Повторно доаѓање за да се поттикне интересот за Библијата
1 Понекогаш, во службата на подрачјето среќаваме луѓе кои покажуваат некаков интерес за добрата вест, но премногу се зафатени за да разговараат со нас во моментот кога сме ги посетиле. Дали се обидуваме да дојдеме во друго време за да ја споделиме со нив пораката на Царството? Или, можеби сме воделе интересен разговор со станарот, но тој не прифатил никаква литература? Дали навраќаме повторно за понатаму да разговараме со него за вистината?
2 Важно е темелно да го обработиме своето подрачје и да го следиме секој интерес кој можеби сме го нашле. Дали правиме повторни посети само кај оние кои прифатиле книга или списанија? Ако е така, може да испуштиме од вид некои заинтересирани луѓе. Ние никако не сакаме да досудиме дека некој е недостоен за натамошно духовно охрабрување само затоа што не прифатил литература. (Спореди Римјаните 14:4.) Можеби после нашата посета, станарот размислува за она што сме го рекле или почнува да ги цени напорите што сме ги направиле за да го посетиме. Тој може да биде поповолно настроен кога ќе дојдеме повторно.
3 Кога доаѓаш повторно кај лице кое било зафатено, можеш да речеш:
◼ „Драго ми е што ве гледам повторно. Кога последниот пат бев овде, не можевме да разговараме затоа што немавте време. Гледам дека сте зафатен човек, па ќе бидам краток. Веројатно сте заинтересирани за своето и за доброто здравје на оние кои ги сакате. Дали ви е познато дека Бог ветил да им стави крај на сите болести? Зар тоа нема да биде прекрасно? [Дозволи одговор.] Забележете ја мислата од пасус 4 од оваа брошура со наслов Гледај! Сѐ ново создавам!“ Ако дозволува времето, прочитај го пасусот, а потоа разгледај еден од стиховите на дното од страница 4 кои ги опишуваат условите во новиот свет. Ако станарот е приемлив, можеби ќе бидеш во состојба да започнеш домашна библиска студија.
4 Кога повторно посетуваш некого кој зел трактат, можеш да речеш нешто слично на ова:
◼ „Последниот пат кога се видовме, зедовте примерок од овој трактат со наслов Кој навистина владее со светот? Дали сметате дека е тешко да се признае дека Сатана владее со светот? [Дозволи одговор.] Забележете го првиот пасус на страница 6.“ Прочитај го пасусот, а потоа прашај: „Зошто Сатана сака да нѐ заведе?“ Откако станарот ќе одговори, заедно разгледајте го четвртиот пасус на страница 3. Можеш да продолжиш со темелно разгледување на трактатот или, ако имаш намера, можеш да ја воведеш брошурата Гледај! Сѐ ново создавам! и да го разгледаш пасус 48 на страница 25.
5 Постои добра причина да се биде позитивен и да се следи интересот што сме го нашле во нашето проповедничко дело, дури и ако е покажан во ограничена мера. Важно е да се грижиме за другите, да сме мотивирани да им помагаме да ја запознаат вистината. Јеховината организација дава литература и предложени понуди кои можат да ни помогнат да ги направиме другите свесни за нивните духовни потреби (Мат. 5:3).
6 Ако си водел угоден разговор со некој кој барем малку е заинтересиран, не занемарувај да навратиш за да го негуваш интересот. Така може да започнеш домашна библиска студија и да доведеш некого на патот на животот. Ги охрабруваме сите да продолжат совесно да учествуваат во ова животоспасувачко дело (1. Тим. 4:16).