биде промислена одлука проследена со напишан план за исполнување на барањата. Важно е молбата внимателно да се прочита и човек во срцето да заклучи дека чесно може да каже ‚да‘ на она што се бара.
Се разбира, во тоа се вклучени и додатни напори. Извесни месеци во годината се доста прикладни за да се биде „интензивно окупиран“ (NW) со проповедањето на добрата вест (Дела 18:5). Меѓу нив е сезоната на Споменот во март и април и месеците кога покраинскиот надгледник го посетува собранието. Многу објавители радо се дисциплинирале да следат на некој начин строг план за да имаат додатен удел во делото на проповедање во текот на овие периоди на посебна активност, сфаќајќи дека богати благослови често произлегуваат од неа (2. Кор. 9:6). Многу објавители прават посебни напори да бидат пионери во текот на месеците на одмори или во кој било месец во годината кој има пет цели викенди. Но, кога се пријавуваат ја сфаќаат потребата да се придржуваат кон начелото „зборот ваш да биде: да, да“ така што прават сѐ што можат за да известат 60 или повеќе часа во месеците кога служат како помошни пионери (Мат. 5:37).
Објавителите кои можеби не се во состојба да бидат пионери можат да помогнат така што ќе се стават на располагање да работат со помошните пионери и точно ќе се договорат со нив. Кога е можно, од корист е ако подолго се остане во службата со пионерите. Пионерите посебно ќе ценат ако имаат поддршка од другите објавители рано претпладне, доцна попладне и во раните вечерни часови. На помошните пионери им е драго кога се повикани да работат со другите во правење на повторни посети и започнување на домашни библиски студии. Оние кои можат на тој начин да ги поддржуваат помошните пионери сигурно ќе пожнеат поголема среќа која произлегува од давањето (Дела 20:35).
Марливоста од страна на многуте помошни пионери многу се цени. Оние кои можат да им се придружат можат да очекуваат богати благослови (Изр. 10:4). Кога ќе можеш следнот пат да ја делиш радоста на зголемена активност како помошен пионер?