Помогни им да постапуваат во склад со пораката
1 Нашето проповедничко дело им дава на луѓето прилика да ‚ги чујат зборовите на пророштвото‘ на Откровение (Откр. 1:3). Но, ако сакаат да ја преживеат ‚големата неволја‘ (НС), мораат и да постапуваат во склад со нив (Откр. 7:14). Во прашање се животи! Затоа не заборави да дојдеш повторно кај оние кои на почетокот покажале интерес за една од презентациите што си ги употребил овој месец.
2 Ако си ја оставил книгата „Откровение“, можеш да речеш:
◼ „Драго ми е што ве гледам повторно. Последниот пат кога зборувавме, расправавме за едно од пророштвата од книгата Откровение и јас ви оставив една публикација што го објаснува. Веројатно сте забележале дека Откровението, иако е прилично длабока книга, може да се разбере во светлото на денешните збиднувања со применување на повеќе темелни библиски вистини. Би сакал за неколку минути да истакнеме неколку работи што ни ги кажува Библијата за нашето време.“ Потоа отвори една соодветна публикација што ќе ја употребиш за започнување на домашна библиска студија.
3 Ако си го оставил трактатот „Ќе преживее ли овој свет?“ на првата посета, можеш да речеш нешто слично на ова:
◼ „Драго ми е што ве најдов дома денес. Кога ве посетив неодамна, зборувавме за настани кои сочинуваат знак кој ќе се појави пред самиот крај на светот. [Повтори соодветни аспекти на знакот од Матеј 24:3-14.] Сте забележале ли некој настан кој се случил сега скоро во светот или во нашето место, за кој мислите дека може да биде исполнување на дел од тој знак?“ Користејќи ги илустрациите од 16. поглавје од книгата Откровение, коментирај го исполнувањето на некои од овие библиски пророштва. При крајот на посетата, спомени го насловот на јавното предавање за таа седмица и покани го да ти се придружи во Салата на Царството.
4 Ако си го поканил станарот на Споменот, речи му:
◼ „Кога ве посетив последниот пат, зборувавме колку е значајна Исусовата смрт за човештвото. Исто така ве поканив на Споменот на неговата смрт што ќе го одржат христијаните ширум светот на 26. март. Денес дојдов да ве потсетам дека сте поканети на тој значаен настан. [Наведи го времето и местото на прославата.] Можеби ќе ви помогне да го сфатите значењето на приликата ако разгледаме некои од благословите што сега ги уживаме како разултат на она што го направил Исус за човештвото, како и благословите што допрва ќе дојдат.“ Потоа настојувај да разгледате прикладни точки од една од најновите списанија или од 41. поглавје од книгата Откровение. Можеш исто така да ги истакнеш илустрациите од 294, 299. и 308. страница. Ако е можно, направи подготовки за да му помогнеш на интересентот да присуствува на Споменот.
5 Ако е лицето само поволно настроен слушател, следново би можело да биде делотворно:
◼ „Мошне уживав во нашиот неодамнешен разговор за Библијата. Дојдов повторно бидејќи сакав да видите што ветил Бог за оние кои сакаат да научат повеќе за него.“ Прочитај Јован 17:3, а потоа осврни се на трактатот Живот во мирољубивиот нов свет.
6 Нека твојата љубов кон животот и ценењето за откупнината те поттикнат да правиш повторни посети кај заинтересираните. Помогни им да постапуваат во склад со возбудливата порака од Откровение. Запомни, „времето е блиску“! (Откр. 1:3).