Биди редовен во службата на подрачјето
1 Дали преземаме позитивни чекори редовно да учествуваме во службата на подрачјето? Дали марливо гледаме секој месец навреме да го предадеме во Царската сала својот извештај од службата на проповедање? Тоа е нешто што секој од нас треба да настојува да го стори и никогаш да не пропушти да помине месец а тој да не даде некаква јавна изјава за својата вера (Рим. 10:9, 10).
2 Освен што самите сме редовни, ние сакаме да бидеме будни за да им помогнеме на другите редовно да учествуваат во службата на подрачјето (Фил. 2:4). Како можеме да го сториме тоа? Можеме да го поканиме некрстениот објавител кој штотуку започнал со службата да работи со нас. Еден доследен план за службата ќе им помогне да ја задржат вистината цврсто вградена во своите срца.
3 Биди редовен во службата на подрачјето. верно предавај го секој месец својот извештај за службата на проповедање. Помагај им на другите редовно да учествуваат во службата. Покажи „љубов кон целото братство“ (1. Петр. 2:17, NW).