Да го поздравиме Јеховиниот првороден!
1 Во недела, на 9. низан 33. н. е, големо мноштво со палмови гранки во рацете го поздравувало Јеховиниот првороден Син, Господ Исус Христос, како „Оној кој доаѓа како Цар во Јеховино име!“ (Лука 19:38, НС; Евр. 1:6). Во понеделник и вторник, 10. и 11. низан, Исус бил посебно зафатен со својата јавна служба со што тие последни денови се вброиле меѓу најактивните денови од неговиот земски живот.
2 Денес, едно уште поголемо мноштво со симболични палмови гранки во рацете извикува со силен глас: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Агнецот!“ (Откровение 7:9, 10). На 26. март ќе се состанеме да го прославиме Споменот на Христовата смрт. Додека се приближува тој датум, можеме ли да ги зголемиме нашите напори во службата и така да го засилиме овој глобален извик на фалба?
3 Да ја зголемиме активноста на подрачјето: Многу објавители веќе се имаат пријавено за помошни пионери во март. Ќе сакаш ли да им се придружиш? Ако да, предај молба без одлагање. Некој од старешините со задоволство ќе ти одговори на секое прашање околу тоа.
4 Сеедно дали можеш да служиш како помошен пионер или не, ќе сакаш да имаш целосен удел во службата во текот на март. Собранието можеби ќе биде во состојба да организира групно сведочење секој ден во текот на месецот. За таа цел треба да бидат одвоени доволно подрачја.
5 Сите собранија треба да организираат посебен состанок за служба на проповедање за сабота, 26. март. Иако има многу работа околу подготвувањето за Споменот, се препорачува секој кој е во состојба да се вклучи во службата на проповедање во сабота наутро. Покрај тоа што ќе работиш од куќа до куќа, провери дали оние кои се поканети на Споменот имаат превоз и дали точно знаат каде и во кое време е состанокот.
6 Покани и охрабри и други: Исус им заповедал на своите следбеници: „Правете го ова за спомен Мој!“ (1. Кор. 11:24). Додека Исусовите помазани следбеници кои го следат во чекор ја исполнуваат оваа заповед, секој слуга на Јехова е поканет да присуствува и да ја следи прославата на Споменот. Меѓу другите треба да ги поканите библиските ученици, роднините, оние со кои сте воделе библиски дискусии, сопружниците кои не се верници и деловните познаници. Направете список за никој да не биде испуштен.
7 Додатни прилики за охрабрување на заинтересираните луѓе ќе има на самиот Спомен. Погрижи се да дојдеш порано за да можеш да ги поздравиш новите кои присуствуваат првпат. Ако присуствуваат повеќе твои библиски ученици, ќе биде практично друг објавител да седи со некои од нив во текот на состанокот. Покани ги новодојдените да присуствуваат на собранискиот редовен Состанок за јавност. Старешината кој е избран да го одржи јавното предавање треба да биде добро подготвен за да изнесе подбудувачки говор.
8 На крајот на прославата на Споменот, додека ги здружуваме гласовите во песната 105, „Поздравете го Јеховиниот првороден“, нека бидеме во состојба со задоволство да погледнеме наназад на месец исполнет со ревна теократска активност на Јеховина фалба!