Рубрика прашања
◼ Зошто треба секој месец навреме да даваме извештај за нашата активност во службата на подрачјето?
Сите ние чувствуваме радост кога слушаме за добрите работи кои се постигнуваат во проповедањето на пораката за Царството. (Види Изреки 25:25.) Дела 2:41 (НС) известува дека после возбудливиот говор на Петар, на ден Пентакост ‚се приклучиле околу три илјади души‘. После кратко време, тој број пораснал „до пет илјади“ (Дела 4:4). Колку мора да биле разведрувачки овие извештаи за христијаните од првиот век! Ние реагираме на ист начин на охрабрувачките извештаи денес. Одушевени сме кога слушаме за успехот на кој се радуваат нашите браќа во проповедањето на добрата вест ширум светот.
Со оглед на тоа што во составувањето на таквите извештаи е вклучено многу време и напор, неопходна е соработка од секој објавител на Царството. Дали внимаваш на тоа секој месец навреме да го предадеш својот извештај?
Извештаите за порастите ни донесуваат голема радост. Освен тоа, извештаите ѝ помагаат на Заедницата да го следи напредокот на делото ширум светот. Мора да се донесат одлуки во врска со тоа каде можеби е потребна поголема помош или, пак, за видот и количината на литературата што треба да се произведе. Старешините во секое собрание ги користат извештаите од службата на подрачјето за да одредат каде може да се направат подобрувања. Добрите извештаи се изградувачки, нѐ мотивираат сите нас да ја испитаме нашата сопствена служба за можни подобрувања.
Сите објавители треба да ја признаат својата лична одговорност секој месец навреме да го предаваат извештајот за службата на подрачјето. Водителите на Собраниска студија на книга се во добра позиција да ги потсетат објавителите за оваа одговорност, со оглед на тоа што и тие се будни за да им дадат лична помош на оние кои можеби имаат некоја тешкотија редовно да учествуваат во службата на подрачјето секој месец. Овој потсетник би можел да се дава на последната студија на книга во месецот или во друго прикладно време. Ако не постои можност да се предадат извештаите за служба на подрачјето во Салата на Царството, тогаш водителот на Собраниската студија на книга може да ги собере и да се погрижи навреме да му бидат предадени на секретарот за да бидат вклучени во редовниот собраниски месечен извештај до Заедницата.
Нашата трудољубивост навреме да ја известиме верно нашата активност во службата на подрачјето, им го олеснува товарот на оние кои се одговорни за нашата духовна благосостојба.